ОД ПОЛНОЌ ПОЕВТИНУВААТ БЕНЗИНИТЕ

Од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска донесе Одлука […]
ШТИПСКАТА И КИЧЕВСКАТА БОЛНИЦА ЌЕ СЕ ГРАДАТ ДОГОДИНА!- изјави министерот Арбен Таравари и најави донација од 11 илјади вакцини против Ковид-19

Министерот за здравство Арбен Таравари најави донација од 11 илјади вакцини против Ковид-19, изразувајќи надеж дека ќе пристигнат следните 10 дена. – За другите вакцини со Европската комисија се води набавка за сите држави во Европската Унија и Македонија е во тој пакет. Колку што имам информации, тој е во финална фаза и наскоро ќе […]
ГЕРМАНСКИТЕ БИЗНИСМЕНИ ПАДНАА ВО „ПОДЛАБОК ПЕСИМИЗАМ“, Институтот ИФО со неповолни оценки за бизнис климата во Германија

Деловната клима во Германија овој месец навлезе во подлабок песимизам, соопшти денеска економскиот институт ИФО. Индексот на расположение, кој е еден од најважните индикатори на домашната економија, се намали трет месец по ред и достигна вредност од 86,6 бодови. Со августовското намалување од 0,4 бодови, деловната клима во Германија е на најниско ниво од февруари […]
ЗЛАТОТО ЌЕ ПОСКАПИ ПОРАДИ СЕЗОНАТА ЗА ВЕНЧАВКИ ВО ИНДИЈА, во јули Индија ги намали увозните царини на златото

Побарувачката за злато во Индија пред претстојната празнична сезона ќе влијае на нов скок на цената на овој благороден метал, проценуваат аналитичарите. Индија ја намали царината за увоз на злато пред почетокот на хиндуистичкиот фестивал, што ќе ја поттикне потрошувачката на златен накит во оваа земја, која е втор најголем потрошувач во светот. Индија во […]
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ГИ ПРИМИ ЧЛЕНОВИТЕ НА ХОРОТ „ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ“, членовите на детскиот хор испеаја познати рефрени од овој фестивал

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во вила „Билјана“ во Охрид ги прими членовите на хорот „Златно славејче“. Како што информира претседателскиот кабинет, Сиљановска Давкова го истакна големото значење на фестивалот „Златно славејче“ за развојот на креативноста и талентот на најмладите и додаде дека овој фестивал бил расадник на детскиот квалитет и почеток на успешна кариера […]
ШПАРКАСЕ БАНКА ГО НОСИ „ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ“ ВО ОХРИД И ВО СКОПЈЕ

Со огромно задоволство ви најавуваме два претстојни спектакуларни настани за најмладите! Во рамките на Ohrid Water Festival, на 29 август 2024 година, со почеток во 19 часот, на платото пред хотелот „Палас“ во Охрид ќе се одржи концерт на „Златно славејче“. Настанот ќе биде исполнет со музика, забава и многу радост за сите присутни деца […]
ПОЧНУВА ИСПЛАТА НА МОЈ ДДВ НА 450 ИЛЈАДИ ЛИЦА

До крајот на оваа недела се очекува да се заокружи исплатата на средства од скенираните фискални сметки за периодот април – јуни, соопшти попладнево Управата за јавни приходи. – Управата за јавни приходи подготви налози за исплата за близу 450 илјади граѓани, а денес на повеќето од нив веќе им се исплатени средствата. Исплатата продолжува […]
ШАНГАЈСКАТА ЛИСТА СО УНИВЕРЗИТЕТИ ОД БАЛКАНОТ, НО БЕЗ МАКЕДОНИЈА – Белградскиот универзитет најдобро рангиран

На врвот на најновото рангирање на универзитетите во светот во 2024 година на Шангајската листа и натаму се универзитетите од САД Харвард, Стенфорд и Институтот за технологија Масачусетс (МИТ). На листата меѓу првите илјада универзитети во светот и годинава нема ниту една македонска високообразовна установа. Во првите десет, само два се од Европа, и тоа […]
Предавање на копии на акредитивни писма на новоименуваниот Амбасадор на Француската Република, Кристоф Ле Риголер

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Француската Република во Скопје, Кристоф Ле Риголер. Посакувајќи му на амбасадорот Ле Риголер срдечно добредојде и успешна дипломатска мисија, министерот Муцунски изрази задоволство од досегашниот политички дијалог и изрази уверување дека и во претстојниот период […]
ПОЛСКА НАЈАВУВА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА ДО 2027 ГОДИНА, Полјаците во просек работат 40,5 часа неделно,

Полската влада на премиерот Доналд Туск потврди дека пред истекот на мандатот во 2027 година ќе го смени Законот за работа за да може да се намали работното време во земјата. Засега во опција се два предлога: воведување на четиридневна работна недела или седумчасовен работен ден, пренесува „Ројтерс“. За четиридневна работна недела има повеќе приврзаници […]