ЕУ ФОРМИРА ГОЛЕМ ФОНД ЗА ЗАШТИТА НА „ТЕХНОЛОШКИОТ“ СУВЕРЕНИТЕТ

Европската Унија планира да формира голем инвестициски фонд за поддршка на компаниите кои развиваат проекти за клучните технологии, како што се микрочипови и квантна технологија. Фондот ќе располага со 900 милиони евра и ќе биде наменет за исплати во следните три години. Првата транша во вредност од 300 милиони евра се планира да биде искористена […]

ВО БЕРОВО СО МИНУСНА ТЕМПЕРАТУРА, ВО СКОПЈЕ МАГЛИВО

Денеска наутро по одделни котлини има услови за појава на слаба магла, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Потоа преку денот времето ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе се искачи од 18 степени во Маврово, до 26 степени Целзиусови во Гевгелија. Наутро по одделни […]

Прва годишна конференција на Блумберг Адрија во Скопје

Првата годишна конференција на „Блумберг Адрија“ во Скопје насловена: „Back to business: Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“ ќе се одржи денеска, а ќе ја отворат премиерот Христијан Мицкоски и Јелисавета Лазаревиќ, директорка за содржина на „Блумберг Адрија“. На конференцијата се најавени анализа на Блумберг Адрија „Unlocking Growth: Economy & Capital Markets in North […]

МИЦКОСКИ: НАШИТЕ НЕДОСТАТОЦИ ДА ГИ ПРЕТВОРИМЕ ВО ПРЕДНОСТИ ЗА ДА ВЛЕЗЕМЕ ВО ЗЕНИЦИТЕ НА ГОЛЕМИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

– Не можеме преку ноќ да да го промениме системот кој делувал повеќе години. Ни треба време за да ја исполниме стратешката цел. Ние немаме море но тоа може да биде и нашата предност, бидејќи се наоѓаме на крстосница меѓу двата главни европски коридора 10 и 8 и со нивно целосно завршување ќе ни даде […]

Царинска управа: запленет 109 кг режан тутун, цигари, облека од познати модни брендови

– Режан тутун во вкупна количина од 109,5 килограми е запленет од страна на мобилен тим во координација со СВР Битола при МВР. Режаниот тутун е одземен од албански државјанин со регулиран престој во Битола, во моментот кога требало да ги преземе кесите со тутун од возачот на автобус на превозна фирма од Битола. Лицето […]

Предлог буџетот за 2025 година денеска на владина седница

Предлог буџетот за 2025 година денеска ќе биде разгледан на седница на Владата, потврди премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање Мицкоски оцени дека индикаторите се подобруваат и се раздвижуваат работите на големите инфраструктури проекти. Потенцираше дека е добро што нема драматично зголемување на дефицитот и оти постепено има изденачување со капиталните инвестиции. – Капиталните инвестиции […]

Нов начин на плаќање на билет преку бројот 185 и активирање на новата мобилна апликација ”Skopjebus”.

Од понеделник 28.10.2024 година стартуваше новиот начин на плаќање на билет за едно возење преку бројот 185, со СМС порака. Цената на билетот не се менува останува 40 денари со вклучен ДДВ. Начинот за новото плаќање е следен: – Патникот од својот мобилен телефон врти на бројот 185 при што слуша “бип“ сигнал и говорна […]

ЕК ќе го усвои Пакетот извештаи за напредокот во процесот на проширување

Европската комисија на утрешното заседание на Колеџот на комесари треба да го усвои Пакетот на извештаи за 2024 година за напредокот на европскиот пат на земјите кандидати за членство во ЕУ. Како што информира денеска портпаролот на Еврокомисијата, Стефан де Керсмакер, Пакетот ќе вклучува извештаи за напредокот на 10-те земји опфатени со процесот на проширување, […]

МУКАЕТОВ: МОЖЕМЕ ДА ПОСТИГНЕМЕ ЗАЕДНИЧКИ РАСТ, АКО СЕКОЈ ОД НАС СТАВА ПО ЕДНО КАМЧЕ ВО РАЗВОЈОТ НА ДРЖАВАТА

Глобалните движења на светските пазари и проблемите околу синџирите за снабдување со суровини имаат големо влијание во делот на фармацевтската индустрија. Од периодот на пандемијата, светот влегува од криза во криза. Во последните пет шест години, соочени сме со високата инфлација и на силни притисоци врз цените за суровините. Набавките преку бродскиот превоз се усложнија […]

МАКСТИЛ Е ВЕЌЕ ПОСВЕТЕН НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА „ЗЕЛЕН ЧЕЛИК“, вели Марија Дуковска Павловска, генералната директорка на компанијата

Инвестирањето и модернизацијата на производниот процес заради подобрување на продуктивноста и заштитата на работниците и на животната средина е првото прашање кое се поставува во Макстил, компанија која делува во „високоризичната“ индустрија. – Посветени сме на модернизирањето на производниот процес, кој е автоматизиран. Нашата дејност припаѓа во т.н. стара индустрија во која техничките промени не […]