Поевтинуваат Еуродизелот и Еуросупер БС-98

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 1,00 денари и еден литар ќе чини 70,00 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 поевтинува за 0,50 денари и ќе се продава за 78,00 денари, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се […]
ТРУДО: АМЕРИКАНЦИТЕ ЈА ГЛЕДААТ РЕАЛНОСТА ОД ВОВЕДУВАЊЕТО НА ЦАРИНИ ЗА КАНАДСКИТЕ ПРОИЗВОДИ

Американците почнуваат да будат и да ја согледуваат реалноста. Најавите за воведување царини за канадските производи од страна на САД ќе го направи животот многу поскап, изјави премиерот на Канада Џастин Трудо, во неговиот говор пред претставниците на Стопанската комора во Халифакс. Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави дека ќе воведе царини од 25 отсто […]
Се замрзнуваат платите на избраните и именуваните лица

Владата денеска на седница донесе неколку одлуки меѓу кои дека нема да растат платите на избраните и именуваните лица, судиите, членовите на Судскиот совет и јавните обвинители. Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на Фејсбук соопшти дека платите на овие лица ќе бидат замрзнати преку интервенција на коефициентите за пресметка на плати. За таа цел задолжени […]
Собранието едногласно со 74 гласа „за“ го донесе Буџетот за 2025 година

Собранието во рамки на попладневниот дел од 22-та седница со 69 гласа „за“ и 5 „против“ го донесе Буџетот за 2025 година во кој вкупните приходи се планирани на ниво од 358,8 милијарди, а расходите на ниво од 400,2 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е проектиран во апсолутен износ од 41.350 милиони денари, односно на 4 […]
Фабриките за вештачка интелигенција ќе се градат во седум земји од ЕУ, меѓу нив и Грција

Отворање фабрики за вештачка интелигенција во седум земји од Европската Унија, односно во Шпанија, Италија, Финска, Луксембург, Шведска, Германија и Грција, соопшти ЕК, додека грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис коментираше дека тоа е „национален успех“ и „големо достигнување за земјата“, јави дописничката на МИА од Атина. Според Европската Комисија, целта е да се поттикне иновативноста на […]
ИНФЛАЦИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА ПОВТОРНО ПОРАСНА НАД ДВА ОТСТО

Зголемувањето на цените на услугите и храната ја врати инфлацијата над два отсто во Германија за прв пат од јули. Споредено со истиот месец минатата година, потрошувачките цени во ноември се повисоки за 2,2 отсто, потврди Федералното биро за статистика. Од октомври до ноември годинава цените се намалија за 0,2 отсто. Економистите претпоставуваат дека стапката […]
ДО КАДЕ Е ГРАНИЦАТА НА СРПСКИОТ МОДЕЛ НА ЕКОНОМСКИ РАСТ?

Економскиот раст на Србија моментално е поголем од земјите во средна и источна Европа, но моделот на кој се темели нејзиниот раст е пред „исцрпување“, е заклучокот од научниот собир одржан во Српската академија на науките и уметностите. Професорот на Економскиот факултет во Белград и поранешен член на Фискалниот совет Павле Петровиќ, предупредува дека српскиот […]
КОИ ЗЕМЈИ НАЈМНОГУ УПЛАЌААТ ВО ЗАЕДНИЧКАТА ЕУ-КАСА, А КОИ НАЈМНОГУ КОРИСТАТ?

Во 2023 година „големата четворка“ на Европската Унија имала најголем придонес во буџетот на ЕУ. Девет земји придонеле помалку од една милијарда евра во буџетот на ЕУ во 2023 година, а најмал придонес имале Малта (112 милиони евра), Кипар (259 милиони евра) и Естонија (355 милиони евра), објави „Еуроњуз Бизнис“. Според податоците на Европската комисија, […]
ВО БАЛТИЧКИТЕ ЗЕМЈИ НАЈМНОГУ ПЕНЗИОНЕРИ ПРОДОЛЖУВААТ СО РАБОТАТА

Во Европската Унија 13 отсто од граѓаните кои се на возраст од 65-67 години работат и по пензионирањето. Приближно половина од луѓето кои продолжиле да работат својата работа ја извршуваат под исти услови како пред пензионирањето, додека другата половина го промениле работниот однос или го намалиле бројот на работни часови, се наведува во извештајот на […]
БАНКИТЕ ВО РЕГИОНОТ ПОКАЖУВААТ ПОГОЛЕМА ПОДГОТВЕНОСТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ

Банките во регионите на централна, источна и југоисточна Европа и на Западен Балкан бележат позитивни трендови во побарувачката и понудата на кредити. Исто така, банките во овој регион покажуваат поголема подготвеност за давање на кредити, покажало истражувањето за банкарското кредитирање за втората половина на 2024 година. кое го спроведе Европската инвестициска банка. – Во текот […]