ПАД НА ИНДЕКСОТ НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО МАКЕДОНИЈА, рударството со највисоко намалување на производството

Индексот на индустриското производство во Македонија во август 2024 година, во однос на август 2023 година, изнесува 98,4. Индексот на индустриското производство во периодот јануари – август 2024 година, во однос на периодот јануари – август 2023 година, изнесува 96,4, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење […]

Железничката несреќа кај Темпи фрла сенка на номинацијата на Ѕиѕикостас за еврокомесар за транспорт

Номинирањето на Гркот Апостолос Ѕиѕикостас за нов еврокомесар за транспорт, одново го актуелизираше прашањето за улогата на грчките власти во попречување на истрагата за минатогодишната железничка несреќа кај Темпи во централна Грција, во која загинаа 57 лица, повеќето млади. Во врска со ова прашање претставничката на родителите на жртвите во несреќата, Марија Каристијану, упати писмо […]

Нова инвестиција на ОКТА за поефикасна контрола и гаранција на квалитетот на горивата

ОКТА инвестираше во дигитализација на моторите, единствени во државата за испитување на цетански и октански број коишто се наоѓаат во лабораторијата на компанијата. Ова е прва акредитирана лабораторија за ваков вид испитувања во земјава којашто работи согласно референтни методи дефинирани во највисоките европски, американски и домашни стандарди. Првиот уред кој доби нов современ дигитален панел […]

Продолжување на правото за аплицирање за студентска стипендија

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од утре ќе може да се аплицира за продолжување на правото на студентска стипендија и оти рокот е до 30 октомври. -Се известуваат сите корисници на правото на студентска стипендија остварено во некоја од изминатите академски години, а кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на истото, […]

ОД КОВИД-19 ПОЧИНАТИ ДВЕ ЛИЦА, регистрирани нови 45 позитивни случаи

Регистрирани сe 45 нови позитивни случаи на Ковид-19 од 23 до 29 септември. Пријавени се две починати лица со Ковид-19, се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавен попладнево. – Во тековната недела, регистрирани се заболени лица во општините од 10 градови. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, a […]

ЗАВРШИ ЕРАТА НА ЈАГЛЕНОТ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА, затворена последната електрана на јаглен

Во Велика Британија денеска е последниот ден од работата на последната електрана на јаглен во близина на Нотингем, која беше во експлоатација 57 години. Еколошките активисти го поздравија затворањето на електраната и политиката на земјата за обезбедување на праведна транзиција за работниците во британската индустрија која го користеше јагленот. – Денешното затворање на електраната означува […]

НАЈНИСКАТА ПЛАТА ВО ЦРНА ГОРА Е 687 ЕВРА, реален раст на августовската плата во Црна Гора

Просечната нето плата во Црна Гора за август изнесува 861 евро и таа е за 1,2 отсто поголема во однос на претходниот месец и за 7,8 отсто од август 2023 година, објави црногорскиот Завод за статистика Монстат. Потрошувачките цени цо Црна Гора во август 2024 година се зголемени за 0,4 отсто во однос на јули, […]

ГРЦИЈА ПРОДАВА УДЕЛ ОД НАЦИОНАЛНАТА БАНКА, Грција би можела да заработи 727,2 милиони евра

Грција се подготвува да продаде 10 отсто од уделот во Националната банка на Грција, што ќе претставува крај на процесот на приватизацијата по државната акција за спасување пред повеќе од една деценија. Според цената која ја постави грчкиот фонд за спасување на банките ХФСФ, Грција би можела да заработи 727,2 милиони евра од продажбата, а […]

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ НЕМА ДА ГИ ЗГОЛЕМУВААТ ЦЕНИТЕ

Германските претпријатија во претстојниот период не предвидуваат поскапување на нивните производи и услуги, со што се даваат знаци за понатамошно слабеење на инфлацијата, соопшти економскиот институт ИФО од Минхен. Индексот за ценовните очекувања во септември се намали за 2,3 бодови, на 13,8 и тоа е најниска вредност од февруари 2021 година, објави агенцијата ДПА. Инфлацијата […]

ВО БИХ Е ПРОДОЛЖЕНА АКЦИЈАТА НА „ЗАКЛУЧЕНИ ЦЕНИ“ НА 56 ПРОИЗВОДИ

Проектот за „заклучени цени“ што го спроведуваат Федералното министерство за трговија и Здруженијата на работодавачи на ФБИХ продолжува до крајот на годината. Со овој четврти круг на акцијата се продолжува намалувањето и заклучувањето на цените за 56 прехранбени и хигиенски производи. Федералниот министер за трговија Амир Хасичевиќ ја поздрави оваа иницијатива и изјави дека работодавачите […]