АМЕРИКАНЦИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД РАБОТАТА, НО НЕ И ОД ПЛАТИТЕ!

Половина од вработените лица во Америка велат дека се исклучително или многу задоволни од својата работа, а 38 отсто од нив се чуствуваат „просечно задоволно“, додека 12 отсто велат дека се задоволни од работата, се наведува во новиот извештај на невладината организација Pew Research Center, која спроведе анкета на повеќе од 5.000 лица во САД. […]

Редовно законско ажурирање на регистрите на професионални сметководители

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), согласно своите законски надлежности, и оваа година спроведува процес на редовно ажурирање на регистрите на сметководители, овластени сметководители и правни лица кои вршат сметководствени работи. Процесот ќе трае до 20-ти декември, до кога сите физички и правни лица кои вршат сметководствени работи ќе треба да ги достават податоците […]

ВО СРБИЈА ХОТЕЛСКОТО СМЕСТУВАЊЕ ПОСКАПЕЛО ЗА 19 ОТСТО

Цените на угостителските услуги во Србија во ноември се зголемени за 13,2 отсто во однос на ноември лани, објави денеска Републичкиот завод за статистика (РЗС). Храната поскапела за 11,2 отсто, вклучувајќи топли и ладни предјадења, печива и оброци по нарачка за 11,7 отсто, готовите јадења за 7,9 отсто. Најмногу поскапеле салатите и тоа за 14,7 […]

Побарувачката за кредити е силна и на Западен Балкан, се наведува во извештајот на ЕИБ

Пристапот до финансирање за банките-подружници во регионот останува стабилен, а депозитите на мало служат како главен двигател. Банките очекуваат континуирана поддршка и од депозитите на мало и од корпоративните депозити, што ќе придонесе за поволна средина на финансирање во иднина. Овој силен пристап до финансирање е од витално значење за банките да ги задржат своите […]

ЕВН и ТАВ поставија полначи за електрични автомобили на аеродромите во Скопје и во Охрид

Во согласност со стратегиите за одржливост и посветеноста кон квалитетот на живот на корисниците, ЕВН Македонија, во партнерство со ТАВ Македонија, заеднички воведуваат нова услуга: станици за полнење електрични возила на аеродромите во Скопје и Охрид. Од денес, патниците, корисниците, гостите и персоналот на Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид ќе […]

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Штип

Едукативна средба на која родителите ќе дискутираат за врсничкото насилство утре (12 декември) ќе се одржи во салата на советот на општината во Штип. Почетокот на работилницата, која е наменета и за родителите од Свети Николе, е закажан за 18 часот. Настанот е организиран од „Макпетрол“ во рамки на општествено одговорната кампања „Крени глас против […]

Circle и Binance во стратешко партнерство за забрзување на глобалното усвојување на USDC и криптовалути

USDC ќе стане уште пошироко достапен на глобалната платформа на Binance Водечките компании во крипто индустријата, Circle Internet Group Inc. и Binance, објавија ново стратешко партнерство на Финансиската недела во Абу Даби. Оваа соработка има за цел да го забрза глобалното усвојување на USDC (стабилна криптовалута на американскиот долар) и да го поддржи развојот на […]

ЕПП предлага „олабавување“ на целите за намалување на емисиите на ЦО2 во автомобилскиот сектор

Европската народна партија (ЕПП) ќе предложи мерки за помош на европската автомобилска индустрија, која се соочува со намалена побарувачка, особено за електрични автомобили, и со зголемена конкуренција од Кина. Мерките што ги предлага ЕПП, предвидуваат избегнување на казните за автомобилската индустријата поради непочитување на сегашните правила на ЕУ за намалување на емисиите на јаглерод диоксид […]

Албанија и Македонија ќе бидат поврзани со тунел и нов граничен премин

Албанија и Македонија ќе бидат поврзани со нов граничен премин, што ќе го создаде изградбата на коридорот 8, чии работи продолжуваат од двете страни истовремено, објави албанската министерка за инфраструктура и енергетика, Белинда Балуку. – Додека ние градиме во правец на Северна Македонија, Северна Македонија гради во правец на Албанија, за да се спојат на […]

ЕУ ќе емитува обврзници од 90 милијарди евра

Европската комисија во првите шест месеци од 2025 година има намера да емитува обврзници во износ од 90 милијарди евра, при што средствата прибрани од нив ќе бидат наменети за продолжување на закрепнувањето на ЕУ по корона пандемијата, за зајакнување отпорноста на економијата на блокот и за поддршка на партнерите, пред се Украина и земјите […]