ЕЦБ НЕМА ДА БРЗА СО ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА КАМАТИТЕ, инфлацијата останува и таа не е поразена сметаат аналитичарите

Европската централна банка нема да реагира на слабеењето на економијата во еврозоната со брзо намалување на каматните стапки, покажува истражувањето на аналитичарите. Учесниците во анкетата на „Блумберг“ очекуваат дека ЕЦБ ќе го следи почетното намалување на каматните стапки во јуни со уште едно намалување следната недела. Тоа ќе значи следење на кварталното темпо на намалување […]
Министерството за економија и труд доделува финансиски средства за реализирање на програмата (проектот) за заштита на потрошувачите

Министерството за економија и труд, во согласност со својата посветеност на заштита на правата на потрошувачите, денеска објави јавен повик за доделување на финансиски средства за реализација на програми и проекти од страна на здруженијата на потрошувачите во рамки на Програмата за заштита на потрошувачите за 2024 година. Финансиските средства од оваа Програма се намененети […]
МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ИНВЕСТИРААТ ВО ФОТОНАПОНСКИ ЦЕНТРАЛИ, од приватните инвестиции се обезбедува струја за 80.000 домаќинства

Лиценци за нови фотонапонски централи за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од скоро 250 MW издадени се во изминатите осум месеци (јануари -август), покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). – Станува збор за инвестиции кои се резултат на […]
САКАМЕ ДА ГО ВРАТИМЕ ЗНАЕЊЕТО ВО МАКЕДОНИЈА-разговор со Илија Стевков, претседател на Менса Македонија и еден од организаторите на првото национално првенство во квизови

Македонската квиз асоцијација го најавува првото државно квиз првенство на Македонија со кое ќе биде означен почетокот на сезоната 2024/25. Настанот ќе се одржи на 15 септември во просториите на Лабораториум почнувајќи од 11 часот. По завршување на натпреварувачкиот дел, ќе се одржи и годишното собрание на МКА. Овој настан ќе биде заокружен со формирање […]
КИНА ЌЕ ВЛОЖИ 50 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО ЕКОНОМИИТЕ ВО АФРИКА, кинескиот лидер најави отворање на најмалку милион работни места за Африка

Повеќе од 50 милијарди долари за финансирање на проекти во Африка во наредните три години, најави кинескиот лидер Си Џинпинг на самитот со повеќе од 50 афрички лидери, на кој се најавува и продлабочување на економската соработка, во инфраструктурата и трговијата. На овој самит што се одржува во Пекинг присуствува и генералниот секретар на ОН […]
МИНИМАЛЕН РАСТ НА СТАПКАТА НА ВРАБОТЕНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА, во вториот квартал има 98 416 невработени лица

Во второто тримесечје од 2024 година, бројот на активното население во Македонија е 790 152 лица. Од нив, вработени се 691 736, а 98 416 лица се невработени, објави Државниот завод за статистика. Во првиот квартал годинава бројот на вработени изнесуваше 687 351. Зголемувањето на вработеноста за 4.385 лица во вториот квартал се поклопува и […]
Студенти на УКИМ го претставија првиот болид на натпревар во Хрватска, Универзитетот одвои над 10.000 евра за поддршка на проектот
По речиси две години макотрпна работа и огромен вложен труд, студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, обединети во тимот „МЕС рејсинг“ (MES racing), креираа болид кој пред неколку денови беше претставен на натпреварот „Алп Адриа“ (Alpe Adria) што се одржа во Велика Горица, Хрватска. Целејќи кон унапредување на високото образование во земјава, […]
УВОЗОТ НА ХРАНА ДВАПАТИ ПОГОЛЕМ ОД МАКЕДОНСКИОТ ИЗВОЗ НА ХРАНА, трговскиот дефицит до јули изнесува 1,92 милијарди евра

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – јули 2024 година, изнесува 4 567,7 милиони евра и бележи пад од 7,7 отсто во однос на истиот период од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6 489.9 милиони евра, што е за 0,8 […]
БОНУС ОД 200 ДО 600 ЕВРА ЗА ДОКТОРИТЕ, вака грчката влада ја подобрува здравстената заштита во руралните подрачја

Финансиска стимулации за привлекување и задржување на лекарите во т.н. проблематични или непопуларни подрачја, воведува грчката Влада, а бонусот ќе биде меѓу 200 и 600 евра месечно, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис преку социјалните мрежи соопшти дека веќе е потпишана конкретната министерска одлука, објаснувајќи дека „новиот додаток, во зависност од […]
Објавен јавниот повик за субвенционирање на нови авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродром

Министерството за транспорт го објави јавниот повик за финансиска поддршка за воведување на нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година. Во рамки на тригодишната програма за оваа намена предвидени се средства во висина од 360 милиони денари. Крајниот рок за доставување на барањата за учество во […]