БРИТАНИЈА ПОСТАВУВА ПОДВОДНИ КАБЛИ ЗА ПРЕНОС НА СТРУЈАТА ОД ВЕТЕРНИТЕ ЕЛEКТРАНИ НА МОРЕ

Велика Британија го одобри поставувањето на пет подморски електрични каблови, преку кој ќе се пренесува електричната енергија која ќе се добива од ветерните паркови поставени на морето. На овој начин земјата може да биде и голем извозник на зелена електрична енергија во наредната деценија. Канцеларијата за пазарот со гас и електрична енергија Офгем одобри три […]
СУШАТА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ВЛИЈАЕШЕ НА ЗГОЛЕМЕНАТА ИНФЛАЦИЈА ВО СРБИЈА

Годишната стапка на инфлација во октомври во Србија се зголеми на 4,5 отсто, по септемвриската 4,2 отсто. Растот на потрошувачките цени се приближи на горната граница од проекциите на Централната банка на Србија. Растот на високите цени на прехранбените производи се гледа и на пазарите во Србија, а тоа се должи и на сушата што […]
МВР набави нова машина за печатење лични документи

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посетил Одделението за персонализација во МВР каде била промовирана новата машина за печатење на лични документи. Со новата машина за печатење на лични документи треба тројно да се зголеми капацитетот и да се забрза издавањето на документите. – Машината ги печати сите видови картични документи кои ги […]
Се продлабочува енергетската соработка со Азербејџан

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, како дел од официјалната делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, присуствуваше на средбата со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев. Во фокусот на разговорите беше потенцијалот за соработка во областа на енергетиката, посебно гасификацијата. -За време на средбата беа […]
ПАД НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО ВО ЕУ

Сезонски прилагодена индустриско производство во еврозоната во септември се намали за 2,8 отсто на годишно ниво и за два отсто во однос на претходниот месец, објави Евростат. Во Европската Унија индустриското производство, според прелиминарните процени, во септември се намали за 2,4 отсто на меѓугодишно ниво и за два отсто на месечно ниво. Најголемиот годишен раст […]
ЦЕНИТЕ НА КАКАОТО, КАФЕТО, ЧАЈОТ ЌЕ ЈА ЗГОЛЕМАТ ВРЕДНОСТА НА ГЛОБАЛНИОТ УВОЗ ВО БОГАТИТЕ ЗЕМЈИ

Глобалниот увоз на храна ќе се зголеми за 2,2 отсто во однос на претходната година и ќе надмине два трилиона долари во 2024 година, поради високите цени на какаото, кафето и чајот и на увозот на овошје и зеленчук, се наведува во извештајот на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Трошоците за увоз […]
КУПУВАЧИТЕ ДА ВНИМАВААТ НА ЦЕНИТЕ НА ЦРН ПЕТОК, предупредуваат од Хрватското здружение за заштита на потрошувачите

Црниот петок во Хрватска е далеку поразличен од оној што се применува во Америка и затоа хрватските граѓани треба да бидат внимателни пред да одлучат да пазарат на денот со „најголеми попусти на производите“, предупредува Ана Кнежевиќ, претседателката на Хрватското здружение за заштита на потрошувачи. – Во САД на 29 ноември во продавниците може да […]
СРБИЈА САКА ДА УЧЕСТВУВА ВО СОПСТВЕНОСТА ВО НУКЕЛАРКАТА ВО УНГАРИЈА

Железничката линија Белград-Будимпешта на која ќе сообраќа брзиот воз ќе биде отворена најдоцна до март 2026 година и патувањето ќе трае два часа и 45 минути, објави српскиот претседател Александар Вучиќ, по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Будимпешта. На состанокот Вучиќ го замолил Орбан да ја разгледа желбата на Србија да биде сопственик […]
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ПЛАНИРА СОЗДАВАЊЕ НА ПЕНЗИСКИ „МЕГАФОНД“

Британската министерка за финансии Рејчел Ривс денеска ги објави плановите за спојување на десетици пензиски фондови за да се ослободат десетици милијарди фунти за инвестиции и поттикнување на економскиот раст. Ривс рече дека создавањето на таканаречените „мегафондови“ ќе ја претставува „најголемата пензиска реформа во последните децении“. Таа смета дека спојувањето може да ослободи 80 милијарди […]
Најмногу жртви во поплавите во Шпанија има во Валенсија

Бројот на жртвите во поплавите во Шпанија се искачи на 224, а 16 лица се уште се водат како исчезнати, се наведува на веб-страницата на шпанската Влада. Како што се додава, 216 лица загинале во Валенсија, седум во Кастиља Ла Манча и едно во Андалузија, пренесува Ефе. Владата наведува дека е извршена обдукција на сите […]