ВО ХОЛАНДИЈА СЕ ПРИМЕНУВА НОВА ДЕФИНИЦИЈА ЗА СИРОМАШТИЈА, според новата методологија бројот на сиромашни во Холандија се намали за 34 отсто

Во Холандија 540.000 луѓе се сиромашни или 34 отсто помалку од минатата година, а ова намалување се должи на примената на новата методологија, која ја применуваат Статистичкиот завод на земјата, Институтот за буџет и Холандскиот институт за општествени истражувања. Според претходните пресметки, во Холандија имало 820 илјади сиромашни лица. Претходно истражувањата за сиромаштијата во Холандија […]

ОД 1 ЈАНУАРИ СЕ ЗГОЛЕМУВА МИНИМАЛЕЦОТ ВО ХРВАТСКА

Од 1 јануари 2025 година износот на нето платата во Хрватска ќе биде зголемена за 80 евра ќе изнесува 750 евра, одлучи хрватската влада. Ова е зголемување од 15 отсто од сегашната минимална плата од 670 евра. Со новата минимална плата ќе бидат опфатени 30.000 луѓе повеќе од пред две години, пренесува „Пословни.хр“. Бруто износот […]

КЛИМА УРЕДИТЕ ЌЕ ЈА „ГОЛТААТ“ ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА, предупредуваат од ИЕА

Меѓународната агенција за енергетија (ИЕА) предупредува дека огромното зголемување на користењето на клима апаратите ќе имаат најголемо и непредвидливо влијание на светската електрична мрежа во наредната деценија. Потрошувачката на електрична енергија за овие апарати ќе порасне во земјите во развој поради климатските промени. ИЕА во својот главен извештај „Светскиот енергетски преглед“ ги зголемува прогнозите за […]

ВО СЛОВЕНИЈА СЕ ЗГОЛЕМУВА БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИ ОД КОСОВО, МАКЕДОНИЈА, ИНДИЈА…

Бројот на издадени работни дозволи за странски работници во Словенија се зголеми за трипати во однос на 2015 година. Голем скок има кај одобрениот дозволен престој за граѓаните од Косово, Индија, Непал и Бангладеш. Странските работници најмногу се вработуваат во градежништвото и производниот сектор, покажуваат податоците на Заводот за вработување во Словенија. Во август годинава […]

Претседателката Сиљановска Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка нa Гана, Дорис Аџо Дењо Бресe

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими акредитивните писма на Дорис Аџо Дењо Бресe, новоименуваната амбасадорка на Република Гана, со седиште во Прага. Како што соопшти претседателскиот Кабинет, на церемонијата на предавање на акредитивните писма, претседателката Сиљановска Давкова истакнала дека нашата држава придава значење на развојот на односите со земјите од Африка, особено со Гана […]

Нова војна на Блискиот Исток

Ако Израел копнено го нападне Либан, импликациите ќе бидат многу поголеми отколку оние кои ги гледаме во уште незавршениот судир со Хамас. Израел го започна својот најсмртоносен бран воздушни напади врз милицијата Хезболах, поврзана со Иран, од 2006 година. Нападите, фокусирани на Јужен и на Источен Либан, почнаа минатата недела и во нив беа погодени […]

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА РАСТ НА ЕКОНОМИЈАТА ОД ТРИ ОТСТО ВО ТРЕТИОТ И ЧЕТВРТИОТ КВАРТАЛ

Премиерот Христијан Мицкоски најави нови германски инвестиции, а најголемата, како што истакна, ќе биде ветерен парк кај Куманово, Ранковце, Крива Паланка и Старо Нагоричане, вредна преку 400 милиони евра. До крајот на годината, според премиерот, две германски компании ќе почнат да вложуваат, едната, веќе присутна во земјава, ќе гради нов производен погон, а другата ќе […]

„Здраво, јас сум Бести, со мене никогаш повеќе не си сама!“: dm започна со поставување диспанзери со хигиенски влошки на сите државни универзитети во Македонија

На денешната прес-конференција, компанијата „dm дрогерие маркт“ објави значајна иницијатива во рамките на својата борба за менструална правда, со која ќе се постават над 200 диспанзери за хигиенски влошки на државните универзитети во Република Северна Македонија. Оваа кампања е насочена кон подигање на свесноста за менструалниот циклус и борбата против менструалната сиромаштија во нашата земја. […]

ВЕВЧАНИ МЕЃУ 100 НАЈУСПЕШНИ ЗЕЛЕНИ ДЕСТИНАЦИИ ВО СВЕТОТ

Општина Вевчани повторно се пласира во групата на 100 најуспешни дестинации во светот во конкуренција од над 200 апликанти, кои развиваат и практикуваат одржлив туризам на повисоко ниво. Годинава, како што појасни градоначалникот Спасе Кочовски, се разгледувале 15 критериуми, а во следната фаза ќе бидат земени во предвид уште 15 нови, за искачување на повисоко […]

СинтЕЗа: Мултимедијален настан на Халкбанк кој ќе ги обедини младите умови и уметници од седум факултети

Халкбанк го најавува СинтЕЗа – иновативен мултимедијален настан на кој младите од седум факултети преку уметност, технологија и наука ќе ги претстават визиите за слободата и за нивната улога во современото општество. СинтЕЗа ќе се одржи идниот петок (25 октомври) во Јавна соба во Скопје, каде целиот простор ќе биде претворен во платформа за изложби, […]