Од успехот акцијата за Новогодишната кошница ќе зависи и Велигденската или ќе има одлука за замрзнување на цените

Од успехот на Новогодишната кошница ќе зависи дали Велигденската и Рамазанската кошница ќе одат со акции или, пак, со одлука за замрзнување на цените, најави денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. – До 15 јануари, до кога трае Новогодишната кошница, ќе се знае дали ги постигнала очекуваните резултати или не. Оваа кошница ја […]

ШТО ПОКАЖУВА КОРИСТЕЊЕТО НА ЕМОТИКОНИ ВО КОМУНИКАЦИЈАТА!

Лицата кои почесто користат емотикони во разговорите со пријателите и со фамилијата подобро ги разбираат сопствените емоции и поефикасно ја изразуваат својата личност, покажува истражувањето спроведено во САД. Студијата покажала дека жените почесто ги користат емотиконите, додека луѓето кои се анксиозни или повлечени помалку ги користат. – Начинот на кои комуницираме во текот на виртуелниот […]

ПАД НА ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО

Индустриското производство во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, е помало 3,5 отсто. Во периодот јануари – ноември 2024 година, пак, во споредба со истиот период од 2023, индустриското прозводство е намалено за 3,8 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во […]

Намален бројот на работниците во индустријата во ноември

Бројот на работниците во индустријата во ноември 2024 година, во однос на ноември лани, е помал за четири отсто. Во периодот јануари – ноември 2024 година, пак, во споредба со истиот период од 2023, бележи раст од 0,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во […]

Одбројувањето започна: Остануваат уште 200 дена до почетокот на ЕМОФ Скопје 2025

Денеска во спортскиот центар „Јане Сандански“ беше одбележан почетокот на одбројувањето од 200 дена до стартот на Европскиот младински олимписки фестивал ЕМОФ Скопје 2025, кој во јули следната година ќе се одржи во Македонија. Настанот го собра најдоброто од младинската спортска сцена во Македонија, најавувајќи ја возбудата што ќе следи во наредните месеци. Од денеска […]

РУДАРСТВОТО ВО СРБИЈА СО ГОДИШЕН РАСТ 7,5 ОТСТО

Вкупната економска активност во Србија во 2024 година, мерена според реалните движења на бруто домашниот производ (БДП), забележа раст од 3,9 отсто во однос на 2023 година, соопштија од Републичкиот завод за статистика. Бруто капиталните инвестиции годинава забележале реален раст од 9,2 отсто. Во истиот период земјоделското производство оствари пад на физичкиот обем од 8,8 […]

МИЛИОН ПАТНИЦИ И 15.000 ВОЗИЛА ПОМАЛКУ по еден месец од пуштањето на солунското метро

Над еден милион патници го користеле метрото во Солун во првиот месец откако беше пуштено во употреба, според заменик-министерот за внатрешни работи на Грција Костас Јулекас, јави дописничката на МИА од Атина. Јулекас информираше дека откако почна метрото да функционира на 30 ноември, за 30 отсто се зголемила посетеноста на продавниците во Солун, додека пак […]

ГЕРМАНИЈА ЈА ОЧЕКУВА РАСТЕЧКА НЕВРАБОТЕНОСТ

Невработеноста во Германија најверојатно ќе се зголеми во 2025 година, предвидува Институтот за истражување на вработувањето (ИАБ) со седиште во Нирнберг. Барометарот за декември, што го пресметува Инситутот, се намалува четири месеци по ред и достигна 99,2 , што е најниско ниво по пандемијата. – Агенцијата за вработување очекува невработеноста да продолжи да расте од […]

ПОРТУГАЛИЈА ПУШТА ВО ОПТЕК МОНЕТА ОД СЕДУМ ЕВРА!

Португалија најави дека ќе пушти нова монета од седум евра која е посветена во чест на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, кој го носеше репрезентативниот дрес со бројот седум. Португалскиот фудбалер постигна 130 голови за националниот тим и е на врвот на листата на најдобрите стрелци на УЕФА. Португалската централна банка најави дека ќе ја пушти […]

БРОЈОТ НА ПАБОВИ ВО АНГЛИЈА И ВЕЛС ЗА ПРВ ПАТ СЕ НАМАЛИ ПОД 39.000

Бројот на пабови во Англија и Велс се намали под 39.000 за прв пат откако се води евиденцијата. Од почетокот на годината се затворени или се пренаменети 412 пабови, покажуваат резултатите од анализата на компанијата „Алтус груп“. Весникот „Гардијан“ потсетува дека повеќе од 400 пабови се затворени поради растот на цените и намалената потрошувачка, објави […]