Нови средства за зелени проекти – Европската банка за обнова и развој инвестира во македонската енергетика

Стратегијата 2025–2030 предвидува нови средства и подршка за зелени проекти -Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја зајакнува соработката со Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) Министерката за енергетика и рударство и минерални суровини Сања Божиновска одржа продуктивна средба со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), на која беа разгледани […]

„Замисли нов свет“, театарски проект инициран од Телеком во соработка со МНТ

Македонски Телеком ги заокружува активностите од иницијативата #НаправиМесто со уникатен театарски проект насловен „Замисли нов свет“, создаден како колаж од делата на Горан Стефановски, во соработка со Македонскиот народен театар. Направи место Со иницијативата #НаправиМесто, Телеком ја отвори темата за предизвиците со кои се соочуваме како општество и повика на нивно надминување и на вистинско […]

Азески и Туркменоглу: Поддршката за конкурентноста на приватниот сектор – дел од стратегијата на ЕБОР

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, оствари работна средба со шефот на канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во С. Македонија, Фатих Туркменоглу. Разговорите беа фокусирани на новата петгодишна стратегија на ЕБОР за Северна Македонија, која се очекува да биде усвоена напролет следната година. На состанокот беше истакнато дека […]

Од утре со врнежи од дожд и снег

Под влијание на влажна и студена воздушна маса од утре до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно, со појава на магла и со повремени врнежи од дожд, кои наместа и особено на западот и југот ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2), информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. На планините врнежите ќе бидат […]

Во близина Радање откриена ѕидана гробница од крајот на вториот и почетокот на третиот век

Археолозите од Заводот за заштита на споменици и Музеј на град Штип на локалитетот „Беш тепе“ кај карбинското село Радање во изминатите 30 дена открија ѕидана гробница која датира кон крајот на вториот и почетокот на третиот век. Митко Штерјов, раководител на археолошките истражувања, вели дека во самата гробница откриени се повеќе наоди од керамика […]

ОТВОРАЊЕТО НА РУДНИКОТ ЗА ЛИТИУМ ЌЕ ГО ЗГОЛЕМИ БДП НА СРБИЈА ЗА 16 ОТСТО!

Отворањето на рудникот за литиум во долината Јадар може да го зголеми бруто домашниот производ на Србија за околу 16 отсто, изјави Стефан Србиљановиќ, државниот секретар во Министерството за рударство и енергетика. – Кога веќе ги откривме резервите на овие критични минерали кои се потребни за зелената транзиција, мораме да бидеме во првиот вагон. Преку […]

Истрага за внесување на голема сума фалсификувани долари во Турција

Истанбулското обвинителство отвори истрага за дистрибуирање на голема количина фалсификувани долари во различни делови на Турција, објави Си-Ен-Ен Турк. Според информациите, се смета дека на пазарот се пуштени фалсификувани банкноти со апоени од 50 и 100 долари, во вкупна вредност од 600 милиони долари. Според економскиот портал „Економим“, вкупната сума на фалсификувани долари внесени во […]

АД ЕСМ понуди цена повисока за две евра на тендерот на ЕВН Хоум

АД ЕСМ на тендерот на ЕВН ХОУМ понуди цена од 62 евра за мегават часови. Оваа цена е за две евра повисока од досегашната што АД ЕСМ му ја продаваше на универзалниот снабдувач и таа има најголемо влијание врз цената на струјата што граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јануари следната година. Новата цена на […]

ВО НОЕМВРИ „ЗАБРЗА“ ИНФЛАЦИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА

Инфлацијата во Германија во ноември забрзано расте како резултат на силниот раст на цените на стоките и благиот пад на цената на енергентите, покажале прелиминарните пресметки на Заводот за статистика. Во ноември цените биле за 2,2 отсто повеќе од истиот месец минатата година, соопшти денеска Дестатис. Во октомври цените во Германија пораснале за 2,0 отсто. […]

СУШАТА И ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП ГО ПОСКАПУВААТ КАФЕТО

Цената на кафето на светските пазари достигна највисоко ниво во последните пет децении. Рекордната цена на кафето е последица на лошите временски прилики, сушата, климатските промени и царините кои се најавени од новата американска администрација на Доналд Трамп. Кафето „арабика“ на њујоршката берза на суровини се продава за рекордни 320,10 американски центи за една фунта, […]