УТРЕ ИЛИ ВО ПОНЕДЕЛНИК СО МЕРКИ ЗА ПОСКАПУВАЊЕТО НА ХРАНАТА, најавија од Министерството за економија

Утре или во понеделник Министерството за економија ќе соопшти какви мерки ќе преземе Владата во однос на поскапувањата на основните прехранбени производи поради кои граѓаните организираат бојкот на поголемите ланци маркети. Како што соопшти денеска министерот за економија Бесар Дурмиши, во понеделник ќе се одржи и средба со претставници на синдикатите, Организацијата на потрошувачите, Државниот […]
ВИСОК ПАД НА ИЗВОЗОТ СО ГЕРМАНИЈА, РАСТЕ ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА СО БУГАРИЈА

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2024 година, изнесува 7 781.2 милиони евра и бележи пад од 6,5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, пак, во истиот период, е 11.062,4 милиони евра, што е за 0,8 % помалку од […]
Уставниот суд го потврди ставот на бизнис-заедницата: Даночните политики мора да обезбедат правна сигурност

Стопанската комора на Северна Македонија ја поздравува одлуката на Уставниот суд за поништување на Законот за данок на солидарност, со што се потврдува исправноста на аргументите што бизнис-заедницата ги изнесуваше во изминатиот период. Од самиот почеток, Комората доследно укажуваше дека ваквото законско решение, особено со неговата ретроактивна примена за фискалната 2022 година, сериозно ја загрозува […]
Трансплантација на црн дроб од жив дарител на Дигестивна хирургија, ГОБ „8 Септември“ ќе биде регионален центар

Трансплантација на црн дроб од жив дарител на Дигестивна хирургија, реконструкција на дојка на Торакална и пластика, потоа скрининг на крвта за западно нилска треска, но и баријатрична хирургија за екстремен обезитас, а ГОБ „8 Септември“ да стане регионален центар, беше најавено на денешната презентација на годишниот план за 2025 година за финансирање специјалистичкo-консултативна здравствена […]
„Повеќе сум загрижен дали ќе имаме доволно работна сила за сите нови инвестиции“, изјави премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека процесот со заминување на странските компании ќе биде надминат. Напротив, тој рече дека е загрижен дали ќе има доволно работна сила за сите предвидени инвестиции во државава. Одговарајќи на новинарско прашање дека дел од странските компании ја напуштат земјава, а дел ги намалуваат капацитетите, Мицкоски рече дека процесот ќе биде […]
Два смртни случаи со грип, бројот на заболени расте

Во текот на петта недела од 2025 година, од 27 јануари до 2 февруари, пријавени се 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип и слични заболувања. Евидентирани се два смртни случаи асоцирани со грип. Во Ресен, Кавадарци, Кратово, Свети Николе и во Струмица има многу висока активност на вирусот на грип, информираат попладнево […]
Гевгелија е Град на културата за 2025 година

Гевгелија е Град на културата во државата за 2025 година, објави денеска министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, на прес конференција што се одржа во овој град. Гевгелија по втор пат е град на културата по 2011 година. – Тоа е потврда дека Гевгелија со својата богатa културна традиција повторно ќе биде во центарот […]
АВТОПАТОТ ВО ПЕЛАГОНИЈА ЌЕ БИДЕ ГОТОВ ДО КРАЈОТ НА 2027 ГОДИНА, тимови работат на планирање и изградба на автопатот Битола-Прилеп

Општина Битола денеска беше домаќин на тимовите кои работаат на планирање и изградба на автопатот во Пелагонија што ќе ги поврзи општините Битола и Прилеп. На работната средба учествуваа градоначалникот Тони Коњановски, претставници на општинската администрација, ЈП за урбанистичко планирање, проектирање и инженеринг-Битола и претставник од Општина Могила, кои од проектантите од Градежен институт Македонија […]
БРИТАНСКАТА БАНКА ЈА НАМАЛИ КАМАТАТА И ЈА ПРЕПОЛОВИ ПРОГНОЗАТА ЗА РАСТ

Британската централна банка денеска очекувано ја намали основната каматна стапка за 0,25 процентни поени на 4,5 отсто. Новата каматната стапка е на најниско ниво од јуни 2023 година. Банката ја преполови и прогнозата за овогодинешниот економски раст во Велика Британија на 0,75 отсто, пренесува АФП. Министерката за финансии Рејчел Ривс го поздрави третото намалување на […]
ЗА ТРЕТИНА СЕ НАМАЛЕНИ ОГЛАСИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ИТ СЕКТОРОТ ВО СРБИЈА

Бројот на огласи во информатичкиот сектор во 2024 година во Србија е намален за 28 отсто со вкупно објавени 7.102 работни места. Во текот на минатата годината преку платформата „HelloWord“ за вработување се пријавиле 44.854 кандидати, објави Инфостуд. Најмногу огласи имало за: програмери, ИТ поддршка, системски администратори, развивачи на целосен пакет, консултанти за деловен софтвер, […]