ЛИТРО ПИВО ОД 14 ЕВРА, ПОЛОВИНА ПИЛЕ ЗА 23 ЕВРА, почнува најпознатиот фестивал на пивото Октоберфест

Најпознатиот фестивал на пивото Октоберфест во Минхен ги отвора своите врати на 21 септември. Посетителите годинава ќе мораат да платат и повисока цена за да уживаат во вкусовите на германските пива и храна. Еден литар пиво, во зависност од шаторите, ќе чини меѓу 13,60 и 15,30 евра, но во полуксузните шатори едно литро од пченица […]

ГЕРМАНИЈА ИЗБЕГНУВА ТРГОВСКА ВОЈНА СО КИНА „ПО СЕКОЈА ЦЕНА“, Германскиот министер повика на политичко решение за проблемот со електрични автомобили од Кина

Трговската војна меѓу Европската Унија и Кина треба да се избегне „по секоја цена“, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек, по разговорот со кинескиот министер за трговија Ванг Вентао. Германскиот министер ги повика двете страни да најдат политичко решение за проблемот со европскиот увоз на електрични автомобили од Кина. – Европската комисија и Кина […]

АСО: Над 200.000 граѓани ова лето купиле патничко осигурување за годишен одмор во странство

Вложувањата на граѓаните во патничко осигурување за патување во странство во јуни, јули и август достигнале 2 милиони евра, што е за 6% повеќе од истиот период лани. Истовремено износот на исплати за штети покриени со патничко осигурување, за овој период, е зголемен за 89% и достигнал 560.000 евра Над 220.000 граѓани купиле патничко осигурување […]

Дуално стручно образование по германски стандарди и успехот на компаниите партнери во Северна Македонија

Еден од најголемите предизвици за економскиот развој на Северна Македонија е достапноста и задржувањето на млади квалификувани кадри, како и нивна мотивација да станат дел од домашниот пазар на трудот. АХК Северна Македонија е дел од мрежата на 150 германски комори во 93 земји во светот и веќе 24 години ги следи потребите и предизвиците […]

ГРЦИТЕ СЕ ЖАЛАТ НА ВИСОКИТЕ ЦЕНИ, НА ИНФЛАЦИЈА ОД 2,7 ОТСТО! поскапувањата на цените е на првото место од грижите за третина од граѓаните во Грција

Поскапувањето на цените, ниските приходи и големите трошоци, како и економијата, се трите најголеми проблеми за Грците, согласно резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Pulse“ за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Кај анкетираните, поделено е мислењето за мерките што грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ги соопшти на Меѓународниот саем во […]

ДЕЦАТА ВО ШВЕДСКА НА УЧИЛИШТЕ ОД ШЕСТ ГОДИНИ, образовни реформи во Шведска со фокус на рано учење на читање, пишување и математика

Од 2028 година, шведските деца ќе започнуваат училиште на шестгодишна возраст, една година порано од сегашниот модел, во рамките на реформите на образовниот систем што означува транзиција од учењето базирано на игра. Владата ги објави плановите да ја замени задолжителната предучилишна година за шестгодишните деца позната како förskoleklass со дополнителна година во grundskola (основно училиште). […]

Новата конкурентска предност: отклучување на деловната извонредност со одлуки засновани на податоци

„Највредниот ресурс на светот повеќе не е нафтата, туку податоците.“ Економист Секој ден генерираме неверојатни 2,5 квинтилиони бајти податоци, бројка што продолжува да расте како што се шири интернетот на нештата (eng. Internet of Things (IoT)) при што 90 % од податоците во светот се креирани само во последниве две години. Во денешното динамично деловно […]

НОВИ ДИРЕКТОРИ ВО ТЕРМОЕЛЕКТРАНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА

Управниот одбор на АД ЕСМ денеска именуваше нови директори во дел од термоенергетските производствени капацитети во рамките на компанијата. За директор на подружница РЕК Битола е назначен Тони Петрушевски, дипломиран машински инженер, со претходно работно искуство во приватниот сектор. Досегашниот в.д. директор Иле Костадиновски е назначен за помошник директор за правни, кадровски и општи работи […]

„РЕГИОНОТ И ДРЖАВАТА СЕ УМОРНИ ОД БИЛАТЕРАЛНИ ПРЕЧКИ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ ВО УНИЈАТА, објави премиерот Мицкоски кој присуствуваше на работен ручек со Фон дер Лајен и колегите од Западен Балкан

Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна посета на Брисел, денеска заедно со останатите лидери од земјите од Западниот Балкан присуствуваше на работен ручек во организација на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Во објава на неговиот профил на ФБ, премиерот Мицкоски наведе дека во фокусот на агендата на работниот ручек бил Планот […]

БРИТАНСКАТА ФУНТА НАЈСИЛНА ОД МАРТ 2022 ГОДИНА, Банката на Англија денеска ја задржа истата каматна стапка

Одборот за монетарна политика на Банката на Англија денеска одлучи да ја задржи каматнатата стапка на ниво од пет отсто, со што ги расчисти дилемите за ново очекувано намалување. Осумина од деветмината членови во Одборот гласале за да не се намалува каматната стапка. Инфлацијата во Велика Британија останува на 2,2 отсто во август, но со […]