Голем јубилеј на Архитектонскиот факултет – Скопје: 75 години носител на изградбата на државата и нацијата

Архитектонскиот факултет – Скопје, високообразовната институција која продуцира кадри кои низ историјата учествуваат во планирањето и изградбата на најзначајните објекти во земјава и се едни од клучните носители на нејзиниот развој, денеска одбележа 75 години од формирањето и успешната работа. Значајниот јубилеј се одбележа со свечена конференција во амфитеатарот на факултетот на која присуствуваа поранешни […]

Во Прилеп одбележани 60 години од првата генерација медицински сестри – акушерки

Со заеднички час со младите генерации, матурантките од првата генерација на прилепското медицинско училиште „Ѓорче Петров“, денеска свечено прославија 60-години матура. Од 18-те први дипломирани медицински сестри-акушерки во Прилеп, на заедничкото одбележување беа две за да се присетат и да го одбележат овој голем јубилеј. Mедицинското училиште со првата генерација медицински сестри-акушерки е второ отворено […]

Мицкоски: Речиси сите банки прифатија да ги кредитираат компанииите од унгарскиот заем

Речиси сити банки прифатиле да ги пуштат во оптек парите од унгарскиот заем, а со кои треба да се кредитираат македонските компании, информираше денеска од Охрид, премиерот Христијан Мицкоски. Тој посочи дека кредитите за компаниите ќе бидат до десет милиони евра и тоа за инвестиции. Минималното учество на инвеститорот е 20 проценти, од самиот проект. […]

Признание „Блаже Конески“ за јапонскиот славист Мотоки Номачи

Меѓународно признание „Блаже Конески” на Македонската академија на науките и уметностите денеска му беше доделено на јапонскиот славист и македонист Мотоки Номачи, во рамки на одбележувањето на Денот на МАНУ. Во отсуство на лауреатот, високото признание со медал го прими претставник на Амбасадата на Јапонија во Северна Македонија, а за придонесот на Номачи во афирмирањето […]

ОКТОМВРИСКИ РАСТ НА ИНФЛАЦИЈАТА ВО САД

Инфлацијата во САД се зголеми во октомври, а ова најверојатно ќе влијае и на креаторите на монетарната политика да бидат внимателни при одлуката за намалување на каматните стапки. Индексот на расходите за лична потрошувачка (PCE) се зголеми за 2,3 отсто на меѓугодишно ниво, а тоа е важен индикатор за инфлацијата за американската централна банка ФЕД. […]

ТРИ ЗЕМЈИ ОД ОПЕК ПОВИКАА НА ДОБРОВОЛНО НАМАЛУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДСТВОТО НА НАФТА

Саудиска Арабија, Русија и Казахстан денеска ја нагласија важноста за целосна посветеност на доброволното намалување на производството на нафта што беше договорено меѓу државите од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), пренесува саудиската државна агенција СПА. Веста е објавена по одржувањето на телефонскиот состанок на министрите за енергетика на Саудиска Арабија, Русија и Казахстан. […]

ХРВАТСКАТА ЕКОНОМИЈА СО РАСТ 15 КВАРТАЛИ ПО РЕД

Хрватската економија во третото тромесечие годинава забележа раст од 3.9 отсто на годишно ниво, благодарение на растот на потрошувачката и инвестициите. Државниот завод за статистика објави дека хрватската економија расте 15 квартали по ред, а во третиот квартал има забрзување на растот во однос на вториот квартал кога имаше 3,5 отсто раст. Потрошувачката на домаќинствата […]

ДО 2027 ГОДИНА БАЛКАНСКАТА ТУРИСТИЧКА РЕГИЈА СО 75.000 НОВИ ХОТЕЛСКИ СОБИ, ЛИДЕРИ СЕ …

До 2027 година на балканскиот туристички регион ќе бидат отворени 76000 нови хотелски соби. На врвот на оваа листа е Турција со 28000 соби, а следат Австрија и Грција со 9452 односно 7204 нови хотелски соби. Хрватска, која заостанува со хотелските капацитети за сместување, е на пето место и во наредните две години ќе добие […]

НОРДИСКИТЕ ЗЕМЈИ СЕ ГЛАВНИ НОСИТЕЛИ НА НЕЗАВИСНОСТА НА ЕУ ЗА РЕТКИ МИНЕРАЛИ

Нордиските земји со своите огромни резерви на ретки минерали стануваат главни столбови на економската независност на Европа. Шведска, Норвешка и Финска на својата територија имаат богати резерви на минерали кои се барани на светските пазари. Финска направила најголем скок во развојот на рударскиот сектор, а оваа земја е пред реализација на нови капацитети за експлоатацијата […]

СЛОВАЧКА ПЛАНИРА ИЗГРАДБА НА НОВА НУКЛЕАРНА ЕЛЕКТРАНА

Владата на Словачка планира да распише тендер за изградба на нова нуклеарна електрана за да ја задоволи растечката потрошувачка на електрична енергија. Во соопштението на словачкото министерство за економија се наведува дека новата нуклеарна електрана ќе има инсталирана сила од 1,7 илјади мегавати (MW), пренесува „Мина“. Изградбата на новата нуклеарка може да почне во 2032 […]