ХРВАТСКАТА ПРОСЕЧНА ПЛАТА СО РЕАЛЕН РАСТ ОД 12,6 ОТСТО

Просечната нето плата во септември во Хрватска изнесува 1.332 евра, што е зголемување за 0,2 отсто, а реално за 0,6 отсто, во споредба со август годинава, објави хрватскиот Државен завод за статистика. На годишно ниво, просечната нето плата номинално е повисока за 14,4 отсто, а реално за 12,6 отсто во однос на септември 2023 година. […]

ИФО: ПРЕДНОСТА НА ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА СЕ ТОПИ

Во германската индустрија има најпесимистички прогнози за конкурентноста во групата од четири водечки економии во еврозоната, покажало истражувањето на економскиот институт ИФО. – Конкурентноста на германската економија се влошила најмногу од почетокот на истражувањето во 1994 година, изјави Стефан Сауер, од ИФО. Истражувањето се базира на оцените на 2.000 индустриски компании, во кое песимистичко расположение […]

Азески во посета на металуршките компании во комплексот Железара

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, ги посети металуршките компании „Либерти АД Скопје“ и „Макстил АД Скопје“, сместени во индустрискиот комплекс Железара. Посетата имаше за цел да се продлабочи соработката со овој стратешки сектор и да се нагласи ангажманот на Комората како клучен партнер во поддршката на компаниите во нивните напори за […]

Агенцијата за поддршка на претприемништво го додели признанието за најдобар ментор за 2023 година

Добитник на наградата за најуспешен ментор за 2023 година е Неби Јусуфи од Регионалниот центар Тетово, кој се истакна со својата експертиза, посветеност и позитивно влијание врз корисниците и со својата работа постигна значајни резултати Во рамките на Европската недела на претприемништво, Агенцијата за поддршка на претприемништвото успешно го реализираше настанот Mentor Awards 2023, кој […]

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Со фокус на доверливоста и разновидноста, Galaxy A06 е добредојден додаток на паметните телефони од популарната серија Galaxy A Samsung Electronics го најави лансирањето на Galaxy A06, паметен телефон кој комбинира врвни функции со сигурни перформанси по достапна цена. Galaxy A06 нуди голем екран, разновидна камера и издржлива батерија, со безбедносни функции Knox Vault, а […]

Митева: На македонската вечер организирана од Владата ќе се претстават над 300 винарии

Над 300 мали, средни и големи винарии, вечерва ќе се претстават на македонската вечер, во рамки на „Винска визија на Отворен Балкан“ во хотелот „Хајат“ во Белград. Покрај дегустација на вина, присутните ќе можат да вкусат македонски специјалитети, а вечерта ќе биде збогатена со македонските музичари Андријана Јаневска и Наум Петревски. – Претседателот на Владата […]

Дебата: Без структурни реформи не може да очекуваме економски раст поголем од 2,5 проценти

Просечниот годишен раст на јавниот долг во периодот од 2008 до 2024 година е 7 проценти и веќе надминува 60 проценти од БДП. Буџетскиот дефицит често го надминува поставеното правило од 3 отсто, особено со ребалансот, што покажува слабости во планирањето. За добро планирање, неопходни се јасни податоци за трошоците и расходите од сите институции. […]

Во Штип силниот ветер урна покриви и дрвја

Силниот ветер во Штип продолжува да прави штета и во попладневните часови. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов за МИА изјави дека пожарникарите во моментов интервенираат на улицата „Браќа Даневи“ во населбата Автокоманда, каде има урнато дел од кровна конструкција на станбена зграда. Тој истакна дека дел од штипските населби немаат улично осветлување, поради искинати […]

Втора измама за биткоини во Куманово за само една недела

Уште една измама, втор случај за една недела во Куманово со биткоини, евидентира кумановската полиција. Педесет и деветгодишна кумановка пријавила дека била измамена од лице за сума од 88.338 денари, информираше денеска СВР Куманово. Таа вчера го пријавила случајот во СВР Куманово, а претходно зела брз кредит за да ја добие ветената сума од наводната […]

Снежно невреме предизвикува хаос во повеќето балкански земји

Снегот проследен со силни ветрови предизвика хаос во речиси сите земји на Балканот, од каде известуваат за колапс во сообраќајот и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Во Србија, снежните врнежи создадоа хаос на патиштата, поради што властите апелираат до возачите да бидат внимателни. Активирани се метеоаларми низ целата земја, а во одредени делови истовремено […]