ВО НОЕМВРИ ГОЛЕМ ПАД НА ОДОБРЕНИЈАТА И ВРЕДНОСТА НА ОБЈЕКТИТЕ ЗА ГРАДЕЊЕ

Во ноември 2024 година биле издадени 260 одобренија за градење, што е за 18,2 % помалку во однос на истиот месец од претходната година. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4.250.392 илјади денари, што е за 63,8 % помалку во однос на ноември 2023 година, соопшти Државниот завод за статистика. Намалената […]

ВЕРО ја продолжува мисијата на грижа и солидарност во Гевгелија, преку платформата #ВЕРОзаТЕБЕ

Кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“ – дел од платформата #ВЕРОзаТЕБЕ“, ја продолжи својата мисија за градење на заедница заснована на грижа и солидарност со настан во Гевгелија. По успешните активности во Скопје и Битола, оваа иницијатива продолжува да ги поддржува згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост низ државата, пренесувајќи порака на надеж, единство […]

Зголемен бројот на странски туристи

Бројот на туристите во ноември 2024 година изнесувал 66 701, од кои 31,6 % биле домашни, а 68,4 % се странски туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на ноќевањата во ноември 2024 година изнесувал 138 226, од кои 38,6 % се од домашните туристи, а 61,4 % од странските. Во периодот јануари […]

Поскапуваат бензините и дизелот

Од ноќеска поскапуваат бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинство, а цената на мазутот се намалува. Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се зголеми за 1,50 денар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се […]

Снег до среда, а потоа студено време

Утре во земјава ќе има повремени врнежи од претежно слаб снег во западните и југозападните делови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринските температури насекаде ќе бидат негативни. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи во деновите потоа ќе преовладува стабилно и понатаму студено време, со ниски утринските температури кои поради разведрувањето дополнително […]

КОЈ ИМА ПРАВО ДА ПРОДАВА ПРОИЗВОД ПОД НАЗИВОТ „ДУБАИ ЧОКОЛАДО“, ОДЛУЧИ СУДОТ ВО КЕЛН

Судот во Келн им забрани на две компании да ги рекламираат своите чоколадни производи како „Дубаи чоколадо“, осве ако прозиводите не доаѓа од Дубаи. Во две постапки судиите одлучиле дека со производите со овој назив ги збунуваат потрошувачите, затоа што просечниот купувач заклучува дека овие чоколада се произведени во Дубаи! Германските судови одлучувале по пријавата […]

ВЕВЧАНСКИ КАРНЕВАЛ: ВЕВЧАНЦИ ИГРАА ФУДБАЛ ВО КАБИНЕТОТ НА ГРУБИ

По традиционалните маски со оркестарот, зетот, невестата, ѓаволите и Глупавите Августи креативните вевчанци на хумористичен начин ја прикажаа релаксирачката атмосвера со играње фудбал во кабинетот на поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешните министри на ДУИ, кои со себе го носеа и куферчето од Државна лотарија на Македонија, а премиерот Христијан Мицкоски им даде црвен картон. […]

ИЈЗ: Нови случаи на Ковид-19, постои ризик од раст на активноста на вирусот

Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се евидентирани од 6 до 12 јануари. По два случаја се регистрирани во Куманово и во Струмица, по еден во Скопје и во Кичево, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), објавени денеска. Пет лица од новите случаи биле на возраст над 60 години. Еден случај бил регистриран […]

МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија

Министерството за здравство попладнево информира за успешна трансплантација на Клиниката за ортопедија, со имплант, односно коска од починат донор, што е имплантирана на два прста кај 13-годишно дете со брахидактилија. Како што истакнуваат од Министерството, кај нас за првпат е извршен ваков тип трансплантација. Детето е со уреден постоперативен тек, нагласуваат од Министерството. Во пишаната […]

Кавадарци бара волонтери за вршење активности за почист и позелен град

Кавадаречката локална самоуправа објави јавен повик за аплицирање на кандидати за волонтирање за извршување активности од проектот „За чисто и убаво Кавадарци“. – Се повикуваат сите заинтересирани странки и млади лица над 15 години да се пријават на јавниот повик, врз основа на кој се организира волонтерска работа за потребата на Општина Кавадарци, за извршување […]