ОД УТРЕ НОВA ПОВИСОКA ЦЕНA НА ДИЗЕЛОТ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на горивата. ЕУРОДИЗЕЛ поскапува за 0,5 денари и од утре на бензинските пумпи ќе се продава по цена од 71 денар. Се зголемува и цената на екстра лесното масло за домаќинство – 70,5 денари по литар ќе изнесува од вечерва на полноќ. Цената на мазутот има […]

Унгарскиот заем најверојатно достапен од февруари

Компаниите најверојатно од февруари идната година ќе може да ги користат средствата од унгарскиот заем, прогнозираат банките. Тие се уште ги немаат добиено договорите од Развојната банка, но уверуваат дека потпишувањето ќе оди брзо. Веќе разговараат со клиентите околу проектите, а од кредитирање, оценуваат, не треба да се исклучи ниту еден бизнис, па дури ни […]

Извршена исплата за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко и исплата за градинарско производство

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска извршило исплата на субвенции од тековната 2024 година. Извршена е исплата на произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Исплатени се 294.212.786,00 денари на 4.533 производители на кравјо, овчо и козјо млеко, регистрирани како одгледувачи на говеда, […]

Летови Скопје-Амстердам од март со „Трансавија“

Нискобуџетната компанија „Трансавија“ од март следната година ќе започне со летови Амстердам – Скопје, објави денеска порталот „Екс ју авиејшн“. На релацијата Скопје-Амстердам, „Трансавија“ ќе сообраќа двапати неделно почнувајќи од 2 март. Тоа ќе биде прво поврзување на аеродромот „Схипхол“ и македонскиот главен град со редовен авиопревоз од септември 2008 година. Извор/фото МИА

УЈП: Уште два дена за поднесување на ДДВ – 04 пријавите

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ – 04 пријави, дека рокот истекува во среда, на 25 декември 2024 година. До денеска, според УЈП, од вкупно 7 397 очекувани ДДВ – 04 пријави, поднесени се само 1 831 што е само 24,75 отсто од вкупниот број. Остануваат уште […]

ГФФ Македонија преку проекти во вредност од 12,5 милиони евра, за само една година ги зајакна малите и средни претпријатија (МСП) во Македонија

Во време кога светот се соочува со климатски предизвици и транзиција кон одржливи решенија, Македонија прави значајни чекори кон усвојување на зелени финансиски механизми. Преку програмата Green Finance Facility (GFF), малите и средни претпријатија (МСП) добиваат можност да инвестираат во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, со што се поттикнува економскиот раст и се […]

КУПОВНАТА МОЌ НА ЖИТЕЛИТЕ ВО ЦРНА ГОРА НА ПОЛОВИНА ОД ПРОСЕКОТ НА ЕУ

Бруто домашниот производ по жител во Црна Гора, според стандардот на куповна моќ, во минатата година изнесувал 51 отсто од просекот на Европската Унија, покажуваат податоците на Еуростат. Највисок БДП по жител, според стандардот на куповна моќ, е забележан во Луксембург, кој е за двапати повисок од просекот на ЕУ и изнесува 237 отсто од […]

ПАД НА СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИЦИИ ВО ИСТОЧНА ЕВРОПА

Меѓународните инвеститори се повеќе ги пренасочуваат вложувањата од земјите на Централна, Источна и Југоисточна Европа и во првите три квартали годинава, бројот на најавените гринфилд инвестициски проекти се намалени за 44 отсто во споредба со истиот период лани, објави Виенскиот институт за меѓународни економски студии во својот извештај за странските директни инвестиции. Бројот на најавените […]

Грција ја посетиле над 33 милиони туристи, а приходите надминуваат 20 милијарди евра

За 9,2 проценти е поголем бројот на туристи што ја посетиле Грција во периодот од јануари до октомври годинава, споредбено со лани, а приходите се зголемиле за 5,5 отсто, покажуваат официјалните податоци од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. За десет месеци, Грција ја посетиле 33,8 милиони туристи, а приходите за земјата […]

Сообраќајот во зимски услови, забрани за тешки возила на Стража, Пресека, Ѓавато и Буково

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Забрани за движење на товарни моторни возила воведени се повеќе патни правци низ државата и тоа Дебар – Маврово, Охрид – Кичево (Пресека), Кичево – Гостивар (Стража), Тетово – Попова Шапка (забрана за ТМВ, за сите останати видови возила задолжителна е употреба на […]