ЕУ ќе емитува обврзници од 90 милијарди евра

Европската комисија во првите шест месеци од 2025 година има намера да емитува обврзници во износ од 90 милијарди евра, при што средствата прибрани од нив ќе бидат наменети за продолжување на закрепнувањето на ЕУ по корона пандемијата, за зајакнување отпорноста на економијата на блокот и за поддршка на партнерите, пред се Украина и земјите […]
ВРЕДНОСТА НА БРИТАНСКАТА ФУНТА НА НАЈВИСОКО НИВО ВО ОДНОС НА ЕВРОТО

Вредноста на британската фунта го достигна осумгодишниот максимум во однос на еврото, поради подобрите економски индикатори на Велика Британија споредено со земјите од еврозоната. Британската фунта на денешното тргување се продаваше за 1,2134 евра. Двете главни економии во еврозоната, Германија и Франција, се соочуваат со политичка криза кои негативно влијаат на побарувачката во овие земји, […]
Летови Охрид – Истанбул од 27 март

Туркиш Ерлајнс закажа и пушти во продажба летови меѓу Истанбул и Охрид за летната сезона 2025 година, откако претходно аплицираше за субвенции од државава, објави порталот „Екс ју авијација“. Летовите ќе започнат на 27 март, четири пати неделно, во понеделник, четврток, петок и недела. Авиолинијата за поврзување на Охрид и Истанбул е една од шесте […]
ОПЕК ПОВТОРНО ЈА НАМАЛИ ПРОГНОЗАТА ЗА ПОТРОШУВАЧКАТА НА НАФТА

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во својот најнов декемвриски извештај ја намали прогнозата за глобалниот раст на побарувачката на нафта во 2024 година. ОПЕК очекува глобалната потрошувачка за нафта годинава да порасне за 1,6 милиони барели дневно . Ова е намалување во однос на ноемвриската процена на растот за 1,81 милион барели дневно. […]
РАСТ НА ИНФЛАЦИЈАТА ВО САД

Инфлацијата во САД благо забрза и во ноември, но со посилен раст на цените на храната и забележително поблаг пад на цените на бензините, се наведува во денешниот извештај на Министерството за труд. Потрошувачките цени во ноември се повисоки за 2,7 отсто во однос на истиот месец лани. Во октомври цените пораснаа за 2,6 отсто, […]
КОЈА ЗЕМЈА ИМА НАЈНЕРАЗВИЕНА МРЕЖА НА БАНКОМАТИ ВО РЕГИОНОТ?

Црна Гора има 77 банкомати на 100.000 жители, Србија има 53 банкомати, во Хрватска 141 и 58 во Босна и Херцеговина, Македонија има 57 банкомати, Косово има 29 и 35 банкомати на сто илјади жители има во Албанија, покажува анализата на норвешкиот информативен и финансиски портал Finansplassen, кој користеше јавно достапни податоци од повеќе институции. […]
ПОМАЛКУ ДОМАШНИ ГОСТИ, НО ТИЕ ПОВЕЌЕ НОЌЕВАЛЕ

Во земјава во октомври годинава се евидентирани 107 672 туристи, од кои 25,8 % се домашни, а 74,2 % се странски, објави Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во октомври изнесувал 211 611, од кои 32,5 % се од домашните, а 67,5 % од странските туристи. Во периодот јануари – октомври 2024 година, во […]
Грција воведува едукативна програма за однесувањето на социјалните мрежи

Воведување едукативна програма во рамките на предметот информатика за тоа како учениците да управуваат и да се однесуваат на социјалните мрежи, најави министерот за образование на Грција Кирјакос Пиеракакис, говорејќи за грчката телевизија „Антена“, јави дописничката на МИА од Атина. Надлежниот министер објасни дека имал средба со претседателот на Независната управа за заштита на личните […]
СТРАНСКИТЕ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА ЌЕ МОЖАТ ДА ДОБИВААТ НАДОМЕСТ ЗА НЕВРАБОТЕНОСТ

Странските работници со работна дозвола кои ќе го прекинат работниот однос ќе можат да се запишат во евиденцијата на Хрватскиот завод за вработување и ќе имаат право на надомест за невработени. Ова право произлегува во измените на Законот за пазар на труд за кој расправаше хрватскиот парламент. – Невработените лица за прв пат ќе можат […]
МЛАДИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ОСАМЕНИ ОД СТАРИТЕ ЛИЦА!

Младите лица во Германија имаат поголема веројатност да се чуствуваат осамено отколку постарите луѓе. Повеќе од две третини од испитаниците на возраст од 18 до 39 година, околу 68 отсто изјавиле дека често, понекогаш или ретко се осамени. Кај повозрасните испитаници на возраст над 40 години оваа „појава“ е присутна само кај 50 отсто од […]