РУСИЈА ЛАНИ ИЗВЕЗЕ РЕКОРДНИ КОЛИЧИНИ НА ЖИТО

Извозот на жито од Русија достигна рекордни 72 милиони тони во 2024 година, објави федералниот Агроекспорт центар. Според проценките на аналитичкиот центар „Русагротранс“, извозот на жито од Русија е зголемен за околу пет отсто во споредба со претходната година, кога изнесуваше 68,6 милиони тони, пренесе ТАСС. Најголеми увозници на руско жито во 2024 година беa: […]
ЛАЖНИТЕ ЛЕКОВИ СЕ ТРГУВААТ НА ОНЛАЈН ПАЗАРИТЕ, Европол уапси над 400 лица во борбата против лажни лекови во 30 земји

Меѓународните истражители уапсија 418 осомничени како дел од операцијата насочена кон трговија со лажни лекови и недозволени супстанци во 30 земји, соопшти денеска телото за спроведување на законот на Европската Унија, Европол. Повеќе од 400.000 пакувања „нелегални фармацевтски производи“, речиси 175.000 ампули и над 4,5 милиони таблети биле запленети за време на рациите спроведени меѓу […]
ЗА СТУДЕНТИТЕ СО КРЕАТИВНОСТ, во тек е пријавувањето за учество на Хакатон 2025

Бордот на европски студенти по технологија – Скопје (БЕСТ – Скопје) информира дека во тек е пријавувањето за Хакатон 2025 – дводневен натпревар каде студентите можат да ја покажат својата креативност и технички способности преку работење на проекти и решавање на проблеми од сферите на веб развивање, програмирање, вештачка интелигенција, PR, маркетинг и дизајн. Хакатон […]
ВИРУСОТ НА ГРИП НАЈАКТИВЕН ВО КАВАДАРЦИ И ДЕБАР

Во текот на четвртата недела од 2025 година, во државава пријавени се 1.878 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грипот. Тоа претставува за 33 отсто повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со четвртата недела од минатата сезона е зголемен за 2,4 проценти, […]
Групацијата ЕИБ постигна рекордни резултати во 2024 година, цели кон инвестиции од 95 милијарди евра за 2025 година

Групацијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ) потпиша 89 милијарди евра ново финансирање минатата година. Групацијата направи повеќе инвестиции од кога и да било досега за зајакнување на енергетската безбедност на ЕУ, мобилизирајќи над 100 милијарди евра за проекти во нови и надградена инфраструктура, како што се мрежи и интерконектори, обновливи извори, нето-нула индустрии, ефикасност и […]
НЛБ Банка Скопје со нов член на Управниот одбор

Катерина Јанковиќ е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје.По одлуката на Надзорниот одбор на НЛБ Банка Скопје и добиената согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, од 29.01.2025 година, Katerina Jankovic е нов член на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. Таа е димпломиран економист и магистер на науки по бизнис […]
Вештачката интелигенција ja обликува иднината со Galaxy S25 серијата

Samsung продолжува да ги поставува стандардите во мобилната технологија со Galaxy AI, иновативниот систем за вештачка интелигенција, кој ја дефинира новата Galaxy S25 серија. Со интеграција на интелигентни функции, адаптивни решенија и персонализирани искуства, Galaxy AI го прави секојдневието полесно, побрзо и поинтуитивно од кога било досега. Телефон што размислува за вас – лесна комуникација […]
Во Турција измерени минус 34 степени Целзиусови

Минус 34 степени Целзиусови се измерени денеска во областа Ерзурум, источна Турција, јави турската државна телевизија ТРТ-Хабер. Екстремно студен бран зафати многу региони во источна Турција. Најниска температура на воздухот синоќа во Турција е измерена во градот Текман, во Ерзурум, каде беа измерени минус 34 степени. Во центарот на округот Ерзурум температурите се спуштаат до […]
ЕЦБ ги намали каматните стапки

Европската централна банка (ЕЦБ) повторно ги намали каматните стапки во еврозоната за четвртина процентен поен. Од 5 февруари каматната стапка за рефинансирање на банките ќе изнесува 2,9 отсто, а на депозитите преку ноќ 2,75 отсто. Комерцијалните банки во иднина ќе плаќаат каматна стапка од 3,15 отсто за кредити преку ноќ, се вели во соопштението на […]
ПОРАДИ ПРЕТПАЗЛИВОСТ ОД ИНФЛАЦИЈА ХОЛАНЃАНИТЕ СО НАЈВИСОКИ БАНКАРСКИ ЗАШТЕДИ

Граѓаните на Холандија имаат 616 милијарди евра во нивните банкарски заштеди. Ова е највисоко ниво на заштеди од граѓаните, кои се повисоки за 24 милијарди евра од пред една година. Холандската народна банка оценува дека тоа е последица на повисоките плати, што му овозможило на населението да издвои повеќе пари за штедење. Холанѓаните имаат околу […]