УБАВИОТ ЗБОР: Убавите луѓе

Дојде есента. Време за отрезнување и одмор од претераноста на летото. И нели по младоста доаѓа зрелата доба? Наесен се берат плодовите и се гледаат какви се. Оти има прскани и непрскани, здрави и болни, а некои дрвја нема ни да родат плод. Нема да дадат род. А дрвото по плодот се познава. Живееме во […]
„Новогодишна кошница“, најавени 900 производи со пониски цени, инспекторите на терен

Стартува акцијата „Новогодишна кошница“ со која до 15 јануари над 900 производи опфатени со акциската листа треба да се продаваат по пониски цени за 10 проценти. Акциската листа опфаќа леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани […]
МЕЃУНАРОДНА КРИМИНАЛНА ГРУПА БАРА ОТКУП ЗА ХАКИРАНИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ НА ГРАЃАНИ ОД РОД АЈЛЕНД

Личните и банкарските податоци на стотици илјади жители на американската сојузна држава Род Ајленд, вклучувајќи ги и броевите за социјално осигурување, најверојатно биле хакирани од меѓународна криминална група која барала откуп, соопштија американските власти. Во пораката што претставниците на Род Ајленд ја опишаа како изнуда, хакерите се заканиле дека ќе ги објават украдените информации доколку […]
НЕДЕЛЕН РАСТ НА ДОЛАРОТ ВО ОДНОС НА ЕВРОТО

Вредноста на доларот кон кошничките валути се зголемува втора недела по ред, а еврото ослабна по минатонеделната одлука на Европската централна банка за намалување на клучната каматна стапка. Индексот што ја одразува вредноста на американската валута кон шесте најважни светски валути минатата недела зајакна за 0,9 отсто и достигна вредност од 106,94 поени. Курсот на […]
„ЗИМСКА“ РЕЗЕРВАЦИЈА, ЗА ПОЕВТИНО ЛЕТУВАЊЕ ВО 2025 ГОДИНА, нов тренд во туристичката понуда во Србија

Додека на Балканот се очекуваат врнежите од снег пред новогодишните празници многу граѓани во Србија веќе размислуваат каде ќе го поминат следното лето, а тоа го покажува и зголемениот број на резервации за летните аранжмани за 2025 година. Многу туристички агенции во Србија веќе ги промовираат т.н. „first minute” понуди во кои се вклучени и […]
МИГРАЦИЈАТА ВО СТРАНСТВО ЈА НАМАЛИ СИРОМАШТИЈАТА ВО АЛБАНИЈА

Речиси секој петти жител на Албанија живее на прагот на сиромаштија. Има вкупно 545.400 лица кои имаат ниски примања, а на кои им се заканува ризикот да живеат без минимални стандарди, објави euronews.al, повикувајќи се на државниот институт за статистика, ИНСТАТ. Според истиот извор, податоците што ги објавил ИНСТАТ за 2023 година покажуваат дека во […]
ВО ОДГЛЕДУВАЊЕТО КОЊИ ВО ЕУ СЕ „ВРТАТ“ 100 МИЛИЈАРДИ ЕВРА!

Секторот за одгледување на коњи во Европската Унија остварува годишна вредност од околу 100 милијарди евра и создава околу 800 илјади работни места, покажуваат процените на „European Horse Network“. Други истражување во Германија укажуваат дека вкупните годишни трошоци во секторот на одгледување на коњи изнесуваат околу 2,6 милијарди евра, додека вкупниот промет во оваа „индустрија“ […]
Тошковски: Уапсени четири лица во Струга и Гостивар, осомничени дека планираат настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста на Македонија

Во полициска акција што утрово била спроведена во Струга и во Гостивар уапсени се четири лица за кои има основано сомнение дека планирале во иднина да организираат одредени несакани настани кои би можеле да ја загрозат безбедноста како на Македонија, така и на други држави, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој појасни […]
Во Солун се случи еден вид „духовна гозба“ посветена на македонскиот јазик и литература, вели Владимир Мартиновски

Благодарение на богатата програма, одличната организација и инспиративните излагања на сите учесници, на Универзитетот „Македонија“ во Солун се случи еден вид „духовна гозба“ посветена како на македонскиот јазик и литература, така и на перспективите за меѓусебна академска соработка, вели за МИА деканот на Филолошкиот факултет, професор Владимир Мартиновски за вчерашната научна конференција на која македонски […]
КАКО ДА СЕ ПАЗАРИ РАЦИОНАЛНО ПРЕД ПРАЗНИЦИТЕ?

Деновите пред новогодишните празници се можност за купување на различни производи и услуги и луѓето најчесто ги надминуваат своите финансиски можности и влегуваат во непотребен минус на банкарските картички. Експертите од областа на финансиите даваат и совети за рационално однесување при пазарењето. Една од методите за правилно управување со своите месечни приходи е „cost per […]