НАЈНИСКА НОЕМВРИСКА ПЛАТА Е ИСПЛАТЕНА ВО ЗАШТИТНИ И ИСТРАЖНИ ДЕЈНОСТИ, просечната нето плата во ноември 41.999 денари

Просечната исплатена нето плата во ноември изнесувала 41.999 денари, што е зголемување за 9,5 отсто во однос на ноември, објави денеска Државниот завод за статистика. Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите Уметност, забава и рекреација каде се бележи зголемување за 15,3 отсто, кај Транспортот и складирањето за […]
Царинска управа: спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки

Мобилен тим спречи обид за криумчарење на 2.220 парчиња лекови и тоа: таблети Jardiance од 25 мг – 780 парчиња, инсулин Sanofi Lantus Solostar 100 u/ml – 40 парчиња, таблети Xarelto 15 мг – 728 парчиња и таблети Eliquis 5 мг – 672 парчиња. Случајот е откриен во внатрешноста на државата кај патарината Романовце при […]
Куманово ќе субвенционира трошоци за домување

Општина Куманово ќе субвенционира трошоци за домување на материјално и станбено необезбедени лица, информираа денеска од секторот за социјална заштита. Оваа мерка можат да ја користат корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) за 2025 материјално и станбено необезбедени лица кои живеат на територија на општина Куманово (лица кои живеат под кирија). – Барањата можат да […]
РЕГИОНАЛНАТА СОРАБОТКА ЌЕ БИДЕ ДОМИНАНТНА ТЕМА ВО НОВИТЕ ГЕОПОЛИТИЧКИ ПОЛИТИКИ-ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА ЗА ИНИЦИЈАТИВАТА „ТРИ МОРИЊА“

Во Стопнаската комора на Северна Македонија денеска се одржа Панел дискусија на која беше претставена иницијативата „Три мориња“, можностите за економската соработка меѓу нејзините членки и придонесот во нивниот економски развој, со посебен осврт на инфраструктурата и вклучувањето на земјите од Западен Балкан и зајакнувањето на оската север-југ во источна Европа. Иницијативата „Три мориња“ опфаќа […]
Градењето на сајбер-отпорно општество е главната цел на Стратегијата за сајбер безбедност

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски денеска на прес-конференција ја презентираше Националната стратегија за сајбер безбедност 2025–2028 година, за што кажа дека претставува пресвртница во процесот на дигитална трансформација на државава. – Во овој период, бевме сведоци на „алармантен пораст на сајбер напади и хибридни закани“. Тие варираат од насочени напади врз критична инфраструктура и […]
НЕДОСТИГОТ НА ЛЕКОВИ НА ОНКОЛОГИЈА Е ПОРАДИ НЕСООДВЕТНО ПЛАНИРАЊЕ ВО 2024 ГОДИНА, изјави Сашо Клековски, директорот на ФЗО

Пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија останаа без биолошка терапија. Дел од нив, во моментов нема биолошка терапија, односно лековите „atezolizumab (tecentriq)“, „bevacizumab (avastin)“, „palbociclib“, „ribociclib“, „fulvestrant“ и „cetuximab“. Тие стравуваат дека за брзо време може да ги снема и „trastuzumab emtansine (kadcyla)“, „nivolumab“, „cobimetinib“ и „vemurafenib“. – Клиниката за онкологија не е во […]
ГРЦИЈА УРИВА РЕКОРДИ ВО ТУРИСТИЧКИОТ ПРОМЕТ

Бројот на туристи кои ја посетиле Грција во периодот јануари – ноември 2024 година е зголемен за 9,7 отсто, споредбено со една година претходно, додека пак приходите од туризмот бележат пораст од 4,9 проценти, според прелиминарните податоци од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Поконкретно, за 11 месеци, Грција ја посетиле 35,1 […]
ГОЛ ЗА РЕМИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ СЕКУНДИ, во драматичен натпревар Македонија одигра нерешено со Австрија

Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 29:29 со Австрија во првиот натпревар од Главната рунда на Светското првенство 2025. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров одиграа добро во најголемиот дел од првото полувреме, имаа во два наврати и три гола предност, на паузата се отиде со резултат 13:14. По неколкуте водства на Австрија во првите минути од […]
КАВАДАРЦИ ОРГАНИЗИРА ФЕСТИВАЛ НА РАКИЈАТА ВО ПОВЕЌЕ КАТЕГОРИИ

Фестивал на ракијата ќе се одржи во Кавадарци, објавен е повик за доставување на мостри, информираа денеска од Организациониот одбор на првиот интернационален фестивал на јаки алкохолни пијалаци и ликери, во изјава за МИА. Оттаму подвлекоа дека меѓу членовите на комисијата за оценување се и стручните лица енологот Елена Богева, професорите доктори Виолета Иванова Петропулос […]
ГРЦИЈА ВОВЕДУВА ДРАКОНСКИ КАЗНИ ЗА ПИЈАНИТЕ ВОЗАЧИ

Со новиот Закон за сообраќај во Грција, кој е ставен на јавна расправа до 24 јануари, се воведуваат строги санкции за прекршоци поврзани со тешки сообраќајни несреќи. Посебно внимание се посветува на возењето под дејство на алкохол, кое е меѓу водечките причини за сообраќајни несреќи со смртни последици. Возачите со концентрација на алкохол во крвта […]