Годината 2024 може да стане најтоплата во историјата

Според податоците од програмата на ЕУ „Коперник“ за мониторинг на климатските промени, ноември годинава беше втор најтопол ноември на глобално ниво откако се прават мерења, а 2024 година веројатно ќе биде првата година кога температурата ќе ја надмине границата на затоплување од 1.5 степени Целзиусови, пренесе ДПА. Просечната глобална температура на површината во ноември 2024 […]
Променливо облачно со максимална температура до 13 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Претежно во јужните делови од земјата ќе има повремен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени. Во Скопје променливо облачно и тивко, претпладне со појава на […]
БРОЈОТ НА СЛОБОДНИ РАБОТНИ МЕСТА ЗАБРЗАНО СЕ НАМАЛУВА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Бројот на слободни работни места во Велика Британија во ноември се намали со најбрзо темпо од почетокот на пандемијата. Ноември е 13 месец по ред во кој има намалување на слободните работни места, а посебно се однесува за постојано вработените, што е сериозен сигнал за натамошно влошување на пазарот на труд во Велика Британија. – […]
ЕИБ Глобално го именува Дамјан Сорел за шеф на Регионалниот центар за Западен Балкан

Европската инвестициска банка (ЕИБ Глобално) го именува Дамјан Сорел за свој шеф на Регионалниот центар за Западен Балкан. Тој ја презеде должноста од Алесандро Брагонци, кој ќе ја продолжи својата кариера во седиштето на банката. Преку ова ново раководство, а заедно со своите партнери, банката ќе остане посветена на поддршката на транзицијата кон економија со […]
ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ДА БИДЕ ПАРТНЕР НА СЕКОЈ ГРАЃАНИН, годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација

Не смееме да дозволиме градоначалниците да станат локални владетели, ниту пак статисти во процесите, туку фактори за развој и решавање на проблемите. Ова го истакна денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на годишната конференција за локална самоуправа и децентрализација во организација на Министерството за локална самоуправа, насловена „Кон одржлива локална самоуправа: предизвици, можности и стратегија […]
Агелер: Се надевам дека ниту една политичка партија или личност би работела на дестабилизација на својата земја

Навистина се надевам дека ниту една политичка партија или личност би работела на дестабилизација на својата земја. Не гледам дека тоа може да биде во нечиј интерес, а особено не во интерес на граѓаните на оваа земја, изјави американската амбасадорка Анџела Агелер. Прашана за стабилноста на земјава и дали разговарала со владини претставници за можна […]
Димитриеска Кочоска: Следната буџетска година ќе биде инвестициска

Предлог буџетот за 2025 година предвидува раст на економијата од 3,7 проценти и според Владата, тој е развоен, поткрепен со планирани средства за капитални инвестиции, проекти на општините и поддршка на стопанството, изјави министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска пред пратениците истакна дека следната година ќе биде инвестициска. Собранието во рамки на 22. пленарна седница […]
Зголем бројот на одобренија за градење, Полошкиот регион со најмногу дозволи

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2024 година се издадени 363 одобренија за градење, што е за 11,7 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 8 469 616 илјади денари, што е за 12,3 % повеќе во однос на […]
Трошоците на живот повисоки за 4,3, а цените на мало за 4 отсто

Трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, бележат зголемување од 4,3 отсто, а цените на мало од 4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2024 година, во однос на октомври 2024 година, изнесува 1 отсто. Цените на мало во ноември во […]
Поевтинуваат Еуродизелот и Еуросупер БС-98

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 1,00 денари и еден литар ќе чини 70,00 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 0,50 денари и ќе се продава за 78,00 денари, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се […]