„Еден милион садници за пет години“ – акција на Халкбанк АД Скопје и ЈП Национални шуми

Халкбанк АД Скопје преку ЈП Национални шуми ќе спонзорира засадување еден милион садници во следните пет години низ територијата на целата држава. Новата еко-акција на Халкбанк АД Скопје е насловена „Еден милион садници за пет години“ и е поддржана од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Министерството за животна средина и просторно планирање. Акцијата […]

Прекинот на вода во Скопје ќе биде од 22 часот во петок сѐ до санирање на дефектот

По минатонеделното излевање на вода на улицата „Никола Парапунов“ во Општина Карпош, од ЈП „Водовод и канализација“ за МИА информираат дека, според информациите што ги имаат, најавениот прекин на вода во Скопје ќе биде после 22:00 часот во петок (20 декември) и ќе трае се до санирање на дефектот. Вода во Скопје ќе имаат жителите […]

Романски хакери со „фишинг“ украле над 106 милиони евра од сметките на 708 луѓе

Во заедничка операција на романската и германската полиција и Агенцијата на ЕУ за соработка во кривичната правда растури организирана група романски хакери кои украле над 100 милиони евра од сметките на повеќе од 700 луѓе во Европа. Во романските окрузи Олт и Валчеа и во главниот град Букурешт извршени се претреси на 13 адреси како […]

СЛОВЕНИЈА СО НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ОД ЗЕМЈИТЕ ВО „НОВАТА ЕВРОПА“

Централна и Источна Европа забележаа многу силен раст на номиналните плати оваа година. Според Виенскиот институт за меѓународни економски студии, највисока просечна бруто плата во периодот од јануари до септември 2024 година е забележана во Словенија, со 2.337 евра. Таа е и единствената земја во овој регион на „новата Европа“ во рамките на ЕУ која […]

СРЕДБА АЗЕСКИ-МАСУТИС
Продлабочување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција предуслов и за регионален напредок и постигнување подобри економски резултати

Синоќа во Солун беше остварена средба меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и претседателот на Унијата на трговско-индустриските комори на Грција, Јоанис Масутис. На средбата се апострофираа неколку клучни точки кои се приоритети во соработката меѓу двете земји, а кои се однесуваат пред сè на продлабочување на соработката преку подобра инфраструктура […]

Царинска управа: запленети 780 килограми тутун во поголема акција во Битола и Ресен, три лица ќе одговараат кривичн

Секторот за контрола и истраги при Царинска управа спроведе поголема акција во Битола и Ресен во која се запленети 780 килограми режан тутун со вкупна вредност од 3,4 милиони денари. Во акцијата се извршени претреси на домови и помошни простории, а извршени се и контроли на градските пазари. Тројца сторители ќе одговараат кривично, а до […]

ФРАНЦУСКОТО ГРАДЕЖНИШТВО ВЛЕГУВА ВО КРИЗА, СЛЕДАТ ГОЛЕМИ ОТПУШТАЊА!

Франција може следната година да изгуби 100.000 работни места во градежништвото, предупредија од Француската градежна федерација (ФФБ). Законот со кој се превидуваа нови мерки во станбената изградба за 2025 година е „замрзнат“ поради политичката криза, а тоа може да отвори бран на отпуштања во градежниот сектор, предупреди Оливије Салерон, претседател на ФФБ. Според прогнозите за […]

ШВЕДСКА ЌЕ ВЛОЖУВА ВО НУКЛЕАРКИ ШТО ЌЕ ГИ ГРАДАТ ПРИВАТНИТЕ ИНВЕСТИТОРИ

Шведска ги разгледува опциите за преземање на уделите во новите нуклеарни електрани, кои ќе бидат изградени од приватни инвеститори во наредните децении, за да може да ја задоволи побарувачката за електрична енергија без користење на фосилни горива, изјави Никлас Викман, шведскиот министер за економија. Шведската влада предвидува до 2045 година потрошувачката за електрична енергија да […]

Филип Морис Интернешнал и Тутунски комбинат Прилеп прославуваат една деценија успешна соработка

Десет години успешна стратешка соработка меѓу Филип Морис Интернешнал (ФМИ) и Тутунскиот Комбинат Прилеп (ТКП) се одбележаа на настанот на кој, меѓу другите, присуствуваa премиерот Христијан Мицкоски, Регионалниот потпретседател за кластерот Југоисточна Европа во Филип Морис Интернешнал, Костас Салварас и Генералниот директор на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп (ФМТКП), Иван Костиќ. Присутните заклучија дека се […]

НБ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 п.п.

На 17 декември 2024 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето […]