ВЕЧЕРВА ОД ПОЛНОЌ ПОЕВТИНУВААТ ГОРИВАТА

Регулаторната комисија за енергетика одлучи за намалување на цените на горивата од вечерва на полноќ. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се намалува за 1 денар, и ќе изнесува 77 денари. цената на ЕУРОСУПЕР 98+ се намалува исто за 1 денар и ќе се продава по цена од 79 денари. Највисоките малопродажни цени на нафтените деривати и […]

Дебарскиот крај утре шест часа без електрична енергија

Во периодот од 9 до 15 часот утре без напојување со електрична ќе биде целото дебарско конзумно подрачје. Како што информираа од ЕСМ за МИА, прекинот е поради редовните годишни планирани активности во хидроелектраната „Шпилје” кај Дебар. – Ќе бидат реализирани планирани редовни годишни испитувања на релејната заштита на регулациониот трансформатор (РТР) 110/35 kV во […]

НА ПАЗАРОТ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ЧАСОВИ ЗА УЧЕНИЦИ ВО СРБИЈА СЕ „ВРТАТ“ НАД 100 МИЛИОНИ ЕВРА

Неформалниот пазар за одржување на приватни часови за учениците во основни и од средни училишта во Србија изнесува околу 110 милиони евра годишно или најмалку 30 отсто од вкупниот буџет за плати на наставниот кадар. Истражувањата кои биле спроведени во Европа покажуваат дека толерирањето на овој паралелен систем на образование во посткоминистичките земји е поради […]

ИЈЗ со препораки до граѓаните по појавата на птичји груп

Периодот на инкубација за птичјиот грип се проценува дека е до седум дена, иако обично е два до пет дена по последната изложеност со болна или мртва живина. Првичните симптоми примарно се респираторни, со покачена температура, треска и кашлица, но може да се јават и нереспираторни симптоми. Симптомите на горниот респираторен тракт – течење на […]

ЕК доделува1,2 милиони за енергетски куќи и станови во Скопје, Куманово и Кочани

Европската комисијата денеска донесе одлука да додели повеќе од 380 милиони евра за реализација на 133 нови проекти ширум Европа во рамките на Програмата за активности поврзани со животната средина и климата „Лајф“, меѓу кои и за обезбедување на енергетска ефикасност на постојните станбени објекти во земјава. Овие 380 милиони евра претставуваат над половина од […]

Во Грција суспендирани ученици, користеле мобилен телефон за време на настава

Од почетокот на учебната година во Грција, поради употреба на мобилен телефон за време на наставата суспендирани биле 6.043 ученици, според министерот за образование, религија и спорт Кирјакос Пиеракакис, јави дописничката на МИА од Атина. Во интервјуто за радиото „Скај“, надлежниот министер истакна дека мерката воведена за првпат оваа година има „спектакуларно добро“ влијание и […]

УНГАРИЈА ВОВЕДУВА ВИСОКИ ДАНОЦИ ЗА КРАТКОРОЧНО ИЗНАЈМУВАЊЕ НА СТАНОВИ ВО БУДИМПЕШТА

Унгарија планира драстично да го зголеми данокот за краткорочно изнајмување на становите во Будимпешта за да се избори со станбената криза во главниот град. Според нацрт законот, месечниот данок на краткорочно изнајмување ќе изнесува 150.000 форинти, односно околу 373 евра, што е големо зголемување во однос на досегашните 38.400 форинти. Унгарската влада нема да издава […]

ХРВАТСКА ВО СЕПТЕМВРИ СО НАЈНИСКА ИСТОРИСКА НЕВРАБОТЕНОСТ

Стапката на невработеност во Хрватска се намали на историски најниското ниво и во септември достигна 4,6 отсто. Во август годинава невработеноста во Хрватска изнесуваше 4,8 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Бројот на регистрирани невработени лица во Хрватска на месечно ниво се намали за 5,8 отсто, а 82.839 лица биле невработени. Во септември годинава […]

САД СО ЗГОЛЕМЕН БУЏЕТСКИОТ ДЕФИЦИТ ЗА 2024 ГОДИНА

Американскиот буџетски дефицит го надмина износот од 1,8 билиони долари во фискалната 2024 година, бидејќи каматите на јавниот долг за прв пат надмина од билион долари, дополнително со зголемени расходи за социјалните програми и за војската, објави министерството за финансии на САД. Во фискалната година која заврши на 30 септември, минусот во американскиот буџет е […]

АФРИКА СТАНУВА НОВ ПОТЕНЦИЈАЛЕН ПАЗАР ЗА ИНДУСТРИЈАТА ЗА УБАВИНА

Глобалната индустрија за убавина забележува силен раст и се очекува од 2024 до 2028 година да расте со девет отсто годишно. Минатата година оваа индустрија остварила 617,2 милијарди доалри, а проекциите се дека годинава ќе достигне 670,8 милијарди долари, покажуваат податоците на Еуромонитор Интернационал. – Онлајн продажбата на овие производи расте, но на најголемиот пазар […]