Во пожарите во Лос Анџелес „изгореа“ 50 милијарди долари, загинаа најмалку десет луѓе

Според проценката на американската мултинационална компанија за финансиски услуги „Џеј Пи Морган“ (JP Morgan), економските загуби од шумските пожари во округот Лос Анџелес веројатно се двојно повеќе во последните 24 часа и сега изнесуваат близу 50 милијарди долари. Се проценува дека осигурените загуби ќе надминат 20 милијарди долари, а таа бројка може да се зголеми […]

Трудо: Со царините на Трамп американските потрошувачи ќе плаќаат поскапо

Канадскиот премиер Џастин Трудо рече дека коментарите на новоизбраниот американски претседател за евентуално припојување на Канада се тактика со цел да се одвлече вниманието на луѓето од влијанието на царините што Доналд Трамп предупреди дека има намера да ги воведе. Трудо изјави за Си-Ен-Ен дека ако Трамп го следи својот план да воведе царина од […]

НОРВЕШКА СТАНУВА ГЛАВЕН ИЗВОР НА ГАС ЗА ЕВРОПСКА УНИЈА

Норвешка произведе рекордно количество гас во 2024 година, а во 2025 година производството благо ќе го намали, соопштија од Државната управа за енергетика (НОД). Производството на гас во земјата лани се зголемило за 6,9 отсто, на 124 милијарди кубни метри. Во 2023 година, Норвешка произведуваше помалку гас поради честите проблеми со гасоводот и одржувањето. Претходниот […]

ВО ЈАНУАРИ ПОЧНУВА ПРОИЗВОДСТВО НА ПРВИОТ Е-АВТОМОБИЛ ОД ФАБРИКА НА БАЛКАНОТ

Србија ќе биде прва земја на Балканот која ќе има финално производство на електрични возила. Според најавите, сериското производство на електричниот автомобил „фијат гранде панда“ во фабриката во Крагујевац ќе почне третата недела во јануари. Планирано е прво да се произведуваат електрични, а потоа и хибридни возила. За купувачите кои ќе купат е-возила, државата одобрува […]

Цената на сировото кафе никогаш не била повисока! И производителите во Македонија принудени да ги прилагодат цените

Цената на сировото кафе во светот достигна највисоко ниво досега – се удвои за само една година. Причините се многубројни: опаѓање на приносите во клучните региони, климатски катастрофи и неправилности во глобалното снабдување. Сето ова се одрази и на домашниот пазар. Поради глобалните предизвици, производителите мораа да ги приспособат цените на своите производи за да […]

Суџубаши: Халкбанк ќе продолжи да биде позитивен двигател на македонскиот банкарски сектор

„Геополитичките случувања и во 2025 година ќе имаат сериозно влијание врз бизнисот во Европа. Овој пат се очекува стабилизација и постепено намалување на каматните стапки, но неизвесноста останува значајна. Халкбанк со својата стабилност, со иновативноста и со посветеноста на клиентите и во 2025 година ќе продолжи да игра клучна улога во развојот на банкарскиот сектор […]

ЦУК: Возачите да се подготват за тргнување на пат во недела

Центарот за управување со кризи информира и за прогнозата на УХМР за наредните денови, според која претстои студен бран со врнежи од снег. – Согласно временските метеоролошки прилики, со соодветни подготовки согласно дестинацијата ако се планираат патувањата, пожелно е да се следат информациите од медиумите за временската состојба и состојбата на патиштата, дадени од надлежните […]

КОПЕРНИКУС ПОТВРДИ: МИНАТАТА ГОДИНА БЕШЕ НАЈТОПЛАТА ДОСЕГА

Минатата година беше најтоплата досега и прва што го надмина клучниот праг на глобалното затоплување од 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските температури, велат научниците. Агенцијата на ЕУ за климатски промени Коперникус ги потврди претходните проекции дека 2024 година ќе биде најтоплата година забележана на глобално ниво и навистина е првата календарска година во која просечната […]

„Фајнанс Тинк“: Ограничувањето на цените на храната ја смируваат инфлацијата само привремено

Мерките за ограничување на цените на храната да се користат само во случаи на особено висока инфлација, а во сите останати случаи да се заменат со структурни мерки или мерки засновани врз пазарни принципи, и тоа: доследна и непристрастна примена на Законот за нефер трговски практики, зајакнување на капацитетот и алатките на Комисијата за заштита […]

ОХРИД СЕ ПОДГОТВУВА ЗА ПРАЗНУВАЊЕТО НА ВОДИЦИ

По повод престојниот верски празник Богојавление – Водици денеска во Охрид беше одржан првиот координативен состанок, на кој беа разгледани деталите околу чествувањето на празникот, што секоја година во градот привлекува голем број верници и посетители. Согласно традицијата, Богојавленските празнувања и оваа година се поделени на два дела и тоа верски односно црковни чествувања, што […]