ВО ЈАПОНИЈА БИЛЕТИТЕ ЗА ЈАВЕН ПРЕВОЗ ЌЕ СЕ ПЛАЌААТ СО ДОПИР!

Голема јапонска компанија за кредитни картички планира да воведе плаќање со допир за билети во јавниот превоз на целата територија на Јапонија. Оваа одлука треба да биде во функција во 2026 година со цел да го олесни патувањето на странските туристи кои често се одлучуваат да плаќаат во готово или со краткорочни транзитни картички, објави […]

ИФО: Царините на Трамп ќе го намалат и американскиот извоз

Дополнителните царини што ќе ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за Канада, Мексико и Кина може да предизвикаат голема штета на американската економија, покажуваат пресметките на институтот ИФО. Американскиот извоз би можел да падне и до 22 отсто доколку овие три земји преземат контрамерки во сличен обем, објави минхенскиот институт. Канада и Мексико би се […]

ШПАНСКАТА ВЛАДА ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РАБОТНАТА НЕДЕЛА

Министрите во шпанската влада се согласиле за законско намалување на работната недела на 37,5 часа без да се промени платата, наспроти противењето на работодавачите. На редовната седница на владата денеска е одобрено намалувањето на работната недела од сегашните 40 часа, а одлуката е потпишана од министерката за труд Јоланда Диаз, која е претседател на левичарска […]

ТРОШОЦИТЕ ЗА ПРЕВЕНТИВНА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА СЕ НАЈВИСОКИ ВО ГЕРМАНИЈА, НАЈМАЛИ ВО…

Трошоците за превентивна здравствена заштита во Европската Унија учествуваа со 5,5 отсто од вкупните расходи за оваа област во 2022 година. Овој удел го одразува влијанието на мерките за превентивна нега активирани како одговор на пандемијата Ковид-19, кои сè уште беа во сила во 2022 година. Како резултат на тоа, трошоците за превентивна здравствена заштита […]

„100 години Скопје ЗОО“ со кампања „Купи карти сега, искористи ги до 1 јуни“

Зоолошката градина на Град Скопје ги повикува сите општествено одговорни компании, ресторани и институции да купат влезници за ЗОО Скопје кои ќе важат до 1 јуни 2025 година, а кои ќе можат да ги поделат на своите вработени, потрошувачи и клиенти. – Зимата е најчесто период со најмала посетеност, а тимот на Зоолошката градина секогаш […]

Кина возвраќа со реципрочни царини за јаглен и течен природен гас од САД

Кина ќе воведе царини од 15 отсто на увозот на течен природен гас (LNG) и јаглен од САД како одговор на американските царини, соопшти денеска кинеското Министерство за финансии. Дополнително, ќе се применат 10 отсто царини за нафта и земјоделски машини увезени од САД. Овие мерки стапуваат во сила на 10 февруари, јави ДПА. Пекинг […]

ЗА СТАН СЕ ПЛАТЕНИ 1,35 МИЛИОНИ ЕВРА, А НАЈСКАП КВАДРАТ ЧИНЕЛ НАД 11.000 ЕВРА, рекордни цени на пазарот на недвижности во Србија

Републичкиот геодетски завод на Србија соопшти дека во третиот квартал од минатата година најскапиот квадрат за стан е продаден за 11.811 евра на локацијата Белград на вода, додека најголемата сума одвоена за стан, со вкупен површина од 205 метри квадратни, на истата локација изнесуваше 1,35 милиони евра. Најскапата куќа во Србија е продадена во белградската […]

ПОЛОВИНА МИЛИОН СЕМЕЈНИ ФИРМИ НЕМААТ СООДВЕТНИ НАСЛЕДНИЦИ, просечната возраст на германските менаџери е над 60 години

Германските компании со средна големина се соочуваат со сериозен предизвик – недостаток на наследници кои ќе ја преземат сопственоста и управувањето. Според истражувањето на Федералната кредитна институција за обнова и развој (KfW), до крајот на 2026 година, дури 560.000 семејни бизниси ќе бараат наследници, додека околу 190.000 од нив ќе го напуштат пазарот поради неможност […]

ЖИТЕЛИТЕ НА САНТОРИНИ ГО НАПУШТААТ ОСТРОВОТ, ПРОДОЛЖУВА СЕРИЈАТА ПОМАЛИ ЗЕМЈОТРЕСИ

Серија земјотреси, но со јачина помала од пет степени и во текот на ноќта беа регистрирани во морскиот дел во близина на Санторини, каде што од саботата е зголемена сеизмичката активност и преземени се вонредни мерки и препораки, а процените се дека грчкиот остров веќе го напуштиле над 5.000 лица, јави дописничката на МИА од […]

Слаб земјотрес регистриран во Штип и околината

Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML2.7. е регистриран изутринава во 9 часот и 18 минути во епицентралното подрачје Штип – Радовиш на 70 километри југоисточно од Скопје, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Штип и околината со интензитет од III степени според […]