НОВИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕМИЕР НАЈАВУВА ДАНОЦИ ЗА БОГАТИТЕ

Францускиот премиер Мишел Барние, по претставувањето на новата француска влада во саботата, изјави дека нема да ги зголеми даноците за мнозинството даночни обврзници, но најбогатите ќе мораат да помогнат во затворањето на дефицитот во буџетот. Најголемата задача на новиот француски премиер е да го проектира буџетот за 2025 година, во време кога Франција се бори […]

ЗАПЛЕНЕТИ ОБЛЕКА, ОБУВКИ, БИЖУТЕРИЈА, ОЧИЛА, РАЧНИ ЧАСОВНИЦИ, КАМАГРА И ДРУГО

Во текот на минатата недела царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани облека, обувки, бижутерија, чанти, очила, рачни часовници, камагра, жилети, парфеми, техничка стока и друго. Облека, обувки и модни додатоци – 113 пара очила и 13 рачни часовници од познати светски марки, откриени на Меѓународниот аеродром Скопје, при контрола […]

ЕУ ГО НАМАЛИ УВОЗОТ НА ЕНЕРГЕНТИ, Русија останува меѓу трите најголеми извозници на гас

Европската Унија го намали увозот на енергенти во вториот квартал годинава и во овој период увезени се производи од 177,9 милиони тони во вредност од 94,9 милијарди евра, објави Еуростат. Во однос на истиот квартал од 2023 година, увозот е намален за 9,7 отсто, а вредноста за 10,7 отсто. Вредноста на увозот на природен гас […]

Лазов освои сребрен медал на втората табла на Шаховската олимпијада во Будимпешта

Македонскиот шахист Тони Лазов покажа втор најдобар резултат од играчите на втора табла на Олимпијадата во Будимпешта. Македонецот освои 7,5 бода од осум партии. Во минатото, од македонските шахисти, медал на Олимпијадите имаат освоено само Трајко Недев (бронза) во 1996 во Ереван, Драгољуб Јаќимовиќ (злато) во 2000 во Истанбул и Владимир Георгиев (сребро) во 2004 […]

Од полноќ поскапуваат горивата

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 75,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС […]

ПРОИЗВОДНАТА АКТИВНОСТ ВО ЕВРОЗОНАТА Е НА НАЈНИСКО НИВО

Деловната активност на еврозоната се намали во септември и го достигна најниското ниво по последните осум месеци. Прелиминарните податоци за S&P Global индексот за менаџерските набавки се намали на 48,9 во споредба со претходниот месец кога изнесуваше 51,2 . Вредноста на индексот под 50 значи и намалување на деловните активности, a аналитичарите кои ги анкетираше […]

ПОБЕДАТА НА ТРАМП ЌЕ СЕ ОДРАЗИ НА ГЕРМАНСКИОТ ИЗВОЗ ВО САД!, покажуваат прогнозите на ИФО, економскиот институт со седиште во Минхен

Победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД во ноември годинава ќе се одрази на германскиот извоз, се прогнозите на ИФО, економскиот институт со седиште во Минхен. Германскиот извоз во САД може да се намали за 15 отсто доколку се реализираат политиките за кои се залага Трамп, кои се однесуваат на зголемување на увозните […]

ГРАЃАНИТЕ ВО ЦРНА ГОРА СЕ ПРЕЗАДОЛЖЕНИ КОН БАНКИТЕ, секој жител во ЦГ должи над 11 илјади евра

Задолженоста на граѓаните на Црна Гора во 2024 година надмина над две милијарди евра, информираат од Централната банка на ЦГ. Најголемиот дел или 43 отсто се однесуваат на кредитите во готово, додека станбените кредити и заемите за адаптација изнесуваат 33 отсто од вкупните кредити на физичките лица. Податоците на Централната банка на ЦГ укажуваат на […]

„Заеднички ќе работиме на обврските од Преспанскиот договор“,- Муцунски по „конструктивната“ средба со Герапетритис

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денешната прва билатерална средба со неговиот грчки колега Јоргос Герапетритис ја оцени како одлична, позитивна и конструктивна. На средбата која се одржа во просториите на Мисијата на Грција во ОН во Њујорк, било отворено прашањето и за примена на Преспанскиот договор. -Сметам дека во духот на […]

Делови од Чаир, Бутел, Ѓорче Петров и неколку скопски села утре без струја

Корисниците од населбите Топанско Поле, Чаир, Бутел, Визбегово и Индустриската зона – Визбегово утре од 6:00 до 7:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Утре од 8:30 до 12:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од населените места Кожле, Бадар, Катлановско Блаце, како и тунелот Катланово на автопатот Велес – Скопје, а […]