ЦАРИНИЦИ ОТКРИЛЕ НАКИТ СКРИЕН ВО ЕЛЕК НА ПАТНИК НА РЕЛАЦИЈА ИСТАНБУЛ-ГОСТИВАР, запленет златен и сребрен накит со вредност над 9.000 евра

Царинските службеници на граничниот премин Богородица запленија 110,2 грама златен накит и 1,7 килограми сребрен накит со вкупна вредност од 563.735 денари, откриени кај еден патник кој патувал на релација Истанбул-Гостивар. Царинската управа соопшти дека со ова е спречен обид за избегнување увозни давачки во износ од 148.308 денари. Против лицето ќе биде поднесена кривична […]

ОД ПОЛНОЌ ПОЕВТИНУВААТ ГОРИВАТА

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77,5 денари […]

ЕЦБ: Потрошувачите во еврозоната очекуваат повисока инфлација во следните три години

Потрошувачите во еврозоната очекуваат просечната инфлација во следните три години да биде 2,4 отсто, додека во истражувањето во јуни процентот изнесуваше 2,3, се наведува во заклучокот од истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) за јули. Инфлациските очекувања за следните 12 месеци се непроменети бидејќи потрошувачите очекуваат инфлација од 2,8 отсто, исто како и во јуни. […]

СТРУМИЦА Е ПРВ ГРАД НА БАЛКАНОТ СО ЦЕЛОСНО „ЗЕЛЕН“ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ, Општината набави десет електрични автобуси за јавен превоз

Струмица ќе биде прв град на Балканот со електрифициран јавен градски превоз во корелација со Европскиот зелен договор, најави денеска струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов при преземањето на клучевите од десетте електрични автобуси во кругот на Аутомакедонија во Скопје. Автобусите моментно се во фаза на процедурата за царинење, регистрација и осигурување и се очекува од 1 […]

КОЈ ЌЕ ИЗНАЈМУВА СТАН НА ТУРИСТИ, ЌЕ ТРЕБА ДА ГИ ПРАША СОСЕДИТЕ, Хрватска најави казни до 10.000 евра за сопствениците на станови за краткорочен наем

Владата на Република Хрватска предложи Закон за управување и одржување на зградите, а најголемата новина се однесува на начинот на изнајмување на апартманите на туристите. Во еден од членовите се определува сопственикот на станот кој сака да го користи за краткорочно изнајмување, односно за издавање под кирија за работници или туристи, потребна е претходна писмена […]

АД ЕСМ ДОБИ НОВ ДИРЕКТОР И НОВ УПРАВЕН ОДБОР

Лaзо Узунчев, дипломиран машински инженер со претходно долгогодишно работно искуство на менаџерски позиции во приватниот сектор, е именуван за претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕСМ од Надзорниот одбор на АД ЕСМ, по препорака на Владата. Како што соопшти денеска владината прес-служба, во состав на новиот Управен одбор на компанијата во државна […]

ТУРЦИЈА ОСТВАРИ МЕСЕЧЕН РЕКОРД НА СТРАНСКИ ТУРИСТИ, зголемен број на гостите има од Германија, Британија, Полска и Иран

Турција оствари најголем месечен прилив на туристички посети и во јули бројот странски гости достигна 7,3 милиони, што е за 2,6 отсто повеќе од истиот месец лани. Ова е рекорден број на туристички посети на месечно ниво, објави денеска Министерството за култура и туризам на Турција. Минатиот месец бројот на туристи од Германија порасна за […]

СЛОВЕНЦИТЕ ЈА НАДМИНАА ГРАНИЦАТА ЗА ПЛАТИ ОД 1.500 ЕВРА, енергетичарите во Словенија со највисоки плати

Просечната нето плата во Словенија во јуни се искачи над 1.500 евра, објави Заводот за статистика на земјата. Во однос на мај словенечката просечна нето плата номинално порасна за еден отсто односно на 1.501,97 евра, а реално за 0,6 отсто. Платите во Словенија се повисоки за 2,6 отсто во однос на јуни 2023 година, пренесува […]

КИНА ГРАДИ ПЕТ НОВИ НУКЛЕАРНИ ЦЕНТРАЛИ, Пекинг брзо ја засилува својата програма за производство на зелена нуклеарна енергија

Кинеската влада одобри изградба на пет нови нуклеарни централи со вкупно 11 реактори, за кои ќе бидат издвоени стотици милијарди јуани. Новите нуклеарни реактори ќе бидат различни типови на реактори од трета и четврта генерација, а вкупната проценета вредност е околу 240 милијарди јуани или 300 милијарди евра, пренесува „Бизнис.ба“. Изградбата на нуклеарни реактори во […]

ВО КОИ ЗЕМЈИ НОВОДИПЛОМИРАНИТЕ НАЈБРЗО СЕ ВРАБОТУВААТ? во ЕУ забележан е пораст на стапката на вработеност на неодамна дипломираните студенти

Во 2023 година во Европската Унија биле вработени 83,5 отсто од неодамна дипломираните студенти, што претставува зголемување од 1,1 процентен поен (п.п.) во однос на 2022 година (82,4 отсто). Во категоријата „неодамна дипломирани“ се лица на возраст од 20 до 34 години кои ги завршиле своите студии во последните една до три години на средно […]