ЕКОНОМИЈАТА НА ЕВРОЗОНАТА СО МАРГИНАЛЕН РАСТ НА ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА

Деловната активност во еврозоната на почетокот на годината остварува маргинален раст со стабилен пораст на услужниот сектор и благ пад во индустријата, покажува прелиминарниот извештај на СиП Глобал. Индексот на менаџерите за набавка (ПМИ) во приватниот сектор во еврозоната се зголеми во јануари за 0,6 бодови во однос на декември и достигна вредност од 50,2 […]
СО КУПУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКО ДРЖАВЈАНСТВО ВО ЦРНА ГОРА СЕ ИНВЕСТИРАНИ 250 МИЛИОНИ ЕВРА

Eфектите од примената на програмата за стекнување со економско државјанство во Црна Гора се дека над две илјади странци од 73 земји купиле црногорско државјанство врз основа на инвестиција од 250 милиони евра и плаќање такси од 74 милиони евра. Црногорските власти ги одби 238 барања, а уште 15 се во различни фази на разгледување. […]
Трамп до ЕУ: ДОЈДЕ ВРЕМЕ ЗА НАПЛАТА

Од неговото стапување на должноста американски претседател, Доналд Трамп испраќа едноставна порака до Европејците дека е „дојдено време за наплата“. Тој во четвртокот во онлајн обраќање на Светскиот економски форум во Давос порача дека ја сака Европа, но дека Европската Унија се однесува „многу, многу неправедно“ кон САД со својот висок корпоративен данок, со казните […]
МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРИ НА 15 МЕСТО, но според Митревски „малку ни фалеше“ за пласман во четвртфинале

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски смета дека доколку не се работеше за Франција или Данска, против секој друг противник би имале поголеми шанси за победа. – Овие две репрезентации се најголеми претеденти за светската круна. Се обидовме да одиграме, иако тие немаа императив за победа, но таков тип на играчи никогаш не се […]
МЛАДИТЕ ПОВЕЌЕ КОРИСТАТ БОЛЕДУВАЊЕ ПОРАДИ МЕНТАЛНИ ЗДРАВСТВЕНИ ПРИЧИНИ!

Минатата година, 35 отсто од лицата на возраст од 18-24 години во Велика Британија земале боледување за да се справат со притисокот или анксиозноста, покажа истражувањето во Англија. Лицата под 25 години имаат поголема веројатност да земат боледување поради ментални здравствени причини од која било друга возрасна група. Од добротворната организација Mental Health UK наведуваат […]
ПОВИК ЗА БОЈКОТ НА ТРГОВЦИТЕ И ВО БиХ, ПО УСПЕШНАТА АКЦИЈА ВО ХРВАТСКА

По успешната граѓанска акција во Хрватска, на социјалните мрежи во Босна и Херцеговина се шират повици за бојкот на продавници, бензински пумпи, кафулиња и ресторани во петок, 31 јануари 2025 година, како израз на незадоволство од високите цени и нискиот животен стандард. Иницијаторите на кампањата ги повикуваат граѓаните да не купуваат ништо тој ден и […]
ВО 2025 ПРОДОЛЖУВА НЕИЗВЕСНОСТА ВО СНАБДУВАЊЕТО СО ГАС, предвидуваат од ИЕА

Неизвесноста со снабдувањето со природен гас на глобалните пазари ќе продолжи и во 2025 година, бидејќи побарувачката продолжува да расте, а понудата се шири побавно отколку пред пандемијата и енергетската криза, се вели во најновиот квартален извештај за пазарот на гас на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Предводени од брзорастечките пазари во Азија, глобалната побарувачка […]
МЛАДИТЕ ИНОВАТОРИ ИСПЕЧАТИЈА СТАТУЕТКА НА 3Д ПРИНТЕР ЗА МИНИСТЕРКАТА БОЖИНОВСКА

По повод Меѓународниот ден на чистата енергија, министерката за енергетика Сања Божиновска оствари средба со студенти на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ). Таа гостуваше во „лабораторијата на знаење“ – „фаблаб“, каде што младите работат на иновативни проекти, создаваат прототипи и активно учествуваат во научно-истражувачката работа, информираат попладнево од Министерството за енергетика, рударство и […]
ШВАЈЦАРИЈА ОЧЕКУВА БУЏЕТСКИ ДЕФИЦИТ ОД 3 МИЛИЈАРДИ ФРАНЦИ

Во Швајцарија се очекува годишниот буџетски дефицит да изнесува околу три милијарди швајцарски франци во следните неколку години поради повисоките воени и пензиските трошоци, изјави Карин Келер-Саттер, швајцарската претседателка и министерка за финансии. Ова претставува поголем буџетски дефицит од минатата година, кога проектираниот дефицит беше околу 2,6 милијарди швајцарски франци. Швајцарија традиционално има избалансирани буџети, […]
Без струја утре делови од Аеродром, Бутел и Карпош

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по информација од „ЕВН“, известува дека поради планирани зафати во електро-дистрибутивната мрежа, утре без напојување со електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Бутел и Карпош. Од осум до 16 часот, без струја ќе бидат делови од улиците „Тодор Чангов“, „Богомилски поход“ и „Благој Мучето“ […]