СРБИЈА СО РЕКОРДНИ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 5 МИЛИЈАРДИ ЕВРА

Во текот на минатата година Србија привлече рекордни 5,1 милијарда евра на странски директни инвестиции, а 37,2 отсто се од земјите од Европската Унија и 34 отсто се од азиските земји. Кина е на прво место како најголем инвеститор во Србија, изјави Јагода Лазаревиќ, помошник министер за надворешни работи за економска дипломатија во разговор за […]

ГЕНЕРАТИВНАТА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ГО ПРЕОБЛИКУВА ПАЗАРОТ НА ТРУД

Над 41 отсто од работодавачите планираат да ги намалат бројот на работници поради примената на вештачката интелегенција, покажува истражувањето на Светскиот економски форум. Од анкетираните големи компании, околу 77 отсто одговориле дека планираат да ги преквалификуваат и унапредат вештините на работниците во периодот од 2025 до 2030 година, за да можат да ја применуваат вештачката […]

Агенцијата за патишта на Бугарија делумно виновна за автобуската несреќа на автопатот Струма во 2021 година, одлучи Окружниот суд во Перник

Агенцијата за патна инфраструктура на Бугарија (АПИ) има делумна вина за трагичната несреќа на автобусот на „Беса транс“ на автопатот Струма во 2021 година, во која загинаа 45 македонски државјани, пресуди Окружниот суд во Перник. Според судот, АПИ е одговорна за 10% од настанатата штета и треба да и се наложи на секој од тужителите […]

Македонскиот пасош на 40. место во светот

Со македонски пасош без визи може да се патува во 129 земји, што го рангира на 40-то место според индексот на најмоќни патни исправи во светот за 2025 година, на британската консултантска компанија Хенли & Партнерс. Индексот на Хенли & Партнерс е најчесто цитираното рангирање на пасоши и се заснова на официјални податоци од Меѓународната […]

Царинска управа: спречени обиди за криумчарење на пиротехнички материјали, лекови и фалсификати

– Мобилен тим спречи обиди за криумчарење и заплени 2.108 парчиња пиротехнички материјали што требало нелегално да се продаваат на македонскиот пазар. Пиротехничките материјали се пронајдени во автомобил со македонски регистарски таблички со кој двајца македонски државјани се пријавиле за влез во државата на граничниот премин Белановце. До надлежното Основно јавно обвинителство ќе бидат поднесени […]

Зафировски: Заедно можеме да изградиме попросперитетна иднина

„Во 2025 година очекувам посилен економски раст, со цел од 4 %, придружен од силни економски реформи, подобрувања во деловниот амбиент, повисоки инвестиции на јавниот и на приватниот сектор и повисоки нивоа на странски директни инвестиции споредено со претходните години. Реформите и инвестициите треба да го отклучат потенцијалот за долгорочен раст бидејќи земјава мора да […]

Лосон: Очекувам да изградиме уште побезбедна и просперитетна иднина за двете земји

„Со новите влади во Обединетото Кралство и во Северна Македонија се ангажираме во градење и во продлабочување на нашите трговски и безбедносни партнерства кои и во моментов се силни. Обединетото Кралство останува втор најголем трговски партнер на Северна Македонија со вкупна трговија во вредност од 2 милијарди британски фунти, повеќе од половина од вкупната трговија […]

МВР СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНИТЕ ДА ВНИМАВААТ НА ТЕЛЕФОНСКИ ИЗМАМИ

Министерството за внатрешни работи сооппшти дека Секторот за компјутерски криминал активно презема мерки за истрага и справување со телефонските измами кои се вршат преку техники на пренасочување на телефонски броеви и лажирање на Caller ID. Овие измами, кои во последно време се сѐ почести, имаат за цел манипулирање на граѓаните и стекнување на доверливи податоци […]

Студен бран со дожд и снег со голомразица

Студен бран со дожд и снег, најавува УХМР за наредните денови. Утре кон крајот на денот во западните и северните делови ќе има повремен локален дожд. Во сабота ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во недела времето ќе биде облачно и […]

Охрид и Македонија ќе се претстават на саемот за туристички патувања во Холандија

Туристичката понуда на Охрид и Македонија ќе бидат презентирани на познатиот 54. Меѓународен саем за патувања што од денеска наредните три дена се одржува во холандскиот град Утрехт. Од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот посочуваат дека холандскиот пазар е мошне значаен за развојот на туризмот во земјава. „Учеството на саемот и промоцијата на […]