Починато едно лице од Ковид-19 од Куманово, нов позитивен случај во Струга

Од 20 до 26 јануари, пријавено е едно починато лице асоцирано со Ковид-19. Станува збор за пациент над 60 години кој имал комобидитети, а починал во болнички услови. Од Институтот за јавно здравје информираат дека лицето било вакцинирано против Ковид-19 со две дози вакцина – последна доза пред повеќе од три години. Регистриран е и […]

Едукативна трибина по повод месецот посветен на борба против ракот на грлото на матката

Во рамки на одбележувањето на Светскиот месец за подигнување на свесноста за рак на грло на матка денеска во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје ќе се одржи едукативна трибина. На трибината, како што соопштија организаторите, ќе се зборува за превенцијата, дијагностиката и третманот на ова заболување, а ќе биде споделено и искуство од родител […]

„Гугл Мапс“ го менува името на „Мексиканскиот Залив“ во „Американски Залив“ за корисниците во САД

„Гугл мапс“ ќе го смени името на „Мексиканскиот Залив“ во „Американски Залив“ за корисниците во Соединетите Американски Држави, откако ќе биде официјално ажуриран во Географскиот систем на САД. Оваа промена ќе биде видлива за корисниците во САД, додека во Мексико ќе остане „Мексикански Залив“. Вон САД и Мексико, корисниците ќе ги видат двете имиња. Американското […]

Проекција на пет краткометражни филма од македонска продукција во Кинотека

Во Кинотека со почеток во 19 часот ќе се одржи проекција на пет краткометражни филма од најновата македонска продукција, реализирани со поддршка од Агенцијата за филм. Ќе се прикажат филмовите „Амен“ на Ана Марија Јанковиќ, „BUG“ на Филип Момировски, „Прошетка“ на Елеонора Венинова, „Турбо-Нет“ на Надежда Панова и „Тага“ на Тина Величковиќ. Проекцијата ќе биде […]

Петрушев: Бимилк е двигател на трансформацијата на пазарот и на млечната индустрија

Бимилк има водечка позиција на домашниот млечен пазар. Визијата на компанијата е да продолжи со растот на производството и да ја прошири понудата со нови иновативни производ, преку одржување на високите стандарди за европски квалитет со што ќе ги задоволи вкусовите на потрошувачите во земјата и регионот. Но, најголем предизвик за компанијата останува одржувањето на […]

ИСТРАЖУВАЊЕ: ЗА РАБОТНИЦИТЕ ПЛАТАТА ПОВЕЌЕ НЕ Е (ПО)ВАЖНА

Рамнотежата помеѓу работата и животот е сè поважна за работниците ширум светот. Овој фактор ја надмина и „важноста“ на платата, која во претходниот период беше примарна за доброто расположение на работното место, покажува истражувањето на холандската меѓународна компанија за вработување Рандстад. Рамнотежата помеѓу работата и животот беше најважниот фактор за 83 отсто од 26.000 анкетирани […]

Едукативен проект на Рудник САСА за запознавање на најмладите со природните вредности и нивната заштита

Рудникот Саса, со група независни автори, издаде книга за најмладите членови на заедницата наменета за нивно запознавање со природните убавини. Целта на книгата „Јасмина низ Осоговските Планини – приказна за запознавање на природните вредности и како да ги заштитиме“ е да се збогати литературата за деца на македонски јазик посветена на проучување на природата, како […]

Samsung носи нова AI моќ на својот интерактивен екран на Bett 2025

Интерактивните AI функции на Samsung носат нова ера на образование кај училишните екрани Samsung Electronics го претстави својот нов интерактивен екран со AI технологија (модел WAFX-P) на Bett 2025, најголемиот европски саем за образовна технологија. Преку Samsung AI асистентот, овој образовен екран ги комбинира напредниот хардвер и најсовремените AI можности за да создаде попаметни средини […]

Филип Морис деветта година по ред меѓу врвните работодавачи на глобално ниво

Филип Морис Интернешнал (ФМИ) деветта година по ред го носи престижниот наслов „Најдобар работодавач“, што го потврдува нејзиниот статус на компанија која поставува највисоки стандарди во управувањето со човечките ресурси на глобално ниво. Ова значајно признание е резултат на независната проценка од страна на Институтот за врвни работодавачи, кој ФМИ ја сертифицира како глобален лидер […]

ЕСМ дистрибуција на топлина бара зголемување на трошокот за гориво за 2024 година за 12,92 отсто

Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ дистрибуција на топлина ДООЕЛ Скопје до Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) поднесе барање за промена на максимален регулиран приход и цена за 2024 година за регулираната дејност дистрибуција на топлинска енергија. Со поднесеното барање лани во декември, како што […]