ШПАРКАСЕ БАНКА ЛАНСИРА ПЛАТФОРМА ЗА ОНЛАЈН АЖУРИРАЊЕ

Водејќи се од стратешката определба за континуирана дигитална трансформација, Шпаркасе Банка е на прагот да реализира уште еден проект кој ќе помогне во унапредување на банкарските процеси и во унапредување на задоволството на клиентите. Шпаркасе Банка од денес ја лансира Платформата за онлајн ажурирање на лични податоци која ќе овозможи ажурирање на личните податоци на […]
Групација Триглав повторно доби висок кредитен рејтинг „А“

Во 2024 година, AM Best очекува успешно работење на Групација Триглав согласно последните години Агенцијата за кредитен рејтинг AM Best (во натамошниот текст агенција) повторно ги потврди кредитните рејтинзи на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Триглав Ре за финансиска моќ „А“ (одлично) и долгорочен кредитен рејтинг на издавач „а“ (одлично) во текот на редовниот годишен преглед. […]
ЈСП: Бесплатен јавен превоз за “БЕЛА НОЌ“

ЈСП ги информира граѓаните дека на 5 октомври 2024 година (сабота), поради oвогодинешното издание на “БЕЛА НОЌ“ кое ќе се одржи на повеќе централни локации низ градот Скопје, во периодот од 18:00 – 2:00 часот (наредниот ден), превозот на патниците во јавниот градски превоз ќе биде бесплатен.
ЈСП: Поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2024“, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај

ЈСП информира дека во недела (6.10.2024 година), во период од 7 до 14 часот, поради одржување на „Виз Ер Скопски маратон 2024“, дел од возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот, а дел воопшто нема да се вклучат во сообраќај. Во период од 7 до 14 часот нема да сообраќаат линиите: […]
ОДОБРЕНА ОДЛУКАТА НА ЕК ЗА ПОВИСОКИ ЦАРИНИ ЗА УВОЗ НА Е-АВТОМОБИЛИ ОД КИНА, новите дополнителни царини за кинеските автомобили се од 17,7 до 37,6 отсто

Комитетот на постојани претставници на владите на земјите членки на ЕУ (Корепер) денеска ја одобри одлуката на Европската комисија за воведување компензациски давачки за увоз на електрични возила од Кина во Унијата. Како што соопшти Европската комисија, ваквата одлука претставува уште еден чекор напред кон имплементација на заклучокот од нејзината истрага за кинеското државно субвенционирање […]
ВО БЕЛГРАД НАЈСКАПИОТ СТАН Е ПРОДАДЕН ЗА 955.000 ЕВРА, на кредит биле купени 23 отсто од продадените станови во Србија

Во Србија во вториот квартал годинава највисока цена за станови е постигнат на локацијата Белград на вода и таа изнесува 9.125 евра за метар квадратен. Најголема сума исплатена за стан со вкупна површина од 145 метри квадратни изнесува 955 илјади евра кој е продаден на истата локација, соопштија од Републичкиот геодетски завод. Најскапа куќа во […]
ВО СЕПТЕМВРИ НАЈБРЗ РАСТ НА ГЛОБАЛНИТЕ ЦЕНИ НА ХРАНАТА, најмногу поскапел шеќерот за 10,4 отсто

Светските цени на прехранбените производи во септември забележале најбрз раст во изминатите 18 месеци, соопштија од Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Во овој месец поскапеле сите прехранбени производи, а највисок раст има кај шеќерот со 10,4 отсто. Во септември глобалниот индекс на цените на храната изнесува 124,4 поени, што е за три […]
Конкурси за стипендии за учениците од Спортска академија и од Математичко-информатичката гимназија за 2024/2025

Конкурси за доделување стипендии за ученици во државните средни училишта Спортска академија и Математичко-информатичка гимназија за учебната 2024/2025 година објави Министерството за образование и наука. Месечниот износ на стипендијата за учениците во двете училишта е 3.500 денари кои ќе ја добиваат девет месеци во текот на учебната година. За двата конкурса кандидатите треба да пополнат […]
БАЛКАНОТ ПОД ОБИЛНИ ВРНЕЖИ: Невремето ја „потопи” Албанија, во Тетово поплавени повеќе куќи, во БиХ вонредна состојба

Невремето, проследено до обилни и интензивни врнежи, силен ветер, електрични празнења, речиси целосно ја „парализира” Албанија. Улиците во градови, пред се Тирана, Валона, Лежа, Љушња, Булќиза, се под вода чија висина е до 50 сантиметри. Во Тирана ветерот откорнал големи дрвја, за што фотографија објави градоначалникот Ерион Велиај, со апел до граѓаните без неопходна потреба […]