СРБИЈА ПЛАНИРА РАСТ ОД 4,2 ОТСТО ЗА СЛЕДНАТА ГОДИНА

Во 2025 година Србија за отплата на камати и други придружни трошоци за задолжување ќе издвои 1,88 милијарди евра, покажуваат податоците од Предлог законот за буџет за следната година. Најголемиот износ од 1,1 милијарди евра се однесува за отплата на странските кредити. Проектираната стапна на економски раст на Србија за 2025 година изнесува 4,2 отсто […]

Неколку села во општина Зелениково утре без струја

Без струја, утре 9:00 до 14:00 часот, ќе бидат дел од селата Пакошево, Вражале, Орешани, Таор, Смесница, Страхојадица, Градовци, Гумалево, Ново Село и Тисовица во општина Зелениково. Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот ќе биде поради планирани технички интервенции во електродистрибутивната мрежа на ЕВН. фото freepic

Патот кон членство во ЕУ: Каде се наоѓаат земјите кандидати?

На 30 октомври, Европската комисија ги усвои извештаите за проширување за 2024 година со детална процена за напредокот од страна на земјите се стремат да се приклучат на Европската Унија. Извештаите го опфаќаат напредокот на Грузија, Молдавија, Украина, Турција и земјите на Западниот Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија) на […]

Родители од Карпош утре ќе дискутираат за врсничко насилство на работилница на „Макпетрол“

Во Кинотека на Македонија, утре (11 ноември), со почеток во 18 часот, ќе се одржи работилница против врсничко насилство наменета за родители. Фокусот на оваа средба е Карпош, како една од 26 општини кои што се приклучија на општествено одговорната кампања на македонската компанија, „Крени глас против врсничко насилство“. Како и на досегашните четири и […]

АД МЕПСО ги стопира донациите и спонзорствата до крајот на оваа година

АД МЕПСО денеска соопшти дека ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година. – Одлуката беше донесена едногласно, на седница на Управниот одбор на АД МЕПСО, предводен од генералниот директор Бурим Љатифи. Заеднички заклучок е дека трошоците и издатоците по оваа основа треба да се стопираат до следната 2025 година, […]

Скопје меѓу десетте најзагадените градови во светот

Скопје утрово се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот. Според листата на IQAir воздухот е опасен за дишење, а индексот на загаденост е 153. На листата на IQAir , Скопје е рангиран како шестти најзагаден град во светот по Лахор во Пакистан, Њу Делхи во Индија, Багдад во Ирак, Техеран во Иран и […]

Следува променливо облачно и постудено време

Следува период на променливо облачно и постудено време, до четврток со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини особено во ноќта кон вторник ќе има услови за појава на повремен снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура утре ќе се движи во интервал од -5 до 4, а максималната од 7 до […]

Археолошки истражувања: Виртуелна прошетка на Трескавец

Најновите археолошки истражувања го потврдуваат Трескавец како милениумско духовно светилиште и живеалишен комплекс со стратешко значење, констатираат од Институтот за старословенска култура од Прилеп кој ги заокружи годинашниве археолошки истражувања за античката населба Колобаиса на Трескавец. Институтот, преку проект на Министерството за култура за првпат направи виртуелна прошетка на Трескавец која секој заинтересиран може да […]

БИТКОИНОТ УРИВА РЕКОРДИ, денеска надмина над …

Биткоинот продолжува да урива рекорди откако постои оваа криптовалута. Нејзината цена на берзата на криптовалути ја надмина вредноста од 80.000 долари. Цената на биткоинот деенска во 13:02 изнесуваше 80.065 долари. На берзата Бајненс, најголемата берза за криптовалути, биткоинот ја зголеми вредноста за 4,59 отсто во текот на денот, објави „Танјуг“. фото freepic

ФРАНЦУСКИТЕ ДАНОЧНИ ОБВРЗНИЦИ ПЛАЌААТ ЗА ПРИВИЛЕГИИТЕ НА 11 ПОРАНЕШНИ ПРЕМИЕРИ

За поранешните 11 француски премиери граѓаните на Франција, преку државниот буџет минатата година, платиле 1,23 милиони евра, што е зголемување за 27 отсто во споредба со 2022 година. Парите кои се издвојуваат од даночните обврзници се потрошени за користење автомобили, возачи, секретарки… На листата на поранешни претседатели на влади кои користат буџетски бенефиции се и […]