ЗГОЛЕМЕНИ ДЕВИЗНИТЕ РЕЗЕРВИ, половина милијарда евра се во монетарно злато

Девизните резерви на крајот на август годинава изнесувале 4.469,8 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 41,3 милиони евра, соопшти Народна банка на Македонија. Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (59,6%), по што следуваат валутите и депозитите (29,1%) и монетарното злато (11,3%). фото freepic
Финансиската стабилност е задржана – мерките на Народната банка придонесоа за дополнително зголемување на отпорноста на банкарскиот систем

Советот на Народната банка ја одржа својата редовна седница на која, меѓу другото, го усвои Извештајот за финансиската стабилност за 2023 година. Во Извештајот се оценува дека домашниот финансиски систем е стабилен, добро се справува со предизвиците и дека е отпорен на шокови. Амбиентот во 2023 година беше поповолен, со постепено забавување на инфлацијата, но […]
МЖСПП: Подготвена е Национална стратегија за управување со отпад (2024-2036)

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) подготви нацрт Национална стратегија за управување со отпад (НСУО) за периодот 2024-2036 и за истата спроведува постапка за стратегиска оцена на животната средина, согласно законските обврски и стратешките определби за заштита на животната средина преку воспоставување долгорочен и одржлив систем за управување со отпад. Од МЖСПП денеска […]
РКЕ СО РЕАКЦИЈА: ВО РЕГИОНОТ СТРУЈАТА Е 159 ЕУР/MWh, А ВО ФРАНЦИЈА Е 46 ЕУР/MWh!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ја информираа Европската енергетска заедница дека во дел од земјите на Југоисточна Европа се регистрираат нетипично високи цени на пазарот на електрична енергија. Претседателот Марко Бислимоски и министерката за енергетика, рударство и […]
КОЈА Е „НАЈСРЕЌНА“ ДРЖАВА ВО САД!, најсреќни држави се оние кои нудат квалитетен живот

Хаваи годинава е прогласена за најсреќна американска држава, според годишното рангирање на веб страната за лични финансии Волет хаб. Во оваа држава, според истражувањето, има најниска стапка на депресија во САД, а 86 отсто од нивните возрасни жители изјавиле дека се со добро или со солидно здравје, пренесува Си-Ен-Би-Си (CNBC). Хаваи има и најниска стапка […]
Каде се потрошија 144 милиони евра за заштита на животната средина?

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2023 година изнесува 8 875 771 илјада денари. Во вкупните трошоци за заштита на животната средина според еколошката намена, најголемо е учеството на трошоците за управување со отпадни води (35.01 %), потоа на трошоците за постапување со отпад (28.31 […]
Networking, предавања, панели и забава на едно место – Weekend.17

Четири фестивали на едно место, неверојатна доза забава и најважното – networking, сето тоа спакувано во Weekend.17. Од 19 до 22 септември, Ровињ се претвора во место за поврзување на експерти од светот на комуникациите и медиумите, како и експерти од областа на човечките ресурси, вештачката интелигенција, ИТ и финансиите. Мноштво инспиративни панели и бројни […]
ТЕХНОЛОШКИТЕ КОМПАНИИ ГО ПРЕДВОДАТ РАСТОТ НА БЕРЗИТЕ, акциите на технолошките компании со раст по минатонеделните силни падови

Денешното отворање на берзите во Азија почна со позитивно тргување, кое беше потикнато од растот технолошките компании на Волстрит. Јапонскиот Nikkei 225 порасна за 3,41%, a тајванскиот пондериран индекс забележа раст од 3%. Акциите на производителот на полупроводници „Tокиот електрон“ пораснаа за 4,8%, на „Адвентест“ за 9%, a раст има и кај акциите на другите […]
ВО САБОТА СО ВЕТЕР, А ОД НЕДЕЛА СО ПОНИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ,утре променливо облачно и нестабилно

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа во западните и источните делови ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд – над 20 литри на метар квадратен, грмежи и силен ветер – над 70 километри на час. Како што информираат денеска од УХМР, во деновите потоа […]
Царинска управа: на Богородица спречен обид за криумчарење цигари, македонски државјанин се обидел да избегне плаќање давачки од 113 илјади денари

Спречено криумчарење на 72 штеки цигари што македонски државјанин без да ги пријави сакал да ги внесе во Македонија преку граничниот премин Богородица. Вкупната вредност на штеките цигари изнесува 167.588 денари при што вкупните давачки што лицето сакало да ги избегне изнесуваат 113.228 денари. Царинските службеници ги открија штеките цигари во кабината на камионот со […]