Утрово најниска температура е – 10 степени Целзиусови

Во текот на ноќта и изутринава преовладуваше ведро и многу студено време. Дуваше слаб до умерен ветер од северен и северозападен правец. Најниска температура од -10 степени Целзиусови е измерена во Берово, а најтопло беше во Гевгелија каде е измерен 1 степен Целзиусов. На Попова Шапка е измерена температура од -8 степени Целзиусови, -7 во […]

Во шумски пожари уништени над 500 000 хектари земјиште во ЕУ и соседството

Во текот на минатата година Европа, Блискиот Исток и Африка се соочија со едни од најголемите шумски пожари регистрирани од 2000 година, при што беа опожарени над 500 000 хектари земјиште, се наведува во извештајот на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија. – Во последниве години катастрофалните шумски пожари станаа вообичаени во Европската Унија и […]

ЃОРЃИ ПЕТРУШЕВ: ВО КОМПАНИЈАТА МЕНТОРСТВОТО И ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА ЗНАЕЊАТА Е ДВОНАСОЧНО

Преку поттикнување на позитивна работна култура, препознавање, зајакнување и поддршка, создаваме средина каде вработените се инспирирани, продуктивни и посветени. Менторството и желбата за личен развој беа клучни во мојата професионална кариера. Имав среќа да имам добар ментор, кој ќе ти ја потикнува желбата за раст. Истото го пренесувам и на моите колеги, за да можат […]

Мицкоски: Со банките е договорена каматна стапка од 1,95 проценти за унгарскиот кредит за компаниите

Од неколку од банките веќе имаме потврда и очекувам најголем дел од нив да застанат зад проектот и конечно 250-те милиони евра од унгарскиот заем да бидат поделени на македонското стопанство, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. -Договорена е каматна стапка од 1,95 проценти, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата […]

Тиквеш и Камник меѓу добитниците на трофеи за најдобри вина на саемот „Винска Визија на Отворен Балкан“

Српската вицепремеирка Ирена Вујовиќ на третиот саем „Винска визија на Отворен Балкан“ синоќа ги додели трофејните награди за најдобри вина на саемот, меѓу кои се и наградите за македонските винарии Камник и Тиквеш, јави дописникот на МИА од Белград. Меѓу наградените во повеќе категории, а по одлука на меѓународно стручно жири кое оценуваше над 900 […]

Платон − за душата −

Во време на вештачка интелигенција, на виртуелна комуникација, на консумеризам, на конформизам, на брзина, на вознемиреност и на површност, се чини душата го губи значењето во човековиот живот. Од друга страна, зборот душа постои во сите култури и јазици, учења и верувања, пагански или религиозни − сеедно − и има централно место. Во македонскиот јазик […]

СЛОВЕНЦИТЕ НА БОЖИКНИ ПОДАРОЦИ ЌЕ ПОТРОШАТ ОД 100 ДО 200 ЕВРА

Словенците годинава за традиционалните подароци за Божик планираат да потрошат од 100 до 200 евра, а една четвртина од граѓаните ќе потрошат до 100 евра, покажало истражувањето спроведено од СЕС Словенија и Институтот за истражување на пазарот и медимумите Медиана. Од вкупниот број на купувачи 34,7 отсто ќе потрошат меѓу 100 и 200 евра, 24,9 […]

Активизам против насилството врз млади жени и девојки

Настан на ОБСЕ против насилство врз млади жени и девојки се одржува попладнево во главниот град на државава. Станува збор за настан во рамки на 16 дена активизам против родово-засновано насилство. Министерката за образование Весна Јаневска пред присутните истакна дека насилството и училиштето не одат заедно. Таа информираше дека петнаесетина пријави за насилство пристигнале до […]

Без струја утре делови од Аеродром и Гази Баба

Без струја утре ќе бидат делови од општините Аеродром и Гази Баба, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. Според известување од „ЕВН Македонија“, поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, без напојување со електрична енергија од 8:30 до 12:30 часот ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Трета македонска бригада“, кај ресторан […]

Економскиот раст и емиграцијата ја намалија невработеноста во Албанија

Стапката на невработеност во Албанија годинава се намали на 10,2 отсто, што за еден отсто пониска споредено со истиот период минатата година, што како појава е присутна повеќе години наназад, јави „Евроњуз Албанија“. Во споредба со регионот, стапката на невработеност е меѓу најниските во регионот, по Србија, која бележи стапка под 10 отсто. – Развојот […]