ВО НИШ ПОЧНАА ОТПУШТАЊАТА ОД СТРАНСКИТЕ КОМПАНИИ

Над 1.200 работници ќе бидат отпуштени од странските компании во Ниш, кои се најавени во периодот од два месеца годинава. По најавите за затворање на погонот на познатиот италијански бренд за облека „Бенетон“ во април без работа ќе останат 950 работници од вкупно 1.400 вработени, околу 300 вработени во компанијата „Џонсон електрик“ добиле предлог за […]
НАД 15.000 ЗЕМЈОТРЕСИ ВО РЕГИОНОТ НА САНТОРИНИ

Жителите на Санторини и околните острови поминаа релативно мирна ноќ во споредба со изминатите денови, со оглед на тоа што не беа регистрирани голем број земјотреси и имаше само два со јачина од 4,2 степени, додека пак за 15 дена во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос имало над 15.300 земјотреси, јави дописничката на МИА […]
Доделување на годишните награди на ДПМ за 2024 година

Во Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ) денеска напладне ќе се одржи доделување на традиционалните годишни награди за 2024 година. Добитник на наградата „Стале Попов“ за најдобро прозно дело е Жарко Кујунџиски за збирката раскази „Приказничар“, во издание на „Антолог“, а добитник на наградата „Ацо Шопов“ за најдобра поетска збирка е Иван Џепароски за збирката […]
Со зголемување на платите за 10 отсто дм дрогерие маркт уште еднаш ја потврди посветеноста кон грижата за своите вработени!

Новата 2025 година dm традиционално ја започнува со зголемување на платите на своите вработени, овој пат за 10 отсто. На овој начин, dm продолжува да ги подобрува условите за работа и да го наградува нивниот труд. Со оваа иницијатива dm уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон создавање на стабилно, мотивирачко и поттикнувачко работно опкружување, […]
Растот на цените на сировото кафе не покажува знаци на забавување! Во земјава цените на кафето сеуште се пониски во споредба со регионот

Рекордниот раст на цените на сировото кафе не покажува знаци на забавување на светските берзи, забележуваат аналитичарите. Тие предупредуваат дека тоа би можело да потрае со години, додека не закрепне производтсвото и понудата на еден од најтргуваните и најпосакуваните производи во светот. Моментално на берзите кафето има највисока цена во последните 50 години. Оваа тенденција […]
„ДОСЕГА ВО ФОРМИРАЊЕТО НА ЦЕНИТЕ НЕ СЕ МЕШАЛА НИТУ ЕДНА ВЛАДА“, реакција од трговците на големо и мало, кои бараат итна средба со Владата

Стопанска комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун бараат за итна средба со претставници од Влада, на која ќе се разгледува состојбите во врска со одлуката за ограничување на маржите на основните прехранбени продукти, детергентите и бебешката храна. – Со ваквата одлука, ние како трговци, ќе […]
Виртуелни годишни акционерски собранија: мит или реалност?

Дигитализацијата стана неизбежен дел од секојдневниот живот на луѓето во последниве декади. Несомнено дека овој процес не го одмина ниту корпоративното право. Дигитализацијата во секојдневното работење на акционерските друштва е евидентна во повеќе аспекти од работењето на друштвата, почнувајќи од самата постапка за регистрација на друштвото, одржувањето состаноци на органите на управување, објавување различни материјали […]
ГРАЃАНИТЕ НАЈБЕЗБЕДНО СЕ ЧУВСТВУВААТ ДОМА, ИСТРАЖУВАЊЕ НА МЦМС

Половина од граѓаните (50,3 отсто) се подготвени да посегнат по насилство за да ја заштитат безбедноста на нивното семејство, покажува истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) за перцепцијата на граѓаните за безбедноста, како личната, така и општо, во државата, по спроведената телефонска анкета на национален репрезентативен примерок од 1000 испитаници. – Вкупно 40,4 […]
За викендот облачно со краткотраен дожд

Времето утре и за викендот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и локална појава на краткотраен дожд. Утре ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4 степни, а максималната од 4 до 12 степени. Како што информира денеска […]
ПО 17 ГОДИНИ КОСОВЕЦ ОТКРИЕН ЗА КРАЖБА НА БАНКА ВО ГРЦИЈА

Странски државјанин кој се наоѓа во затвор во Франција е еден од сторителот на кражбата на банка во Атина во 2008 година, кога биле одземени над четири милиони евра, а случајот грчката полиција го расчисти по 17 години, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека за кражбата на филијалата на банка […]