Српскиот премиер Вучевиќ поднесе оставка

Српскиот премиер Милош Вучевиќ во моментов одржува вонредна прес-конференција на која ја соопшти својата „неотповиклива“ одлука да поднесе оставка од функцијата. Вучевиќ информира дека утрово разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ кој ја прифатил неговата одлука. Извор/фото МИА
ДЗР: Наплатените придонеси од плата на Фондот на ПИО и во 2023 година не биле доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изврши ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување (Фонд ПИО) за 2023 година во која заклучува дека наплатените придонеси од плата на Фондот и во 2023 година не се доволни за покривање на дефицитот од 33 отсто за исплата на пензии. […]
„Скопски саем“ домаќин на состанокот на Централноевропската алијанса на саеми за стратегијата 2025-2030

„Скопски саем“ беше домаќин на значаен состанок на Централноевропската алијанса на саеми (ЦЕФА), на кој членовите на Управниот одбор на организацијата ги разгледуваа идните чекори и стратешки приоритети за наредните пет години. Состанокот ги обедини лидерите на саемската индустрија од Балканот и Централна Европа, кои се фокусираа на дефинирањето на иницијативите кои ќе ги насочат […]
На социјалните мрежи повици за бојкот поради високите цени на храната, Организацијата на потрошувачи ја поддржува акцијата

По примерот на Хрватска, на социјалните медиуми се појавија повици в петок граѓаните во земјава да не пазарат во маркетите поради високите цени, а деновиве оваа акција се проширува и на други балкански земји како Босна и Херцеговина и Црна Гора. Организацијата на потрошувачите на Македонија, иако не е организатор на овие активности, ги поддржува […]
Заштита на личните податоци-клуч за правата на поединците

Правото на приватност и заштита на личните податоци се фундаментални права на секој поединец, кои мора да бидат заштитени и почитувани во сите сфери на животот, вклучувајќи го и правосудниот систем, констатирано е на настанот насловен „Правна рамка на ЕУ за заштита на личните податоци и правото на приватност во правосудството” организиран од Центарот за […]
УЈП: Истече рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите

Управата за јавни приходи (УЈП) продолжува активно да ги следи потребите и пораките на даночните обврзници и во тековниот циклус на поднесување на ДДВ – 04 пријави и презема активности за оптимизација на системот за поднесување на даночните пријави. Во овој период, до 27.01. 2025 година на полноќ, иако истовремено се вршеше поднесување на месечни […]
Ричард Тенг од Бајнанс: Времето на крипто доаѓа

На почетокот на 2025 година вредноста на Биткоин (BTC) е 100.000 долари и тоа не е ништо ново. Она што пред само неколку години изгледаше незамисливо за многумина, денес е нормално, па дури и тривијално. Ова е моделот што го гледаме низ кратката историја на криптовалутите: невозможно вчера, очекувано или дури и разочарувачко денес. „Една […]
Каматната стапка за бизнисот од 1,95 проценти, без дополнителни надоместоци, Владата гo одобри унгарскиот кредит

Владата денеска ги одобри договорите за користење на средствата од унгарската кредитна линија наменети за компаниите со што практично сега Развојната банка може да ги потпише договорите со банките и средствата да станат оперативни. Парите ќе се земаат од комерцијалните банки со рок на отплата до 15 години од потпишувањето на договорот и грејс период […]
Малта со најскапо, а Хрватска со најевтино обработливо земјиште во ЕУ

Просечната цена на хектар обработливо земјиште во ЕУ во 2023 година изнесувала 11.791 евра, додека годишната наемнина за изнајмување на ниви или пасишта била 173 евра за хектар, покажуваат податоците на Европската статистичка служба – Евростат. Меѓу 22-те земји на ЕУ за кои има достапни податоци, обработливо земјиште била најскапо на Малта и изнесувало 283.039 […]
Зелената енергија и нови проекти во областа на енергетската ефикасност се приоритет за стопанството

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со оствари средба со Ванделт, директорка на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските комори и заменик германскиот Амбасадор, Фос. На средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во областа на енергетската транзиција. Министерката Божиновска ја истакна важноста на партнерството со Германија […]