„ВИТАМИНКА“ СО РАСТ НА ДОБИВКАТА

Во периодот јануари – септември 2024 година “Витаминка” АД Прилеп оствари позитивен финансиски резултат. Остварените единечни вкупни приходи во деветмесечието од 2024 година изнесуваат 2,650,211 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2023 година бележат раст од 8%. Висината на вкупните расходи е во корелација со работењето во деветмесечието од 2024 […]

„Макстил“ оствари повисока нето добивка

„Макстил“ за периодот јануари – септември 2024 година оствари позитивни финансиски резултати искажани во неревидираните поединечни финансиски извештаи. Оствареното производство на дебели лимови во првите три квартали на 2024 во производниот погон Валавница изнесува 216.735 тони што споредено со 215.771т. во истиот период на 2023 претставува зголемување од 0,45%. Споредено со поставениот производен план за […]

Банката на Америка нема да прима „некои“ банкноти од 1 долар

Банката на Америка, една од најголемите финансиски институции во САД, објави дека нема да прима оштетени банкноти од 1 долар од октомври 2024 година. Оваа одлука не значи целосна забрана за замена на сите банкноти од еден долар, туку само оние кои имаат поголема „истрошеност“ или се искинати, со исечени делови и со излитeна боја. […]

СО „ЗЕЛЕНАТА ТРАНЗИЦИЈА“ ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН ЌЕ СЕ ОТВОРАТ 27.000 РАБОТНИ МЕСТА

Во регионот на Западен Балкан во следните шест години ќе се отворат повеќе од 27.000 работни места во секторот на обновливи извори на енергија, а најмногу работници ќе бидат потребни во секторот за соларна енергија. За да може адекватно да се одговори на „зелената транзиција“ ќе бидат итни реформи во образованието. Младите во регионот немаат […]

Тунелот со Бугарија ќе го гради еден изведувач

Еден изведувач да го гради тунелот за железничко поврзување меѓу Македонија и Бугарија, да се ревидира цената и проектот за третата делница, а Бугарија да го заврши својот дел од пругата, се договориле на вчерашниот состанок во Софија македонската и бугарската делегација во разговорите со посредство на Европската Унија. – Трите клучни аргументи на заменик […]

МОН објави конкурс за доделување 3000 студентски стипендии за академската 2024/2025 година

3000 студентски стипендии за академската 2024/2025 година. Аплицирањето е исклучиво електронски преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk, а рокот е заклучно со 15 ноември 2024. За редовни студенти од социјалните категории се наменети 1470 стипендии. За студентите од научните подрачја на техничко-технолошките науки, биотехничките, општествените и хуманистичките науки, кои постигнале висок успех во текот на студиите, предвидени се […]

Двајца пациенти добија бубрези од починат донор

На хируршките клиники во текот на вчерашниот ден e изведена уште една трансплантација на органи од починат донор. Благодарение на хуманиот чин, храброста и емпатијата на едно семејство кое одлучи да даде согласност за донирање на органите од свој близок, двајца пациенти со ретка крвна група добија бубрег и ќе продолжат да живеат нормален живот, […]

Дурмиши: Есенската кошница заштеди од 690 ден до 1.360 ден

До 1 360 денари заштеда по семејство овозможи есенската кошничка. Мерката беше спроведена успешно и ги даде очекуваните резултати, рече денеска министерот за економија Бесар Дурмиши. –Очекувам од ноември дополнително намалување на цените зашто почна примената на Законот за трговски практики. Есенската кошничка од вчера веќе не е на сила, но ако дојде до покачување […]

Во тек е пријавување за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука потсетува дека од 1 до 5 ноември е отворен рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Сите студенти кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале до сега, може да се пријават електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/. Финансиската поддршка изнесува 140 денари и е наменета за […]

Димитриеска-Кочоска: Растот од 3,7 отсто во 2025 е темелен на реални инвестиции

Стапката на раст ја темелиме на реални инвестиции, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, ветувајќи реална реализација на планираните 50 милијарди денари за капитални инвестиции со Предлог-буџетот за 2025 година, што денеска ќе биде доставен до Собранието. – Буџетот вклучува 50 милијарди денари, односно 830-40 милиони евра за капитални инвестиции. Коридорите 8 и 10 […]