Економија и бизнис | 01 септември 2024г.

Во бројот од 01 септември 2024 ќе читате… Доколку сакате да се претплатите и да го добивате печатеното издание на адреса што вие ќе ја посочите, без трошоци за достава, кликнете ТУКА.

БУГАРИЈА ЈА ПРЕТЕКНА МАКЕДОНИЈА СО ВИСИНАТА НА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА, најмалите плати во ЕУ се движат од 477 евра во Бугарија до 2.571 евро во Луксембург

До 15 ноември треба да стапи на сила новата директива во Европската Унија за минималните плати, а целта е најмалата загарантирана плата да изнесува 60 отсто од просечната плата. Дваесет и две земји од 27 земји членки на ЕУ имаат воспоставено национална минимална плата , а тоа значи дека работодавачите се обврзани да исплаќаат плата […]

„ЛИТИУМСКА ГРОЗНИЦА“ ВО ЧЕШКА, селото Чиновец како важен фактор за иднината на европската автомобилска индустрија

Малото место Чиновец на чешко-германската граница преку ноќ стана најпознатото село во Чешка, поради големите колични на литиум кои се наоѓаат под површината на земјата. Од ова мало место со стотина жители кое поседува непроценливи резерви од „белото злато“ станува важен фактор за исполнување на стратешките цели кои се поврзани со „Зелената агенда“ на Европската […]

НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА СО НАМАЛЕН БРОЈ НА ПРВАЧИЊА И УЧЕНИЦИ

Утре почнува новата учебна 2024/25 година за сите ученици во основното и средното образование. Според податоците на МОН, новата учебна година ќе почне за 245 илјади ученици во основните и средните училишта, бројка што е намалена за 17 илјади во последните седум години. – Во истиот период бројот на првачиња е намален за околу 3.500 […]

ШПАНИЈА СО НАЈВИСОКА СТАПКА НА НЕВРАБОТЕНОСТ, во еврозоната невработеноста во јули изнесува 6,4 отсто

Сезонската прилагодена стапка на невработеност во еврозоната во јули годинава е 6,4 отсто или 10,9 милиони. Во Европската Унија невработеноста во јули изнесува 13,1 милион лица, објави Еуростат. Во споредба со јуни 2024 година, невработеноста во ЕУ е намалена за 82.000 и за 114 илјади во еврозоната. Невработеноста е помала и во однос на јули […]

ЗОНА НА ИНТЕРЕС

Од другата страна на ѕидот Екранот е затемнет речиси четири минути на почетокот на „Зона на интерес“ (The Zone оf Interest, 2023) на британскиот режисер и сценарист Џонатан Глејзер (Jonathan Glazer). Во црна темница го слушаме мрачниот и морничав амбиентален саундтрак на Мика Леви (Mica Levi). При крајот на оваа музичка увертира, во аудиомиксот почнува […]

САМО 13 ГРАДОВИ ВО ЕВРОПА ИМААТ ДОБАР КВАЛИТЕТ НА ВОЗДУХОТ, најчист воздух имаат три града во Шведска и Португалија

Само 13 градови во Европа имаат добар квалитет на воздухот, а најчист воздух има во шведскиот град Упсала. Три од четворица граѓани на Европа живеат во урбани средини и повеќето од нив се изложени на небезбедно ниво на загадување на воздухот, покажуваат податоците на Европската агенција за животна средина (ЕЕА). Најчист воздух имаат шведските градови […]

ИТАЛИЈА САКА ГОЛЕМО ПОКАЧУВАЊЕ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ТАКСИ, гостите да плаќаат надомест до 25 евра за едно ноќевање

Во Италија се предлага драстично зголемување на туристичката такса за да им се помогне на градовите со намалени приходи, но и да се натераат туристите да се однесуваа „поодговорно“ во време кога јакне јавното незадоволство поради прекумерниот туризам. Здруженијата на хотелски и туристички претпријатија реагираат на новиот фискален план, со кој се предвидува гостите да […]

СРБИЈА Е РЕГИОНАЛЕН ЛИДЕР ВО ИЗВОЗОТ НА ХРАНА ЗА ДОМАШНИ МИЛЕНИЧИЊА, српскиот извоз на храна за кучиња и мачиња во пораст

Србија е лидер во производството на храна за кучиња и мачки во регионот и е главен извозник во повеќе од 40 земји во светот. Од 2015 година оваа земја беше голем узвозник на оваа храна, но од 2016 година остварува суфицит во надворешната трговија со храна за домашни миленичиња. Минатата година од Србија се извезени […]