Њу Делхи е најзагадениот град во светот, квалитетот на воздухот „многу опасен“

Швајцарската веб-страница IQAir денеска го рангираше Њу Делхи за најзагаден град во светот, со индекс на квалитет на воздухот од 495, рангирајќи го како „многу опасен“. Густата магла и студеното време го одложија денеска полетувањето на авионите и тргнувањето на возовите во неколку делови на северна Индија, вклучувајќи го и главниот град Њу Делхи. Индиската […]
МАНДАТОТ НА ТРАМП ПОЧНУВА СО ВИСОК БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ ВО САД

Министерството за финансии на САД објави дека дефицитот од октомври до декември 2024 година изнесува 711 милијарди долари што е зголемување од 201 милијарда долари (39 отсто) од дефицитот во истиот период претходната година. Пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата следната недела, состојбата во државниот буџет е таква што расходите нагло се […]
КОЛКУ ТРЕБА ДА Е МЕСЕЧНАТА ПЛАТА ЗА ДА СЕ КУПИ КУЌА ВО ГЕРМАНИЈА?

За купување на куќа во Германија во вредност од 300.000 евра потребно е просечниот граѓанин да има соодветна плата и добри кредитни услови. Финансиските експерти препорачуваат потенцијалниот купувач да плаќа месечна рата на кредитот во висина на 40 отсто од расположивите приходи на домаќинството, пишуваат германските медиуми. За куќа од 300.000 евра и стандардната камата […]
Економија и бизнис | 15 јануари 2025г.
Во бројот од 15 јануари 2025г. ќе читате… Доколку сакате да се претплатите и да го добивате печатеното издание на адреса што вие ќе ја посочите, без трошоци за достава, кликнете ТУКА.
ЕИБ го претстави новиот работен документ за иновации во ЦИЈИЕ на конференцијата Invisso во Виена

На конференцијата Invisso во Виена, Европската инвестициска банка (ЕИБ) објави сеопфатен работен документ кој ја испитува состојбата на иновациите во земјите од Централна, Источна и Југоисточна ЕУ (ЦИЈИЕ), во контекст на дискусиите за долгорочна конкурентност на ЕУ. Овој документ го нагласува значајниот напредок на регионот во зајакнување на капацитетот за иновации во изминатата деценија, а […]
ГОДИНАВА ОДБЕЛЕЖУВАМЕ 20 ГОДИНИ ОД КАНДИДАТСКИОТ СТАТУС – Крајно време е да продолжиме по европскиот пат, изјави министерот Муцунски

Оваа 2025 година одбележуваме, за жал, еден многу неславен јубилеј, 20 години од стекнување на кандидатскиот статус. Крајно време е да продолжиме по европскиот пат. Време е и Унијата да донесе стратегиска одлука за тоа како понатаму ќе се постапува со нашиот пример како своевиден лакмус за кредибилитетот на европската приказна во регионот и пошироко, […]
УЈП: ПРЕКИН ВО РАБОТЕЊЕТО НА СИСТЕМОТ Е – ДАНОЦИ ОД 16 30 ЧАСОТ

Управата за јавни приходи ја известува јавноста и даночните обврзници дека, поради извршување на неопходни интервенции на системот е-Даноци, денес 15.01.2025 година (среда), од 16:30 часот, истиот ќе биде недостапен. Во овој период, даночните обврзници нема да можат да поднесуваат пријави и други електронски поднесоци преку системот е-Даноци. Во периодот додека трае интервенцијата останатите системи […]
Времено исклучен Блок 1 од РЕК Битола, поради енормна влага во јагленот

Блок 1 од РЕК Битола е привремено исклучен од електроенергетската мрежа. Според информацијата од АД ЕСМ, исклучувањето е од превентивен карактер. – Во услови на енормна влага кај депонираниот јаглен поради интезивните снежни врнежи, потребната моќност на термоблоковите може да се постигне само со користење на огромни количини на мазут – што може да доведе […]
ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИЈАТА НОВОГОДИШНА КОШНИЧКА!

Акцијата „Новогодишна кошница“ беше успешна и придонесе за намалување на цените на производите кои што беа вклучени во неа. Според Државниот завод за статистика од податоците за Индекси на трошоците на животот и на цените на мало за декември се забележува дека инфлацијата во 2024 година споредено со 2023 година изнесува 3,5 отсто, како што […]
ОД УЧИЛИШТАТА ВО ШТИП СЕ ИСПИШАЛЕ 30 УЧЕНИЦИ

Во првото полугодие на учебната 2024-2025 година од петте основни училишта се испишале 30 ученици, покажуваат анализите на Секторот за образование во Општина Штип. Раководителката на Секторот за Локален економски развој (ЛЕР) и образование во Општина Штип, Снежана Санева денеска изјави дека мора да се потенцира дека има и 21 ученик, кои се новозапишани во […]