Утрово најстудено во Берово, најтопло во Крушево

Најниска температура од минус осум степени утрово е измерена во Берово, а највисока од 5 степени целзиусови во Крушево. УХМР информира дека -5 степени целзиусови се измерени во Битола, -4 Струмица, -3 Демир Капија, -2 Скопје-Петровец, Куманово, Штип, Велес, Тетово, Прилеп, -1 Гевгелија, Кавадарци, 0 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Маврови Анови, 1 Претор, и 2 […]

Пуштање во употреба на хидросистемот „Ѓавато“

Хидросистемот „Ѓавато“, со кој Дојранското Езеро се снабдува со вода, денеска ќе биде пуштен во употреба. Како што е најавено, на пуштањето на системот ќе присуствуваат првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и пратеникот во Собранието Миле Цеков.

Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно отвoрена за посетители

Зоолошката градина во Скопје од денеска повторно ќе биде отворена за посетители откако во октомври беше потврден случај на птичји грип. – Ве известуваме дека од оваа сабота (09.11.2024) Зоолошка градина на Град Скопје повторно ќе биде отворена за посетители со редовно работно време од 09:00-16:00 секој ден. Да уживаме заедно во убавите есенски и […]

ЦЕНТРАЛНАТА БАНКА НА ТУРЦИЈА ГИ ЗГОЛЕМИ ПРОГНОЗИТЕ ЗА ИНФЛАЦИЈАТА

Централната банка на Турција ги подигна прогнозите за инфлацијата на 44 отсто во 2024 година и на 21 отсто до крајот на 2025 година, по порастот на цените во изминатите два месеца кои биле повисоки од очекуваните. Централната банка очекуваше инфлација од 38 отсто во 2024 година и 14 отсто до крајот на 2025 година. […]

ИНДУСТРИЈАТА НА ВИДЕО ИГРИ И Е-СПОРТОТ ВО ФУНКЦИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА

Индустријата на видео игри расте со неверојатна брзина, а конзолите за игрите стануваат клучен фактор во динамизирањето на оваа дејност. Индустријата на видео игри ги надминат приходите на филмската и музичката индустрија. Очекувањата се дека пазарот за конзоли за игри ќе достигне нови рекорди, благодарение на постојаното унапредување на перформансите, графиката и интерактивната опција. Со […]

МЕПСО: Интензивни работни активности за изградба на 400/110 kV ТС Охрид

Интензивни градежни активности се вршат на градилиштето во близина на селото Мешеишта каде се гради новата 400/ 110 kV трансформаторска станица Охрид. Стабилните временски услови овозможуваат компанијата изведувач да работи согласно планираниот динамички план, информираат денеска од МЕПСО. На површина од 80 000 метри квадратни се изведуваат потпорни ѕидови и наклони, се гради командната зграда […]

ДЕФИНИРАНИ СЕ ЦЕНИТЕ НА НОВОГОДИШНАТА КОШНИЧКА

Веќе се дефинирани производите што ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка, дефинирани се и цените, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. – Eсенската кошничка даде резултат. Граѓаните може да ги почувствуваат ефектите, а тоа го потврдуваат и бројките, што ги објавува Државниот завод за статистика. Во октомври има намалување, нема веќе инфлација, туку има дефлација од […]

Од утре температурите пониски за пет до седум степени

Под влијание на постудена воздушна маса од север утре дневната температура ќе опадне за 5 до 7 степени. Како што најавуваат од УХМР, потоа следува период на променливо облачно и постудено време со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини ќе има услови за провејување на слаб снег.

ЗГОЛЕМЕНИ СЕ РЕЗЕРВИТЕ ВО ЗЛАТО ВО РУСИЈА

Руските инвестиции во злато минатиот месец се зголемени за 4 отсто, надминувајќи го рекордот кој беше поставен во септември кога златните резерви изнесуваа 199,8 милијарди долари. Учеството на златото во руските девизни резерви се зголеми од 31,5 отсто во септември на 32.9 отсто во октомври годинава. Ова е новиот максимум кој беше постигнат во ноември […]

РЕКОРДЕН РАСТ НА ЦЕНАТА НА ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 18 МЕСЕЦИ

Референтната вредност на цените на светските прехранбени производи во октомври годинава достигна највисоко ниво во последните 18 месеци. Поскапувањето на храната во светот е предводено со растот на цените на растителните масла за 7,3 отсто, објави Организацијата за храна и земјоделство во Обединетите нации (ФАО). Индексот на цени за храна на ФАО, кој го следи […]