ПАТОТ РАНКОВЦЕ-КРИВА ПАЛАНКА ПО ОТВОРАЊЕТО И ДВЕТЕ СООБРАЌАЈКИ: СЕ ПРАВИ ДОПОЛНИТЕЛНА СООБРАЌАЈНА ДОКУМЕНТАЦИЈА!

По недамнешните сообраќајни несреќи на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), презема активности за да се изработи дополнителна сообраќајна проектна документација на експресниот пат со што ќе се зголемат мерките и ќе се подобри безбедноста на учесниците на сообраќајот. Поради специфичноста на експресните патишта од ЈПДП посочуваат да се […]

РЕКОРД НА ТЕТОВСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ- ИНТЕРВЕНИРААТ ТРИПАТИ ВО ДЕНОТ

Во текот на 2024 година Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Тетово бележи вкупно 984 интервенции или речиси три интервенциии секојдневно. Според командирот на ТППЕ Тетово, Авни Амети, кој 15 години работи како пожарникар, ова е рекордна бројка на интервенции на оваа служба. -Ако споредуваме со другите години, оваа година што помина, беше со рекордни 984 интервенции, […]

Трамп: Производите од ЕУ сигурно ќе добијат царини

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обнови своите закани за воведување царини на производите од Европската унија, обвинувајќи ја Унијата за нефер трговски практики. Говорејќи синоќа во Белата куќа Трамп рече дека „апсолутно“ ќе воведе царини за стоките од ЕУ, додавајќи дека САД се третирани „ужасно“ и тврдејќи дека европските пазари се главно затворени за американскиот […]

МНТ ТЕАТАРСКА ПРИКАЗНА КОЈА ТРАЕ 80 ГОДИНИ

Македонскиот народен театар го одбележува 80-тиот јубилеен роденден. Од МНТ наведуваат дека нивната приказна која се раскажува и трае веќе осум децении започна да се ткае веднаш по ослободувањето во ноември 1944 година од страна на група истакнати театарски дејци, да се прикажува во декември истата година преку пет едночинки и да се испишува со […]

ЦАРИНИТЕ ЗА МЕКСИКО И КАНАДА ЈА КРЕИРААТ ЦЕНАТА НА НАФТАТА

Цените на нафтата на меѓународноиот пазар се задржаа под 77 долари во петокот, бидејќи инвеститорите се фокусираа на одлуките на Вашингтон и најавените царини за Мексико и Канада. На лондонскиот пазар цената на барелот беше речиси непроменета од претходното затворање на тргувањето и изнесуваше 76,78 долари. Позначителни промени немаше на американскиот пазар каде барелот се […]

ПРОИЗВОДНА КОМПАНИЈА ОД БАЛКАНОТ ВОВЕЛА ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА

Хрватска компанија специјализирана за сервисирање на виљушкари воведе четиридневна работна недела, која се покажа како успешна, бидејќи ја зголеми ефикасноста во работата и резултираше со задоволни работници, пишува „Јутарњи лист“. Вања Шувак, сопственикот на компанијата од хрватскиот град Велика Горица, истакнува дека тоа е направено затоа што е се потешко да се најдат и задржат […]

СТАРИЦА ОД КУМАНОВО ИЗМАМЕНА ОД ЛАЖЕН ПОЛИЦАЕЦ ЗА 30.000 ЕВРА

Уште еден случај на измама за наводна сообраќајна несреќа регистрира кумановската полиција. Вчера 65 годишна жена пријавила дека била измама за сума од 30.000 евра. И нејзе како и во претходните случаи и се јавило лице кое се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзина ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете […]

УЈП: Големите маркети вчера со намален промет за 46,59 отсто

Во осумте поголеми синџири на маркети вчера е забележан пад на вкупниот промет за 46,59 отсто во споредба на минатиот петок, информира Управата за јавни приходи (УЈП). Како што посочуваат од УЈП, вчера е забележан и пад од 46,29 проценти на вкупниот промет на осумте поголеми синџири на маркети во споредба со завчера. – Податоците […]

Шумските пожари пеплосаа 16.000 објекти во Лос Анџелес се целосно локализирани по три недели

Разорните шумски пожари во Лос Анџелес и неговата околина се целосно локализирани откако беа активни три недели, објавија властите во американската сојузна држава Калифорнија, јави ДПА. Одделот за шумарство и противпожарна заштита во Калифорнија извести дека пожарот во западен Лос Анџелес и пожарот во близина на округот Пасадена се целосно локализирани. На почетокот на јануари […]

НОРВЕШКА ВОВЕДУВА ТУРИСТИЧКИ ДАНОК ЗА ПАТНИЦИТЕ СО КРУЗЕРИ

Норвешката влада ја разгледува можноста за воведување на туристички данок за патниците со крузери, што ќе го намали масовниот туризам и ќе придонесе за заштита на природата. Бројот на крузери во норвешките фјордови се зголеми за три пати во периодот од 2010 до 2023 година и достигна 3.445 пристигнувања во една година. Исланд веќе воведе […]