Од Скопје ќе се лета до Женева и до Париз

Oд Меѓународниот аеродром Скопје се воведуваат уште две нови авиолинии и тоа до Женева и до Париз. Авионската линија Скопје -Женева ќе започне да оперира од 3 ноември, додека Скопје-Париз (аеродром Орли) ќе започне да се оперира од 2 април. Јавниот повик е се уште отворен и на него можат да се пријават сите заинтересирани […]

ЛAГАРД: ЕВРОПА МОРА ДА СЕ ПОДГОТВИ ЗА АМЕРИКАНСКИТЕ ЦАРИНИ

Европа мора да биде подготвена и да ги предвиди потенцијалните трговски царини од американскиот претседател Доналд Трамп, изјави Кристин Лaгард, претседателката на Европската централна банка за CNBC. – Фактот што Трамп не воведе општи царини на првиот ден од преземањето на функцијата е многу добар пристап, бидејќи општите царини не ги даваат „нужно“ очекуваните резултати, […]

ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА АВТОМОБИЛИ ГИ ЧЕКА ТЕШКА ГОДИНА ВО ПРОДАЖБАТА

Продажбата на европските автомобили минатата година забележа незначителен раст, бидејќи постојаната инфлација, повисоките трошоци за задолжување и воздржаноста кон електричните модели ги наведоа потрошувачите да се воздржат од купување нови возила. Во однос на претходната година, регистрациите на нови автомобили во ЕУ се зголемија за 0,9 отсто и достигна 13 милиони единици, објави Европската асоцијација […]

ЕИБ ја поддржува енергетската иднина на Македонија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари средба со Бјорн Габриел, претставник на Европската инвестициска банка (ЕИБ), на која дискутираа за тековните и идни проекти во енергетскиот сектор, со посебен акцент на интерконекторот за гас кој ќе поминува низ земјава. На средбата Божиновска ја истакнала важноста на овој проект за енергетската […]

ПРЕДЛОГ ВО ИТАЛИЈА ГОТВАЧИТЕ ДА ДОБИЈАТ БЕНИФИЦИРАН СТАЖ КАКО ШТО ВАЖИ И ЗА РУДАРИТЕ…

Италијанскиот министер за земјоделство и за прехранбениот сектор Франческо Лолобриџа најави донесување на нов предлог закон со кој на италијанските готвачи ќе им се одобри бенифициран работен стаж. Ова е долгогодишно барање на Италијанската федерација на готвачи и нивните аргументи се дека готвењето бара психофизичка подготвеност, како и за другите бенифицирани професии: рударите, нуркачите и […]

ГОДИШЕН ПОРАСТ НА ДРЖАВНИОТ ДОЛГ ВО 16 ЗЕМЈИ ВО ЕУ

Јавниот долг на еврозоната на крајот на третиот квартал од 2024 година изнесува 88,2 отсто од нејзиниот бруто домашен производ, исто како и во вториот квартал, објави денеска Евростат. Јавниот долг на Европската Унија за третиот квартал од минатата година претставувал 81,6 отсто од нејзиниот бруто домашен производ, а овој процент не се променил во […]

Цената на нафтата во пораст по слабеењето на доларот

Цените на нафтата денеска се во благ пораст по новите податоци за резервите во САД и можноста за воведување увозни царини од страна на претседателот Доналд Трамп, како и потенцијалното влијание на вонредната состојба во енергетскиот сектор прогласена од него веднаш по инаугурацијата. По отворањето на берзите денеска цената на нафтата од марката Брент порасна […]

НЕ ОЧЕКУВА НЕИЗВЕСЕН НАТПРЕВАР СО КАТАР, изјави Кирил Лазаров

Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, ги искажа своите очекувања за утрешниот натпревар со Катар, втор во Главната фаза на Мундијалот 2025. – Катар имаше одлични натпревари на Светското првенство. Борбена селекција со многу натурализирани играчи кои прават разлика на теренот. Не очекува уште еден неизвесен натпревар. Очекувам уште еднаш да бидеме на високо […]

НУКЛЕАРНАТА ЕНЕРГИЈА НА ПАТ ВО НОВАТА ЕРА

Нуклеарната енергија во 2025 година може да достигне историски рекорд во производството на електрична енергија, се наведува во најновиот извештај на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) под наслов „Пат во новата ера за нуклеарна енергија“. Од нуклеарните централи се произведуваат помалку од десет отсто од глобалната потрошувачка на електрична енергија, а тоа е втор најголем […]

Бислимовски: Помошта за комуналните претпријатија треба да биде соодветна и да не предизвикува проблеми во работата на ЕСМ

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимовски смета дека на комуналните претпријатија треба да им се помогне, но и тие, според него, треба да ја подобрат ефикасноста на работењето и да ги оптимизираат трошоците. Во вечерашното гостување на ТВ Сител, Бислимовски напомена дека помошта за овие прептријатија треба соодветно да се дефинира за […]