ЗГОЛЕМЕН БРОЈ НА БАРАЊА ЗА ЗЛАТНА ВИЗА ВО ГРЦИЈА, Атина од 1 септември ги менува условите за странските инвеститори

Во првите два месеца од годинава е зголемен бројот на нови барања на странските државјани за добивање на златна виза во Грција и нивниот број е поголем за 1.300 во однос на истиот период во 2023 година. Причина за тоа е одлуката на Грција да ја зголеми минималната инвестиција потребна за добивање златна виза од […]

Упис на УКИМ на 29 и 30 август, слободни над 9900 места за студенти во прва година

Во четврток и петок (29 и 30 август 2024) е пријавувањето во првиот рок за упис во прва година додипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за студиската 2024/2025 година. На 23-те факултети во составот на УКИМ слободни се 9921 место за нови студенти, од кои 4761 за редовни студенти во државната квота, 4210 […]

СИЛЕН РАСТ НА БИТКОИНОТ ПО НАЈАВИТЕ ОД ФЕД, прогнозите се дека во септември ќе достигне вредност од 84.000 долари

Цената на биткоинот се искачи на 65.000 американски долари во вчерашното терминско тргување, а на спот пазарите вредноста се стабилизира на 64.000 долари. Овој значителен раст следеше по најавата од Федераните резерви за намалување на каматните стапки во септември. Најтргуваната криптовалута може да се најде во состојба за постигнување на највисоката вредност во историјата. Според […]

Убавиот збор: ХЕРОЈ, ВИД КОЈ ИСЧЕЗНУВА

Нема послатка радост од радоста на аутсајдерот кога ќе ја победи екипата на нејзин терен, во нејзината игра. Луѓето отсекогаш сакале такви приказни кои внесуваат неред во строго структурираниот поредок во светот, кој цврсто ги држи во својата железна прегратка. Чувствуваат, нередот води кон спротивставеност, а спротивставеноста на две сили, кон промена. А на човека […]

Основачот на Teлеграм, Павел Дуров уапсен во Франција

Извршниот директор на апликацијата за размена на пораки Телеграм, Павел Дуров синоќа е уапсен на аеродромот „Бурже“ во близина на Париз, пренесуваат локалните медиуми. Дуров патувал со својот приватен авион, објави ТФ1 на својата веб-страница, додавајќи дека Дуров е уапсен во Франција како дел од прелиминарната полициска истрага. TФ1 и БФМ соопштија дека истрагата била […]

ХРВАТСКА СООЧЕНА СО ЕГЗОДУС НА „БЕЛИТЕ МАНТИЛИ“, лошо управување, непотизам, мобинг и политички поделби се причините за иселување на лекарите

Во последните десет години од Хрватска се иселиле 1214 доктори, а на нивната одлука најмногу влијалело лошото управување и организација на здравствениот систем, покажало истражувањето на хрватските социолози објавен во магазинот Миграции и етнички теми. Истражувањето било спроведено со 18 доктори, кои веќе се иселиле од Хрватска, а целта била да се идентификуваат мотивите за […]

АКЦИСКИТЕ ПРОДАЖБИ ВО МАРКЕТИТЕ СЕ СПАС ЗА НАМАЛЕНИОТ СТАНДАРД НА ГРАЃАНИТЕ, прометот на трговците остварен од акциски продажба во Србија достигнува до 60 отсто

Вредноста на приходот остварена во акциските продажби претставува од 30 до 60 отсто од вкупниот промет во српските продавници, покажува анкетата која ја спроведе Народната банка на Србија. Истражувањето кое било спроведено во шест трговски синџири во земјата укажува на промените на однесувањето на српските граѓани, кои се повеќе даваат значење на акциите поради намалување […]

ПЛАТИТЕ ВО ЕВРОЗОНАТА СО ПОМАЛ РАСТ, ПРЕДУСЛОВ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ, економистите очекуваат ЕЦБ да ја намали референтната каматна стапка

Платите по договор во еврозоната во вториот квартал 2024 година се зголемиле за 3,6 отсто во однос на истиот квартал лани. Ова е помал раст на платите од 4,7 отсто во првиот квартал годинава. Податоците за платите, профитот и продуктивноста се клучните фактори за определување на политиката за каматни стапки од Европската централна банка. Креаторите […]

КОЛКУ АЛКОХОЛ ПИЈАТ ГРАЃАНИТЕ ВО ЕВРОПА? – најмногу пиеле мажите од Романија и жените од Данска

Вкупната потрошувачка на алкохол во Европа по глава на жител, на возраст од 15 и повеќе години, е намалена за 23 отсто во последните 40 години, но европскиот регион сè уште има најголема потрошувачка на алкохол по лице во светот, покажуваат податоците на СЗО. Во Европската Унија вкупната потрошувачка на алкохол е намалена за 2,9 […]

ГРЧКАТА АВИОКОМПАНИЈА СО ПОМАЛКУ ЛЕТОВИ ЗА СКОПЈЕ, „Ејџијан Ерлајнс“ ќе ги намали летовите на линијата Скопје-Атина

Грчката авиокоманија „Ејџијан Ерлајнс“ во зимската сезона ќе го намали бројот на летови на линијата Атина – Скопје, објави специјализираниот портал „Екс Ју авијација“. Како што пишува порталот, „Ејџијан Ерлајнс“ ќе ја опслужува релацијата четирипати неделно, што е намалување во однос на шесте летови неделно во претходната зимска сезона. Нема промени во бројот на летови […]