Нова димензија на луксуз на Јадранот: Во мај во Црна Гора се отвора првиот SIRO хотел во Европа

Една од најголемите хотелски групации во светот, Kerzner International, годинава во мај ќе го отвори својот прв SIRO хотел во Европа, и тоа во срцето на Которскиот залив, во рамките на престижниот комплекс Porto Montenegro. SIRO Boka Place ќе претставува уникатен туристички бисер, кој ќе го збогати богатото портфолио на компанијата што ги вклучува брендовите […]

ВИСОКАТА ГЛОБАЛНА ИНФЛАЦИЈА ЌЕ ПОТРАЕ ДО 2028 ГОДИНА!

Глобалната инфлација ќе остане на високо ниво до 2028 година, се заклучува во анкетата на економските експерти (EES) за четвртиот квартал во 2024 година, која ја спроведува институтот ИФО и Институтот за швајцарската економска политика. Краткорочните инфлациски очекувања се во стагнација, а експертите очекуваат во 2025 година просечната инфлација да изнесува 3,9 отсто. Глобалната инфлација […]

Од викендот пораст на дневните температури

Утре и во четврток претпладне ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските температури во текот […]

Во делчевското продолжи обичајот под маски „Ѕвегорска Сурова“

Во делчевското село Ѕвегор и годинава продолжи обичајот под маски „Ѕвегорска Сурова“. Според учесниците на настанот станува збор за доста стара традиција која се организира за Стара Нова Година – Василица. Кум на годинешниот настан е Никола Анастасовски, кој годинава со семејството е задолжен Ѕвегорска Сурова да помине во најдобар ред. – Наше е да […]

Димитриеска-Кочоска: Правиме промени кои носат предвидливост и подобри услови за инвестирање

Економијата е во фокусот на Владата на Македонија и во изминатите 6 месеци од својот мандат посветува внимание да направи промени коишто ќе донесат предвидливост за инвеститорите и подобри услови за инвестирање, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска која беше воведен говорник на Форумот на „Инвисо”, претходно познат како „Еуромани”, којшто се одржува во Виена. […]

РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАЈ: ВО ГЕВГЕЛИЈА ПОЛОВИНА ОД ИСПОРАЧАНАТА ВОДА СЕ ФАКТУРИРА!

Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ од Гевгелија има 54 проценти загуба на вода, само половина од испорачаната вода е фактурирана, а остатокот се губи поради технички дефекти, нелегални приклучоци и нефактурирана комунална потрошувачка, покажува ревизијата направена од страна на Државниот завод за ревизија за 2023 година. Овие загуби, според Заводот за ревизија, сериозно влијаат на приходите […]

Кос: Една до три земји може да влезе во ЕУ во текот на овој мандат

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска изјави дека постои реална перспектива една до три земји да ја постигнат целта за проширувањето за време на актуелниот мандат на Комисијата. За време на дебатата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (Афет), Кос зборуваше за напредокот на 10-те кандидати за членство во ЕУ, а […]

НЕПРИФАТЛИВО Е ВО ЕУ ДА ИМА ВИСОКИ РАЗЛИКИ ВО ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА, Мицотакис во писмото до Фон дер Лајен

Цените на енергијата во Европа сè уште се многу високи, во многу земји-членки се удвоија од 2019 година, цената на природниот гас исто се зголеми и ова нè потсетува дека енергетската ситуација останува несигурна и покрај напредокот што го постигнавме во обновливите извори на енергија и диверзификацијата на снабдувањето, а цените ни укажуваат дека треба […]

ТУРИСТИЧКИ БУМ ВО АЛБАНИЈА ВО 2024 ГОДИНА

Албанија во последните години стана една од најпосетуваните дестинации од туристи од различни земји во светот, кои се љубопитни да ги видат одблиску културните богатства и прекрасната албанска природа, како во планинските така и во крајбрежните области. Министерката за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро, ги објави бројките за странските туристи, нагласувајќи дека Албанија во […]

ПОЖАРИТЕ ВО ЛУКСУЗНИТЕ НАСЕЛБИ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС СЕ НАЈСКАПАТА ПРИРОДНА КАТАСТРОФА ВО САД?

Разорните шумски пожари во поширокото подрачје на Лос Анџелес може да бидат меѓу најскапите природни катастрофи во историјата на САД. Една од причините за тоа е што беа зафатени градски населби со луксузни градби во вредност од неколку милиони долари. Шумските пожари однесоа најмалку 24 човечки животи и имот вреден неколку милијарди долари. Според процените […]