Над 100 производи во грчките маркети со намалени цени од шест до 15 отсто

Макарони, паста за заби, шампони, зејтин, оцет, пелени се дел од продуктите на листата со вкупно 123 производи од конкретни произведувачи, чии цени во супермаркетите во Грција ќе бидат намалени од шест до 15 отсто во рамките на иницијативите на Министерството за развој за справување со инфлацијата на основните продукти, јави дописничката на МИА од […]

ВО ФРАНЦИЈА, ИТАЛИЈА И ГЕРМАНИЈА СЕ НАМАЛУВА ПРОДАЖБАТА НА НОВИ АВТОМОБИЛИ

Продажбата на нови автомобили во септември во Европа се намали втор месец по ред. Во споредба со минатиот септември продажбата на автомобили е намалена за 6,1 отсто, а во август падот на годишно ниво изнесуваше 18,3 отсто. Побарувачката за нови автомобили е намалена посебно во Франција, Германија и Италија. Според податоците на Европското здруѓение на […]

ТРГОВЦИТЕ ПОД ДВОМЕСЕЧЕН МОНИТОРИНГ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА НЕФЕР ТРГОВСКИ ПРАКТИКИ

До Нова година ќе има мониторинг врз спроведувањето на Законот за нефер трговски практики, а потоа ќе следуваат ригорозни казни за оние што нема да го почитуваат, најави денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. Како што истакна Рисетски, сите економски мерки и овој закон се во интерес на граѓаните. – До Нова […]

Ацевски: Во однос на емиграцијата Македонија е на петтото место во ЕУ

За жал, нашите состојби во делот на емиграцијата се толку лоши што во суштина согласно податоците на Меѓународната организација за миграции нашата држава е во топ 20 земји во светот во однос на миграцијата, истакна во Собранието главниот државен ревизор Максим Ацевски при презентирањето на Конечниот извештај за извршена ревизија на успешност на тема „Ефективност […]

Министерот Николоски во Солун најави реконструирање на железничката врска со Грција, со цел за пет години да има брза врска со воз

Покана до грчките бизниси да инвестираат во Северна Македонија, која се надградува и енергетски и на ниво на транспортната инфраструктура, упатил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски за време на неговото учество на вториот „Форум за поврзување во Југоисточна Европа“ (Southeast Europe Connectivity Forum) во Солун, соопштија организаторите, јави дописничката на МИА […]

МЕМО: Во септември домашното производство на струја е еднакво на трансакциите за вкупната потрошувачка

Во септември годинава, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, на пазарот на електрична енергија реализирани се трансакции од сопствено производство во висина од 440 гигават часови, што е еднакво на трансакциите за вкупната потрошувачка на електрична енергија во нашата држава. Тука не се вклучени количините на електрична енергија активирани […]

ЗА ДЕВЕТ МЕСЕЦИ ОД КОСОВО ЗАМИНАЛЕ 96 ЛЕКАРИ

Лекарската комора на Косово вели дека од почетокот на годинава до крајот на септември државата ја напуштиле 96 лекари, додека за цела 2023 година оваа бројка изнесува 164, јави дописникот на МИА од Приштина. Претседателот на Лекарската комора на Косово, Плеурат Сејдиу за порталот „Газета експрес“ изјави дека регрутирањето лекари од Косово за да бараат […]

ПРОЕКЦИИ НА ММФ ЗА 2024: СВЕТОТ СО РАСТ ОД 3,2 ОТСТО, ЕВРОПА СО 1,7 ОТСТО И МАКЕДОНИЈА СО РАСТ ОД 2,2 ОТСТО

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја задржа процената за светскиот економски раст за годинава од 3,2 отсто, а истиот процент е проектиран и за следната година. Во проекциите за раст на развиените економии, за САД е зголемен растот на БДП на 2,8 отсто, а за еврозоната е намален на 0,8 отсто. За Германија се прогнозира стагнација […]

ГРЦИЈА ОСТАНУВА НАЈЗАДОЛЖЕНА ВО ЕУ

Јавниот долг на земјите во еврозоната на крајот на второто тромесечие од 2024 година се зголеми на 88,1 отсто од БДП, а во првиот квартал изнесуваше 87,8 отсто, објави денеска Евростат. Во Европската Унија јавниот долг во вториот квартал изнесува 81,5 отсто од БДП што е зголемување од 0,2 процентни поени во однос на претходниот […]

Нова донација од ОКТА: Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ во Велес доби соларна централа

ОКТА АД – Скопје ја реализираше првата од трите донации на фотоволтаични централи наменети за образовни институции во земјава, планирани за оваа година. Со оваа најнова донација од ОКТА, основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Велес доби соларна централа со инсталирана моќност од 16,1 kW (киловати), поставена на покривот на училиштето. Централата може годишно […]