БЕРЗИТЕ ВО ПОРАСТ ПОРАДИ ОПТИМИЗМОТ НА ИНВЕСТИТОРИТЕ ПО ИЗЈАВИТЕ НА ТРАМП

Берзанскиот индекс на СиП 500 вчера на Вол Стрит достигна рекордно ниво по изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој побара намалување на каматните стапки и цената на нафтата. Индексот Дау Џонс зајакна за 0,92 отсто, на 44.565 бодови, додека СиП 500 порасна за 0,53 отсто, на 6.118 бодови, а Насдак за 0,22 отсто и […]

Аеродромот во Истанбул ја задржа првата позиција на најпрометен воздушен центар во Европа

Аеродромот во Истанбул ја задржа својата позиција како најпрометниот воздушен центар во Европа трета година по ред, со 1.401 лет во просек дневно во 2024 година. Според податоците на Еуроконтрол, бројот на летови е зголемен за два отсто во однос на истиот период минатата година, објави „Анадолу“. Амстердамскиот аеродром Шипхол е на второ место со […]

ВО ОВАА ЗЕМЈА РАБОТНИЦИТЕ ЗА ВОЗЕЊЕ НА ВЕЛОСИПЕД ЗАРАБОТУВААТ ДО 810 ЕВРА, но има еден услов

Работниците во Белгија кои доаѓаат на работното место со велосипед добиваат надомест од 0,28 евра за секој поминат километар. Минатата година еден од шест белгиски работници се возел со велосипед на своето работно место и за тоа добил и соодветна „награда“. Некои од нив годишно заработиле до 810 евра. Во просек секој работник-велосипедист во 2024 […]

ВО ХРВАТСКА ПОЧНА БОЈКОТОТ ПРОТИВ ТРГОВЦИТЕ СО ВИСОКИ ЦЕНИ НА ХРАНАТА

Во Хрватска денеска почна бојкот на продавници, малопродажни синџири и бензински пумпи поради постојаното поскапување, врз основа на иницијатива што започна во Фејсбук групата „Ало, инспекторе“, која е поддржана од Европскиот центар за потрошувачи. Excellence (ECIP). Оваа иницијатива беше поддржан од компании за заштита на потрошувачите, синдикати, политички партии, дури и од самиот министер за […]

Секој електронски документ изработен од државен орган може да се користи во печатена форма

Секој електронски документ кој е изработен од државен орган, може да се користи во неговата печатена форма, исто како и оригинален документ, вели Стефан Андоновски, министерот за дигитална трансформација. – Претпоставуваме дека ќе постои отпор или незнаење кај одредени институции, затоа имаме двоен пристап, едниот со кој што ќе им објасниме на институциите како да […]

„Емилија Перез“ со 13 номинации за „Оскарите“

Европско-американскиот минатогодишен хит „Емилија Перез“ доби вкупно 13 номинации за претстојните „Оскари“ коишто ќе се доделуваат на 2 март, во „Долби театарот“ во Лос Анџелес. Остварувањето е номинирано за најдобар филм, режија, адаптирано сценарио, категориите за глума, музика, како и за најдобар интернационален филм. За главната награда, криминалистичкиот филм којшто е во француско-белгиско-американско-мексиканска продукција, ќе […]

ВО СРБИЈА ДОМИНИРА КУПУВАЊЕТО НА НЕДВИЖНОСТИ ВО ГОТОВО

Во Србија во првото полугодие минатата година 92 отсто од договорите за продадени недвижности биле платени во готово, покажуваат податоците од Републичкиот геодетски завод. Во извештаите на РГЗ нема податоци за тоа кои се купувачите на недвижности во најголем број на станови, но стан во готово може да се купи само на два начини: со […]

НИВОТО НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО Е ПОД ПРОСЕКОТ ЗА ЈАНУАРИ

Нивото на водата во Охридското Езеро според денешните мерења спроведени од Управата за хидрометеоролошки работи се наоѓа на котата 693,22 метри надморска височина или 13 сантиметри под просекот за јануари. Состојбата со негативниот водостој на езерото бележи извесно подобрување, откако на почетокот на декември минатата година нивото на водата беше спуштено дури два сантиметри под […]

ДРАСТИЧНО НАМАЛУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА БИРОКРАТИЈА СО ПЛАНОТ „ПОЕДНОСТАВИ И ЗАБРЗАЈ“

Европската комисија ќе препорача намалување на бирократијата на ЕУ во досега невидени размери, како една од мерките за зајакнување на нестабилната економија на блокот во наредните пет години, јави дописникот на МИА од Брисел. Ваквиот план за намалување на бирократијата е наведен во нацртот на т.н. Компас за конкурентност што го најави Европската комисија, а […]

КОНФИСКУВАНИ РЕКОРДНИ ИЗНОСИ ВО КРИПТОВАЛУТИ ПОВРЗАНИ СО КРИМИНАЛНИ АКТИВНОСТИ

Холандската полиција во 2024 година заплени над 41 милион евра во криптовалути, рекорден износ поврзан со наводни криминални активности, пишува весникот „Фолкскрант“. Заплената, спроведена од страна на тимот за високотехнолошки криминал, претставува значаен чекор во борбата на Холандија против организираниот сајбер криминал. „Ова е огромен рекорд и ние сме горди на тоа“, рече Роб ван […]