СИЛНИОТ ТУРИСТИЧКИ ПРОМЕТ ВО АЛБАНИЈА ГО ЗГОЛЕМИ РАСТОТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН, според ЕБОР влијание на растот имаат и инвестициите во Србија

Според анализа на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), растот на Западен Балкан ќе се забрза од 2,5 отсто во 2023 година на 3,4 отсто во 2024 година и 3,7 отсто во 2025 година, поттикнат од силниот прилив на туризам во Албанија, одржливиот раст на потрошувачката во Црна Гора, како и силните инвестиции во […]

АЗИСКИТЕ БЕРЗИ СО РАСТ, ВОЛСТРИТ ВО БЛАГ ПАД

Берзите во Азија на денешното тргување прикажаа раст, предводени од растот на индексот Hang Seng во Хонг Конг, кој напредуваше за 3%, достигнувајќи го највисокото ниво од мај. Индексот CSI 300 на континентална Кина го продолжи растот седми ден по ред, достигнувајќи ги највисоките нивоа во последните два месеца, откако во вторникот Пекинг објави серија […]

Сиљановска Давкова: Во Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во интервју за МИА вели дека не би можела точно да одговори дали може да дојде до реализација на „францускиот предлог плус“ и ставот на Владата кој неодамна беше презентиран во Брисел. Сиљановска Давкова, која ја предводеше македонската делегација на 79. Генерално собрание на ОН, повторува дека во Договор за пријателство […]

Народната банка е домаќин на јубилејната Десетта меѓународна конференција

Народната банка, во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (КПБВ), на 1 октомври ќе ја одржи јубилејната, Десетта меѓународна конференција. Гувернери на централни банки, високи претставници на меѓународните финансиски институции и меѓународната академска заедница ќе разработуваат повеќе актуелни прашања обединети под темата „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: покажување посветеност и […]

Министрите за економија на Западен Балкан се собраа во рамките на Берлинскиот процес: Фокус на регионалната економска интеграција

Министрите за економија се собраа во Берлин за да одбележат десет години од Берлинскиот процес и да ја постават идната агенда. Данијела Гацевиќ, вршител на должноста директор на Секретаријатот на ЦЕФТА, присуствуваше на конференцијата организирана од Сојузниот министер за економски прашања и климатска акција, д-р Роберт Хабек. Конференцијата, која ги собра министрите, бизнис лидерите и […]

Започнува традиционалниот „НЛБ Месец на штедење”, годинава на тема „Штедиме и правиме добри дела”

НЛБ Банка официјално го започна „Месецот на штедење” кој годинава се одбележува на тема „Штедиме и правиме добри дела”. Традиционално, почетокот беше одбележан со претстава со маскотите на детското штедење Тиби и Штуки, како и дружење со специјалните гости од Црвениот крст на Град Скопје. Основци од неколку училишта од Скопје уживаа во забавно-едукативна програма […]

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки во Европската Унија (Корепер) донел одлука Албанија да ги започне преговорите за членство со ЕУ по поглавја, со што би била одвоена од земјава на европскиот пат, тврди бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на извори во Советот на ЕУ. ЕУ донесе одлука за старт на преговорите […]

Тродневна бесплатна обука на тема: ЕКОНОМСКИ АСПЕКТИ НА МЕЃУНАРОДНИОТ БИЗНИС

Институтот за извоз при Стопанската комора на Северна Македонија, во рамките на партнерството со УСАИД преку проектната активност „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“, кој има цел да поттикне зајакнување на капацитетите на македонските компании за поуспешна регионална соработка и за нивно поврзување во нови партнерства, организира бесплатна обука на тема: ЕКОНОМСКИ АСПЕКТИ НА […]

Скопје подготвено за вистински спектакл! Време е за СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ХИП ХОП И СТРИТ ДЕНС ШОУ 2024

Долгоочекуваниот и најголем настан за оваа година, IDO World Hip-Hop & Street Dance Show 2024, за само две недели ќе биде центар на вниманието за сите љубители на танцот и хип хоп културата. Скопје за првпат ќе биде домаќин на пет илјади танчери, кои доаѓаат од триесет и пет држави, кои се вклучуваат од пет […]

Претседателката Сиљановска Давкова ќе се обрати на 79. Генерално собрание на ОН

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечер ќе се обрати на 79. сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк што се одржува на тема „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“. Сиљановска Давкова пред Генералното Собрание ќе се обрати на македонски јазик. […]