По 100 евра од државата за косовските пензионери и децата до 16 години

Косовската влада обезбеди по 100 евра еднократна дополнителна помош за пензионерите и децата на возраст до 16 години,јавија косовските медиуми. Според косовскиот премиер Албин Курти, тоа не е само подарок за крајот на годината, туку и инвестиција во благосостојбата на децата во Косово без разлика на нивната етничка припадност, како и поддршка за пензионерите. Тоа […]
„СЛАБОСТА“ НА ЕКОНОМИЈАТА НА ЕВРОЗОНАТА ВЛИЈАЕ НА ЦЕНАТА НА НАФТАТА

Минатата недела цената на нафтата на светските пазари се намали за два отсто, поради загриженоста на трговците од поголемата понуда од потрошувачката. Цената на еден барел на лондонската берза се намали за 2,1 отсто и изнесуваше 72,94 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 2,6 отсто и се продаваше за 69,46 долари. Намалувањето на […]
Куба ја погоди земјотрес со интензитет од 5,9 степени по Рихтер

Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Куба, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот е регистриран на длабочина од 25 километри и епицентарот на 53 километри од Бајамо во правец југ-југоисток. фото freepic
МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија

Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево, Босна и Херцеговина, кој беше изведувач на изградбата на 400 киловолтниот далновод од ТС Битола 2 до македонско-албанската граница, информираат од АД МЕПСО. – До неодложно раскинување на договорот доведе неисполнувањето на обврските од страна на изведувачот и барањата на изведувачот за дополнителни плаќања поради значителното зголемување на […]
Запленети 2,7 милиони евра во европска операција против перење пари и шверц на кеш

Во операција на Европол против шверцување на кеш во земјите-членки на ЕУ откриени и запленети се 2,7 милиони евра во кеш. Во акцијата претресени се над 300 патници на аеродромите, пристаништата, железничките станици и границите на ЕУ, како поштенските пратки, при што се запленети злато и накит, вклучително и 18 златни плочки во вредност од […]
Д-р Нина Ангеловска во „Бизнис-клуб“: Промените во нашата земја се многу тешки, без разлика дали се прават однатре во институцијата или однадвор во кој било сегмент

Во четвртата епизода на подкастот „Бизнис-клуб“ со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, д-р Нина Ангеловска зборува за петте лекции кои успеала да ги научи во текот на својот мандат како министер за финансии. „Прво, научив дека е исто толку тешко промената да се прави однатре во институцијата колку што е тешко […]
ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА Е ПОБЛИСКУ ДО ЦЕЛТА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ИНФЛАЦИЈАТА

Европската централна банка (ЕЦБ) продолжува со намалувањето на каматните стапки во услови на слаб економски раст и намалена инфлација. Пазарите очекуваат каматните стапки да се спуштат до 2 отсто во 2025 година, но некои аналитичари предупредуваат дека подлабоки намалувања се можни ако трговските ризици и глобалната несигурност се зголемат. Во 2024 година, ЕЦБ ја намали […]
Минималната синдикална кошница за декември зголемена за 840 денари

Минималната синдикална кошница за декември годинава изнесува 62.861 денари и е за 840 денари повисока отколку во ноември годинава кога беше 62.021 денар. Со изнајмен стан од 60 квадратни метри, пак, изнесува 78.236 денари, соопшти денеска Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Според пресметката на ССМ, од минималната синдикална кошничка едно четиричлено семејство за храна […]
Од утре студено, ветровито време со снежни врнежи

Во следните денови ќе се задржи променливо облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец, над 60 километри на час. Од сабота, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, следува период на стабилно, суво и понатаму студено време.
Наскоро во Скопје систем за споделување електрични возила

Писмо за намери за поддршка на првиот проект за 100-проценен електричен кар-шеринг, односно систем за споделување електрични возила, на словенечката приватна компанија „Авант кар“ денеска потпишаа првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Се работи за приватна инвестиција на „Авант […]