ГЕРМАНИЈА И ДАНСКА СЕ ПОВРЗУВААТ СО ТУНЕЛ НА ДНОТО НА БАЛТИЧКОТО МОРЕ

Германија и Данска градат тунел под Балтичкото Море со кој патувањето меѓу Хамбург и Копенхаген ќе се намали од пет часа на 150 минути. Градежните работи на тунелот Фехмарнбелт се почнати во 2022 година и ќе чинат околу седум милијарди евра. Сообраќајот преку овој тунел ќе биде пуштен во 2029 година. Подводниот тунел ќе биде […]

ВО БиХ ПОВРАТ НА ДДВ ЗА КУПУВАЊЕ НА ПРВ СТАН

Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина го усвои Предлог законот за дополнување на Законот за данок на додадена вредност со кој се овозможува поврат на ДДВ за државјаните на БиХ со постојан престој при купување на првиот стан. Главната одредба за поврат на ДДВ е ограничена на 40 метри квадратни за купувачот […]

ВО ОКТОМВРИ ЗГОЛЕМЕН БРОЈ НА СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА ВО САД

Бројот на огласи за работа во Соединетите Американски Држави се зголеми во октомври и растот изнесува пет отсто. Во октомври биле огласени 7,7 милиони работни места, во споредба со 7,4 милиони во септември, соопшти Министерството за труд. Сепак најновите податоци за бројот на слободни места се помали во однос на 8,7 милиони огласи за работа […]

ФОНДАЦИЈАТА „ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“ ДОДЕЛИ 40 НОВИ СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2024/2025

Седумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2024/2025 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба […]