НОВИ ИНВЕСТИЦИИ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА

Вложувањата во енергетиката се приоритет и од капитално значење. Денес и формално го означуваме почетокот на еден процес кој значи изградба на два енергетски суштински проекти во енергетскиот сектор. Втора фаза од ветерниот парк Богданци, како и изградба на фотонапонската централа Битола 2, изјави премиерот Христијан Мицковски, на денешната прес-конференција по потпишувањето на договори меѓу […]

Наставникот ќе одлучи дали да се користат телефони на часот, одлуката за нивна забрана ја носат општините

Општините се надлежни за училиштата и тие може да донесат одлука за забрана на мобилни телефони за време на наставата, изјави министерката Весна Јаневска, одговарајќи на прашање дали МОН може да донесе општоважечка одлука и откако родители бараат без телефони за време на часовите да бидат учениците во сите училишта, вклучително и во средните. – […]

Од утре попладне дожд на пониските и снег на повисоките места

Утре попладне, во текот на ноќта и во четврток најпрвин во планинските региони ќе има повремени локални врнежи претежно од снег, а на повисоките места во западните делови од повремен дожд и снег. Како што најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, локални врнежи од дожд, а на планините од снег повторно се очекуваат во недела.

Фон дер Лајен најави 200 милијарди евра инвестиции во вештачката интелигенција

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска на Самитот за иднината на вештачката интелигенција во Париз најави нова иницијатива на ЕУ наречена „ИнвестАИ“, чија цел е мобилизирање на 200 милијарди евра за инвестиции во развојот на вештачката интелигенција, како и нов европски фонд вреден 20 милијарди евра за поддршка на овој индустриски сектор. […]

ПОВТОРНА УПОТРЕБА И ПОЛНЕЊЕ НА АМБАЛАЖАТА, НОВИ ЕКО-ПРАВИЛА ЗА ЕУ

Во ЕУ денеска стапи во сила Регулативата за пакување и отпад од амбалажа, која предвидува нови мерки за справување со еколошките предизвици предизвикани од амбалажата на производите, што би требало да резултира со намалување на емисиите на штетни гасови, на употребата на вода и на трошоците во индустријата за амбалажа. Паралелно, оваа Регулативата ќе создаде […]

ОЦЕНКИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ЌЕ ИМ ПРИСТИГНУВААТ НА АПЛИКАЦИЈА ЗА Е-ДНЕВНИК, нова можност за родителите и старателите

Министерството за образование и наука денеска промовираше мобилна апликација за пристап до електронскиот дневник (Е-Дневник) наменет за над 200 илјади родители и старатели, што ќе им овозможи брзо и лесно да го следат образовниот напредок на децата. Министерката Весна Јаневска рече дека апликацијата овозможува увид во распоредот и содржината на часовите на учениците, во редовноста […]

„Заедно за интернет без омраза и врсничко насилство“, Македонски Телеком и УНИЦЕФ започнаа со реализација на проектот

Преку примери и лични искуства на млади кои се соочиле со говор на омраза на интернет, денеска, започна реализацијата на двегодишниот проект на Фондацијата Телеком за Македонија и УНИЦЕФ на тема „Заедно за интернет без омраза и без врсничко насилство“. На денешната средба со медиумите, млади извидници раскажаа приказни со кои се соочиле дел од […]

Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител (ДПЛ)

Владата донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски. Одлуката, попладнево на прес-конференција, ја соопшти портпаролката на Владата Марија Митева. -Разочараноста на Владата од постапувањето надвор од законските надлежности, разочараноста на граѓаните од системот кој не функционира и секојдневното продолжување со ваквите состојби резултира со нарушена доверба и нефункционирањето на […]

Владата ги ограничува маржите во трговијата на мало и трговијата на големо

Владата одлучи да ги ограничи маржите во трговијата на мало за 10 проценти и за исто толку проценти во трговијата на големо. Ограничувањето на маржите ќе трае до 30 април. Ќе бидат опфатени основните прехранбени продукти, детергентите и бебешката храна. Портпаролката на Владата Марија Митева на попладневната прес-конференција рече дека ваквата одлука е донесена врз […]

Николоски: Владата донесе одлука за реконструкција и изградба на ново крило на болницата „Св. Еразмо” во Охрид

На денешната седница на Влада се донесе одлука за реконструкција и изградба на ново крило на болницата „Св. Еразмо ” – Костозглобна во Охрид, објави Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт, на неговиот фејсбук профил. Со денешната одлука предвидени се два милиони евра за оваа намена и со ова, напиша тој, исполнуваме уште едно […]